Евтини авионски карти

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangaroo
  • Време на започнување Време на започнување
Знае. Преку Call Center, минимум 300 евра. Ако ти е за да ги одбегнеш повисоките трошоци за плаќање преку банка или кредитна, сметај дека тие погодности ќе ти траат уште едно недела дена. Потоа сите такси за процесирање ќе бидат консолидирани.

Значи сакам да купам карти за 8 луѓе, веќе имам Wizz Discount картичка, со која имам некој поволности меѓутоа сакам и ова да го искористам заради шо станува збор за сума над 300 евра, е сега прашањето е. Дали можам за 8 луѓе да платам и како преку Call center, тоа го видов само не знам како оди, ќе ми кажат сметка да уплатам или како?
 
Иначе имам слушнато дека ако разгледвите само цени без во тој момент да купвите карти на лоу-кост, користете инкогнито браузинг зошто серверот ја запамтвел ИП адресата и следен пат ак сакате да резервирате цените ќе се повисоки.

:D

Не е точно.
 
Ако ти е за да ги одбегнеш повисоките трошоци за плаќање преку банка или кредитна, сметај дека тие погодности ќе ти траат уште едно недела дена. Потоа сите такси за процесирање ќе бидат консолидирани.

Сакаш да кажеш дека наскоро нема да има разлика во плаќањето преку банковен налог или кредитна? Ќе има еден единствен трошок без разлика на начинот на плаќање?
 
Сакаш да кажеш дека наскоро нема да има разлика во плаќањето преку банковен налог или кредитна? Ќе има еден единствен трошок без разлика на начинот на плаќање?

Да.
 
Дечки ај кажете преку која компанија најефтино би ме чинел лет за во еден правец до Сиднеј?

И дали ако се резервира уште од сега ќе се избегнат зголемување на ценита на картите? Пошто ако кај нив е зима тогаш нормално е повеќе луѓе да летаат и цените да растат... нека ме исправи некој ако сум грешка.. поздрав
 
Авиокомпанијата WizzAir пушта од крајот на октомври летови Софија - Дубаи. и тоа повратен билет 300 лева- околу 9000 денари без такса за багаж. Членовите на Wizz Discount Club можат истиот повратен билет да го купат за 240 лева
http://www.dnes.bg/slideshow.php?mreporter&id=6674&pid=36698
 
Немам обичај да објавувам вести во врска со летови надвор од Македонија, но еве да се надоврзам - летови до Дубаи беа пуштени во продажба вчера од Софија, Киев, Букурешт и Будимпешта. Распоред на летови и најниска цена може да се најдат на линкот.
http://wizzair.com/en-GB/about_us/news/wizen163

Бонус: од денес до недела 20% попуст, денес за Wizz Discount Club, од утре до недела за сите.
 
Бидејќи е medium longhaul лет барем да имаше некаков мини entertainment систем...Или водата да не се наплаќа.Интересен потег на Визз, се чудам зошто веста за Визз и Дубаи се појави и во соопштението на Агенција за Цивилно Воздухопловство на Македонија...Изгледа па некој лош кафе муабет :)
 
Немам обичај да објавувам вести во врска со летови надвор од Македонија, но еве да се надоврзам - летови до Дубаи беа пуштени во продажба вчера од Софија, Киев, Букурешт и Будимпешта. Распоред на летови и најниска цена може да се најдат на линкот.
http://wizzair.com/en-GB/about_us/news/wizen163

Бонус: од денес до недела 20% попуст, денес за Wizz Discount Club, од утре до недела за сите.

Супер попустот, прво ги зголмуваат картите 30% и даваат 20% попуст
И не ми објасна во врска со најефтиниот начин како да купам 8 карти за Италија

P.S Пишува дека попустот е само 4ти април ќе биде продолжен до недела или не ?
 
P.S Пишува дека попустот е само 4ти април ќе биде продолжен до недела или не ?

Прочитај го уште еднаш постот на Tranquilis, одговорено е.
Денеска е попуст само за членовите во клубот, а од утре до недела и за тие кои не се членови.
 
Читам, имале ептен ефтини карти ако резервираш некој месец порано. Мене ми се погоди ептен брзо, па морав да земам повратна Скопје - Малме за 15,000. Што е сосем океј цена.

А овој аеродромов во Малме, е главниот, или некој помал?
 
Главниот аеродром во Малме, нема друг аеродром освен тој. http://www.swedavia.com/malmo/
 
Главниот аеродром во Малме, нема друг аеродром освен тој. http://www.swedavia.com/malmo/

‘‘Главниот‘‘ во Малме - веројатно мисли на аеродромот во Копенхаген :icon_mrgr:
Пред да почне Визер аеродромов во Малме беше скоро непознат.
 
Tranquilis, можиш да ми кажиш кој е поводов со попустиве на Wizz вака изненадно? Конкретно за FMM-SKP.
И до кога ќе траат попустите? Да знам дали да купувам карта одма или можи да почекам уште некој ден...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom