FA & Capital One Cup

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување
Сериозно бе ова?
Ја видов сликава на твитер и мислев се зезаат.
 
Па и не знам дали е оправдано поништен затоа што според мене е глупо такви минимални офсајди да се судат. Ако го види судијата на терен, браво, ама ако не го види не може да му се смета за грешна одлука кога буквално 2 сантиметри се во прашање.

Иначе за Смолинг не реков дека е пенал, не знам ни на кој дел од теренот се случило тоа. Само многу смешно поставена раката. Кога го пуштив стримот баш на тоа се погоди нешто коментаторите збореа дали е природна позиција, а него раката му е ептен глупо ставена пред глава. Чекав полувреме мислејќи дека ќе ја покажат целата ситуација, ама ништо од тоа, имаше поинтересни ствари :D
На Смолинг рацете еднаш не му биле кај што треба, којзнае свадба кога правел како му ја ставиле бурмата, него проблем беше што топката се одби од грбот на играч на Хадерсфилд, наеднаш смени правец и го мавна по рака а тој беше во близина.
 
Сериозно бе ова?
Ја видов сликава на твитер и мислев се зезаат.
Прво така пуштија, па после се исправија и рекоа дека според ова е донесена одлуката.

DWQfYqJXUAEjv8W.jpg


Пак, според мене ова не е очигледен офсајд кој би можел судијата на терен да го примети, па нема потреба да се гледа со некакви сомнителни технологии.
 
Мене па не ми смета што е поништен голот, чим веќе има технологија, ако има офсајд, нека ја тераат до крај :D
 
Мене па не ми смета што е поништен голот, чим веќе има технологија, ако има офсајд, нека ја тераат до крај :D
Нема шанси на долга стаза вака, со овој проблем се соочија најпрво во Италија. Првиот судија кој нема да поништи ваков гол (а ќе се јави таква ситуација) и ете ти проблем. Затоа е потребна мала флексибилност од овој аспект.
 
Мислам дека нема да заживее ова со ВАР. Споро е, скапо е, не може секоја лига да си го дозволи, плус пак не е сигурно.
 
Мора да реагираат само ако видат дека е очигледна грешка на судијата, а не да земат да гледаат влакната дали му се во офсајд, нешто што нема шанси судијата на терен во реално време да го примети :D
 
Покажаа сега исправни линии на БТ спорт и со коленото е во офсајд Мата. Лично убедување е ова ама мене па не ми смета што е поништен кога е веќе офсајд. Пак доаѓаме на муабетот мал, голем :D
 
Поразличен е овој ВАР од тој што се користи во Италија. Таму истиот судија оди на монитор и гледа репетиции, а овде ми изгледа како да има некое жири што ја носи одлуката во вакви моменти.

Е сега, ако се водат по дефинирани правила и регулативи и секогаш да биде исто, ни мене нема да ми смета тоа. Ама ако нема дефинирани правила и одлуката се носи врз 'убедување' како што беше и судиското, тогаш и ја ќе преминам на страната на тие што мислат дека нема потреба од ВАР.
 
Прво правило за ВАР треба да е...

"Ситуации кои подлежат на проверка се само оние во кои ќе се посомневаат судиите на терен."

Се' останато оди на штета на атрактивноста на фудбалот (вештачкото - ин, човечкото - аут).

Која глупост е за случка на терен да решава комисија на трибините, или пак во штабот на ФА (без тоа да го иницира судијата).
Во овој случај нема потреба од судии на терен - секое "инфо" нека оди преку разглас.
Смешки.
 
Последно уредено:
По прегледана снимка може да се забележи ситуацијава со Мата во многу повторувања и да се донесе одлука. Со оглед на поставеноста на линискиот судија се гледа дека има прегледност да донеси добра одлука.

Според мене ВАР треба да ги решава спорните ситуации кога судиите не се сигурни во своите одлуки со цел да не им се направи штета на некој од клубовите, како и кога играчите негодуваат некоја одлука за која подобро би било да се разгледа со снимка.

Вака пример со Мата според мене можеше да помини и без ВАР зошто е таква ситуација која гарантирам дека над 90% од судиите би ја поминале.

Подобро пример да имаше разгледување на снимката со раката на Смолинг отколку ваква ситуација.

Судиите, пред се линиските веќе во вакви ситуации ќе се навикнат да бараат снимки со што ќе се случуваат многу прекини и ќе се загуби во квалитетот на натпреварите.
 
Како не е спорна ситуацијата при офсајдот на Мата?
Во линија се двајцата играчи и секако дека е спорна од аспект на судијата бидејќи не може да биде сигурен дали е офсајд или не. Тоа е школски пример за спорна ситуација.
 
Како не е спорна ситуацијата при офсајдот на Мата?
Во линија се двајцата играчи и секако дека е спорна од аспект на судијата бидејќи не може да биде сигурен дали е офсајд или не. Тоа е школски пример за спорна ситуација.
Ако преглед на ситуацијата побарале судиите (главен или линиски) - во ред е, нека има преглед.
Ако прегледот го иницира "комисија од трибини" - не е во ред.
 
Ако преглед на ситуацијата побарале судиите (главен или линиски) - во ред е, нека има преглед.
Ако прегледот го иницира "комисија од трибини" - не е во ред.
Не иницира комисија, тоа јасно се гледа од грешката со Смолинг, што за мене беше чист пенал. Да иницираше комисија, ќе ја стопираа и тогаш играта, без разлика дали ќе досудеа пенал или не.

Според логиката на нештата, помош секогаш треба да бара главниот судија, ни помошниците не треба да имаат такво право, туку крајната одлука секогаш да е на главниот.

Мене ме изненади начинот на кој се дејствува. По ова што видов денес, ми се чини дека судијата бара а друг одлучува за спорот. Малце парадоксално е што главниот судија изгледа нема никаков удел во одлука што на крај он треба да ја донесе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom