Евтини авионски карти

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangaroo
  • Време на започнување Време на започнување
Еве сторија во врска со Ryanair има два дела па кој го интересира авијација може да го види.

http://goo.gl/mAO9P
 
Да прашам, еве гледам дека на Визз е укинато да се избира со што да платиш т.е. има еден трошок за плаќање, ми се чини 450 ден за повратна карта. Ме интересира на кој начин всушност се врши плаќањето? Со картица, преку банковен налог?

П.С. некој кој патувал со рајан да каже искуство? Ме плашат овие стории во врска со безбедноста, а планирам со нив да летам наскоро ...некој?
 
Опциите за плаќање се уште се исти како и порано, само што сумата не се разликува и не мораш да избереш уште на почеток. Порано се избираше на почетната страна за да нема скриени трошоци.
 
Тоа е класичен маркетинг кој се користи во секоја бранша. Негативности на конкуренција, позитивности на својата компанија. Рајан и Виз се буквално исти компании, ако не се лажам Рајан има и повеќе летови од нив, ист принцип како и секој нискобуџетен лет. Јас имам летано неколку пати, се е нормално, исто како и овие. Дури ги имаат и подобрите дестинации од виз со гаранција.
Не се плаши воопшто, виз играат доста прљаво маркентишки.
 
Easy there sis, не избрзувај со заклучоци, посебно со неосновани. Како некој да те влече за јазик да ги оцрнуваш Виз, а во случајов нема никаков повод.

Ниту има некаква кампања од Виз, ниту погоре спомнатите видеа се постирани од нив. Рајанер е отприлика 8-9 пати поголем, а структурата и начинот на работење на Виз се многу слични. Каква било кампања врз основа на оперативни карактеристики би била како сечење на гранката на која седиш.

Баш напротив, деновиве забележав smear campaign од страна на српската Управа за цивилна воздушна пловидба, со обвинувања во Блиц дека `некои си лоу кост компании биле забележани како летаат со гориво на граница на дозволеното`, а всушност станува збор за линии покриени од ЈАТ. Секако, вестите беа копи пејст пренесени од едно десетина наши портали без воошто да ја разберат статијата. Типично балканска работа, шалабајзерски и со ниско ниво на стандард.
 
Каде виде дека ги оцрнувам Виз како авиокомпанија?
Да не се сфаќаме погрешно и да бидеме реални, на темава имам прочитано само за Рајан статии кои ги плашат патниците, иако јас и ти знаеме дека е тоа чист маркетинг.
Како што кажа Рајан е многу поголем од Виз и на ден незнам по колку летови имаат насекаде. Сите некогаш имаат проблем, дали е Виз, дали е Рајан, дали е Туркиш, Јат или било кој може да се соочи со проблем.
Да не ги плашиме патниците на Рајан за џабе тоа е мојот коментар :)
 
Тоа е класичен маркетинг кој се користи во секоја бранша. Негативности на конкуренција, позитивности на својата компанија. Рајан и Виз се буквално исти компании, ако не се лажам Рајан има и повеќе летови од нив, ист принцип како и секој нискобуџетен лет. Јас имам летано неколку пати, се е нормално, исто како и овие. Дури ги имаат и подобрите дестинации од виз со гаранција.
Не се плаши воопшто, виз играат доста прљаво маркентишки.

Ryanair е поголем тие имаат флота од 275 Boeing 737-800 а како компанија се основани 1985 година така да логички е да имаат повеќе летови и се тоа :D Wizzair има флота од 39 авиони а како компанија постојат формално од 2004 година. Оваа година мислам дека треба да добијат уште 4 авиони ако веќе и не ги добиле. Гарант некој од тие стигнал бидејќи скоро имаше нови експанзии кон Добаи,Баку,Малта и слично. Технички Ryanair е во предност во поглед на дестинации и се тоа ама со 275 авиони кој неби. Ама со 39 авиони Wizz исто не котира лошо поготово кога еден од тие авиони е кај нас во база. Ryanair има 275 и ни еден не ни дава :P
 
Виз ќе продолжат вака добро да работат и ќе ги стигнат Рајан у флота. Ние сме секако во ќар и ни одговара да се зголемат. Нека дојде и Рајан кај нас, мене баш би ми било во корист. Бам до Рим една линија да не идеме до Солун :D
 
Ryanair имаат многу чудна политика..Еве гледаш дека никаде ги нема во EX YU простори. Земи го Белград за пример кој има многу поголем капацитет од нас и таму ги нема. Во Хрватска едвај влегоа со сила што се вика во Задар отворија база и тоа само за летен период. Таа инвестиција им беше околу 2 милиони евра. Незнам зошто се такви ама 6то сетило ми кажува дека нема баш да ги видиме навака у следните 3 години.Дај боже да сум во грешка :)
 
Со сила неможеме да ги натераме, кога сакаат нека дојдат, добре дојдени се. И за Изи бујрум :)
 
Опциите за плаќање се уште се исти како и порано, само што сумата не се разликува и не мораш да избереш уште на почеток. Порано се избираше на почетната страна за да нема скриени трошоци.

Значи сега со банковен налог или со картичка таксата е 450 денари од правец???
 
Да така е, такаса од 450 ден повратна карта колку што забележав

Камо среќа. Таксата е 7 евра во една насока.
Во секој случај, нема некое големо значење. Цената на билетот е таа што се гледа на почетната страница, останатото е само распределба на билетот во рамки на компанијата.
 
Ок штом така не загледав добро. Мене ме интересира зошто на распоред на летање ги нема цените на летовите како што беше тоа претходно, туку има само час на летање? Мислам дека би требало тоа да го вратите, сепак полесно можеше да се види на кои датуми има попристапни цени.
 
Се преработува системската структура на цените, затоа ги нема. План е да се вратат штом биде решено тоа прашање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom