Ex Yu

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819

:place::place::place::place::place::place::place:

Баш такво чуство создава :place:[DOUBLEPOST=1452766437][/DOUBLEPOST]
Јас сакам да тебе да те прашам нешто.

Гледам дека се повеќе ликови кои се осврнале само на рок музика без разлика каков рок слуша кога ќе кажам еве јас во случајов дека од мали нозе сум по транс музика и кога ќе кажам дека обожавам да слушам и други музички жанрови на пример еве рок и кога ќе ги набројам тогаш ме гледаат ко да сум паднал од марс и добивам такво чуство ко да тие луѓе кои слушаат рок како да само за нив да им е наменета музиката и при тоа како да не дозволуваат друг да слуша музика а доколку слуша тогаш доаѓа тој е шупак слуша поп а врска нема што е рок.

Зошто е ова така?
Ако бараш да ти одговори некој шо се осврнал САМО на рок музика, тогаш не знам шо си ме цитирал, барај некој друг :D Пошто очигледно е мислам шо слушам и шо постирам. А можам да ти одговорам како човек кој слуша во неговиот живот најмногу рок музика со се сите правци покрај останатата музика :)

Мислам дека „проблемот" (не е проблем проблем зато и во наводници) лежи во тоа што лицата кои слушаат останати правци музика и кога ќе посакаат да слушаат рок, најчесто прибегуваат кон комерцијалните бендови, во кои голем дел се најдуваат елементи и на поп музиката пример, се со цел за да бидат допадливи кај поголема таргет група, да го прилагодат звукот за да можат да го продаваат. И јас не ги обвинувам толку лицата кои сакаат да слушаат рок музика зошто прибегнуваат кон такви бендови, бидејќи маркетингот на тие бендови, застапеноста по радио станици, социјални мрежи и ред други фактори си го прави своето да пуштат еден вид мамка и на јадицата да се фати некој нов фан плус.

И сега пример имаш истрчување на некој кој мн мн не е запознан-Абе брат јас слушам рок. Ти го прашуваш пример-Шо бендови? И тој ти вика-Па Токио Хотел, Уан Рипаблик, Линкин Парк, Слипнот и шо ти знам. И сега тој ако испослушал пример илијадници бендови, најчесто си зема за право да посочи-Абе види не се тие рок рок, имаш многу други поинтересни бендови, ако веќе си решил да слушаш рок. Е сега во та ситуација јас сум сретнал два вида соговорници-Дај ми тогаш музика да проушуркам и да се запознам оти ме интересира рок музиката, предложи бендови, а другиот лик е оној кој не сака да „му се соли памет" и некој поупатен да му продава приказни, па може да одбива сугестија и да го брани она кое го слушаш и да го величи, може да ги негира бендовите кои гислушал овој поупатениов и покрај тоа што нит ги знај нит ги слуша и ред други неодобрувања. И ок е то. Не е мерило некош квантитетот за квалитетот. А вкусот се гради дури е жив човек и се калеми, се тенчи со музика и само музика. Лошо е ако заглави во еден правец, ќе остане така апстиниран од многу други убавини кои ги нуди музичката магија :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom