FA & Capital One Cup

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување
Значи вака, ќе посочам пример со табела (ако вака заврши):

1. Челзи
2. Сити.
3. Ливерпул.
4. Арсенал.
5. Тотенхем.
6. Евертон
7. Јунајтед

Челзи, Сити и Ливерпул идат директно у ЛШ. Арсенал оди во квалификациони фази на ЛШ, освен ако Јунајтед не освои ЛШ пошто се под нив. Во тој случај Арсенал оди во ЛЕ.

Тотенхем дефинитивно оди во Лига Европа, тука нема дилема.

Евертон и Јунајтед се подложни на промена.

Ако победникот во ФА Купот е еден од Челзи, Сити, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем или Евертон, Јунајтед оди во ЛЕ. Ако победникот е под Јунајтед, да речеме Хал Сити, Јунајтед не оди нигде. Ако пак некој над Јунајтед победи, а Хал е второпласиран, пак Јунајтед не иде нигде пошто тука се гледа и второпласираниот.

Сега за победникот од Лига Купот (во случај некој под Јунајтед да освоил ФА куп). Ако победникот е некој над Евертон (во случајов тоа беше Сити), Евертон си го задржува местото во Лига Европа. Ако победник е некој под нив, тој оди во Лига Европа на местото на Евертон. Вториот од Лига Купот нема никакво значење.

Значи преку лига во ЛЕ би се пласирале Евертон и Јунајтед, само ако да речеме Арсенал освои ФА, а Сити освои Лига куп. Ако Хал освои ФА куп, а Сандерленд Лига Куп, Евертон и Јунајтед не одат во ЛЕ.

А во нашиов случај сега кога Сити освои Лига Куп, шестто пласираниот дефинитивно ќе оди во Лига Европа. Останува да видиме дали и седмо пласираниот ќе оди во ЛЕ, а тоа ќе се оствари само ако Арсенал или Сити освојат ФА куп. Long story short, ако фановите на Јунајтед сакаат да одат во ЛЕ (ако ја земаме табелава каок загарантиран завршеток, нормално далеку е од сигурно али ко пример земено е), треба да навиваат за Арсенал или Сити во ФА купот. Sucks to be you guys :P

Се надевам дека е јасно :)
 
Фактички за да влезе Манчестер како 7мо пласиран треба 2 од Евертон, Арсенал и Сити да се во финале. :) Ама навивачите на Манчестер не сакаат да играат Лига Европа, па слободно Виган нека го помочат Сити и сезонава. :P
 
Ја баш сакам да ве видам во ЛЕ :P
 
Моментот кога фанови на Јунајтед навиваат за Сити за да обезбедат место во ЛЕ.
 
Моментот кога фанови на Јунајтед навиваат за Сити за да обезбедат место во ЛЕ.

Фактички за да влезе Манчестер како 7мо пласиран треба 2 од Евертон, Арсенал и Сити да се во финале. :) Ама навивачите на Манчестер не сакаат да играат Лига Европа, па слободно Виган нека го помочат Сити и сезонава. :P

Момент шо да ти расправам.
 
Момент шо да ти расправам.
Фала ви за место плус во ЛЕ, I appreciate that.
LaieA_060.gif
 
Пошто нели, Христијан ги застапува ставовите на цел фан клуб на Јунајтед.
:facepalm:
 
Одлично, еден е еднакво на сите навивачи.
 
Па он не кажа сите фанови, кажа "фанови", неопределен број :P

Да кажеше "фановиТЕ", тогаш ќе беше дискутабилно :rolleyes:
 
Па он не кажа сите фанови, кажа "фанови", неопределен број :P

Да кажеше "фановиТЕ", тогаш ќе беше дискутабилно :rolleyes:

Викаш, исто како сега ја да кажам, фанови на Ливерпул се нискоинтелигентни суштества.
Не сум кажал фановите, не е дискутабилно вака. :pos:
 
Викаш, исто како сега ја да кажам, фанови на Ливерпул се нискоинтелигентни суштества.
Не сум кажал фановите, не е дискутабилно вака. :pos:
Тачно, пошто постојат фанови на Ливерпул кои се нискоинтелигентни суштества. Не е членувано што значи дека не е определен број, јасно е само дека се минимум двајца, максимум сите :D
 
Пелегрини во минатото изгледа многу сонувал да биде тренер на Јунајтед..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom