Фабрика за железна руда - услов за да проработи Тајмиште

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Покрај најавата за повторно експлоатирање на железната руда кај Тајмиште по 15 години, геолозите и металурзите најавуваат отворање на неколку нови рудни окна за бакар, злато, железо и никел
Владата наметнува нови обврски за искористување на железната руда кај локалитетот Тајмиште, кај Зајас. Изградба на фабрика за преработка на железната руда и вработување на околу 1.000 луѓе во првите пет години е најновиот услов за заинтересираните инвеститори што сакаат да ги експлоатираат рудните богатства од Тајмиште.
Иако веќе една индиска, две турски и две домашни компании веќе подигнале тендерска документација за да станат концесионери на ова рудно наоѓалиште, Министерството за економија ја прекина постапката и почна нова. Со новите услови државата сака да се осигура дека концесионерот нема само да ја експлоатира и да ја извезува железната руда, која се проценува на околу 150 милиони тони.
„Владата одлучи да ја прекине постапката за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини и да почне нова, во согласност со која се воведуваат нови услови за инвеститорот. Обврска за идниот инвеститор е да изгради погон за преработка на рудите на железо, што ќе придонесе за отворање нови работни места, односно зголемување на бројот на вработени“, кусо објаснуваат од Министерството за економија...
http://www.kapital.mk/mk/makedonija...a_ruda_-_uslov_za_da_proraboti_tajmishte.aspx

Во последно време гледам многу заинтересираност за рудното богатство кое го имаме. Прво беше Алшар, Иловица, сега ова.
Ајде колеги кајганџии ваш коментар околу ова. Само да не бидат од типот позиција-опозиција.
Очекувам плодна дебата:)
 
Дај Боже да биде нешто од ова, Кичево ќе крене малку глава. Сега само РЕК Осломеј го држи градот.
 
А како планираат Тајмиште да го отворат,кога сега таму нема ништо,све е растурено,испокрадено,руинирано..прво треба дебело да се вложи,па после да почне со работа.
Иначе дајбоже да види аир работава..
 
А како планираат Тајмиште да го отворат,кога сега таму нема ништо,све е растурено,испокрадено,руинирано..прво треба дебело да се вложи,па после да почне со работа.
Иначе дајбоже да види аир работава..

Ќе го отворат на истиот начин како Саса и Тораница.Предност на Тајмиште, исто како и за ФЕНИ е и пругата од пред станицата Зајас директно до рудникот, која не е оштетена.И јас сум за подвлеченото, само не сфаќам зошто го затворија пред доста години (1996/7/8) со муабет дека немало доволно резерви и наводно одгледуваа печурки внатре :confused:
 
Ќе го отворат истиот начин како Саса и Тораница.Предност на Тајмиште е и пругата од пред станицата Зајас директно до рудникот, која не е оштетена.И јас сум за подвлеченото, само не сфаќам зошто го затворија пред доста години (1996/7/8) со муабет дека немало доволно резерви и наводно одгледуваа печурки внатре :confused:

Незнам што одгледувале ,ама баш пред некој ден слушнав муабет од човек рударски инженер, дека состојбата на терен била очајна.. па то све било соголено,од кабли за струја,бакар, до све што е железно..дури и бетонот од објектите бил кршен за да се извади железото.. така да тешко дека одма може да почне со работа,без претходно да се ревитализира инфраструктурата.
 
Тајмиште има сидерит и пироксени (силикатни руди на железото). Да се добие железо од сидерит е поедноставно отколку од сулфидните руди, така да ќе биде економски исплатливо. Овие пироксени пак имаат и ретки елементи кои на пазарот би достигнале максимална цена доколку згурата се обработува.
Незнам дали има податоци за елементарниот состав на рудата, ако некој може да најде нека пише.
Индустријата и науката ја движат економијата, полека ќе се освестиме...
 
ТУРСКИ КУРУМ ХОЛДИНГ ЌЕ ИСКОПУВА ЖЕЛЕЗНА РУДА ОД ТАЈМИШТЕ

Катерина Попоска

getImageThumbnail.axd
Според тендерот, инвеститорот ако сака да ја искористува рудата од Тајмиште, мора да отвори фабрика за преработка на железната руда и да вработи околу 1.000 луѓе во првите пет години. Курум холдинг најавил дека може веднаш да изгради не една, туку две фабрики за преработка на рудата.

Турскиот инвеститор Курум холдинг со понудени два милиони евра го доби тендерот за експлоатација на железна руда од Тајмиште, инвестиција за која се интересираа турска, норвешка, грчка и две македонски компании. Курум холдинг од Истанбул понудил највисока цена на тендерот за искористување на речиси 150 милиони тони квалитетна железна руда од Тајмиште, со обврска во првите три години да изгради и фабрика за преработка на рудата.
Министерот за економија Ваљон Сараќини најави дека турскиот инвеститор не ја исклучил можноста веднаш да почне со изградба на две фабрики за преработка на рудата. Според тендерските услови од Владата, инвеститорот ако сака да ја искористува рудата од Тајмиште, кај Зајас, мора да отвори фабрика за преработка на железната руда и да вработи околу 1.000 луѓе во првите пет години. Со ова, државата сака да се осигура дека концесионерот нема само да ја експлоатира и извезува железната руда.
150
милиони тони квалитетна железна руда најверојатно крие Тајмиште
“Услов во договорот ќе биде во рок од три години да биде изградена фабриката за обработка на железо. Доколку инвеститорот не успее во рок од три години да ја заврши фабриката, ќе му се активира банкарската гаранција, која треба да ја достави пред потпишувањето на договорот. Од компанијата планираат во првите 3-4 години да отворат 500 нови вработувања, но сметаат оти тој број ќе биде уште поголем доколку се отворат две фабрики, како што планираат со нивните анализи. Според првичните разговори кои ги имавме со турскиот инвеститор и според презентираното, во првите четири години најавија дека ќе инвестираат околу 100 милиони евра и ќе отворат 500 работни места. Сепак, останува тие податоци официјално да бидат соопштени кога ќе биде потпишан договорот“, изјави Сараќини.
Тој смета дека со ова Тајмиште ќе стане еден од најголемите рудници за експлоатација на железна руда во југоисточна Европа, од кој ќе профитира не само општина Кичево, туку и околните градови.
Владата пред месец и половина го поништи веќе распишаниот тендер за доделување концесија за искористување на железната руда од Тајмиште, наметнувајчи нови услови за инвеститорот - изградба на фабрика за преработка на рудата. Според тендерот, заинтересираните инвеститори за Тајмиште требаше да платат по 100 евра за тендерската документација и да одлучат дали сакаат не повеќе од 60 години да го искористуваат рудното богатство од Тајмиште. Последните податоци во јавноста се дека Тајмиште крие високо квалитетна железна руда, доволна за рудникот да работи во следните 150 години. Овој рудник не работи веќе 15 години.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija..._kje_iskopuva_zhelezna_ruda_od_tajmishte.aspx
 
А зашто го имат претходно затворено, знае некој, има некој инфо?
 
Инаку министерот за Економија рече дека влезот на турски Курум Холдинг е резултат на нивното Road Show во Турција, каде што меѓу другото биле претставени и нашите прирородни ресурси меѓе кој и овој капацитет. Сега пак ли ќе зборите дека нема резултатите од Road Show што ги правеше владава?
Некој во девесетите да правеше Road Show со истовремени економски и даночни реформи, денес ништо помалце од Чешка.Словачка и Словенија.
Секоја поголема инвестиција е за поздравување!
 
Турски Курум Холдинг понуди но не плати 2 милиони евра за Тајмиште

Тајмиште чека нов газда. Kурум холдинг од Истанбул, најдобриот понудувач на последниот владин тендер за инвестирање во рудникот не уплати 2 милиони евра во предвидениот рок.​

getImageThumbnail.axd

Сега треба да се распише нов тендер со нови услови и понуди. На последниот имаше шест пријавени, за во следните 30 години да експлатираат железо, да го преработуваат и да го продаваат на светските пазари.

Од инвеститорот и реактивирањето на рудникот многу очекуваа и кичевчани. Беше планирано да се се ангажираат повеќе стотина вработени а во експлатацијата и преработката на рудата да се вклучат и други кичевски фирми кои непосредно ќе бидат ангажирани во функционирањето на системот. Тајмиште располага со 150 милиони тони високо квалитетна железна руда.

Кичевските локални власти очекуваат тендер и за реактивирање на Стогово со можност за експлоатација на манган./З.М.​
 
А зашто го имат претходно затворено, знае некој, има некој инфо?

Жртва на транзицијата, како скоро сите фирми кој се затворија тоа време.
--- надополнето: 7 септември 2012 во 17:44 ---
Инаку министерот за Економија рече дека влезот на турски Курум Холдинг е резултат на нивното Road Show во Турција, каде што меѓу другото биле претставени и нашите прирородни ресурси меѓе кој и овој капацитет. Сега пак ли ќе зборите дека нема резултатите од Road Show што ги правеше владава?
Некој во девесетите да правеше Road Show со истовремени економски и даночни реформи, денес ништо помалце од Чешка.Словачка и Словенија.
Секоја поголема инвестиција е за поздравување!

Тоа е све во ред пошто не почнавме од нула туку со голем минус но сепак има уште многу за правејне во државата. Сега се радуваме што други ни го црпат природното богатство наместо само да го користиме, со тоа сакам да потенцирам на кое ниво дојдовме. Но јасно е дека треба да се подобрат уште многу услови за да бидеме актрактивна дестинација за инвестирајне, на пример инфраструктурата, корупцијата, судството, големата бирократија итн. Со подобрени услови овие роуд шоа ќе имаа многу поголем ефект.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=11754

Некако ми мириса оваа работа. Значи првите големи најави и тендерот прв беа неуспешен па сега вториов со многу ниски критериуми е успешен па дури поранешниот управител на рудниците го добил тендерот. Кај се странсиките интереснти кој беа големо најавувани? За 6000-7000 пак ќе работат ли по руднициве?
 
А зашто го имат претходно затворено, знае некој, има некој инфо?

Нерентабилно работење со тие машини во тоа време.21 век сме денес подобрена е технологијата пута три пати и нормално сега е време да се рестартира рудников.За овој рудник очекувам да се рестартира и општо тој крај Кичево да заживее доста е веќе отселување.
 
Инаку министерот за Економија рече дека влезот на турски Курум Холдинг е резултат на нивното Road Show во Турција, каде што меѓу другото биле претставени и нашите прирородни ресурси меѓе кој и овој капацитет. Сега пак ли ќе зборите дека нема резултатите од Road Show што ги правеше владава?
Некој во девесетите да правеше Road Show со истовремени економски и даночни реформи, денес ништо помалце од Чешка.Словачка и Словенија.
Секоја поголема инвестиција е за поздравување!

Некоја информација до кај е работава?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom