- Член од
- 4 ноември 2008
- Мислења
- 1.330
- Поени од реакции
- 80

На 16-ти Јули во Скопје започнува ЕП во кошарка (У20) во Б дивизија.
Играчите кои ќе ги бранат боите на Македонија на У20 ЕП се:
4. Марјан Тодоров, 188см, бек, Работнички
5. Владимир Диковски, 190, бек, Вардар
6. Марко Симоновски, 195, бек, Вардар
7. Димитар Петрушев, 188, бек, Вардар
8. Петар Апцев, 197, крило, Свисслион Пелистер
9. Атанас Манев, 190, бек, Фени Индустри
10. Ивица Димчевски, 194, крило, Вардар
11. Владимир Брчков, 200, крило, Торус
12. Бојан Крстевски, 207, центар, Вардар
13. Лазар Петров, 211, центар, Вардар
14. Мартин Талески, 202, центар, Вардар
15. Иван Нанчески, 195, бек, Свисслион Пелисер
Одлука на КФМ е влезот за натпреварите на ЕП да биде слободен, за што поголем број љубители на кошарката уживаат во натпреварите и ја бодрат селекцијата на Македонија. Натпреварите ќе се играат во двете сали, а комплетниот распоред и сатниците можат да се пронајдат на официјалната страница на првенството. Плакати и постери за првенството се поставени на најфреквентните места низ Скопје, а тимови од волонтери ќе делат флаери со информации за првенството низ скопските кафулиња и дискотеки.
Церемонијата на отворањето на првенството ќе се одржи на 16 Јули во 20:45 во големата сала на арената “Борис Трајковски“, а на гостите ќе им се обратат Генералниот Секретар на ФИБА Европа, Нар Занолин, претставници на КФМ и Агенцијата за млади и спорт, гостите ќе ги поздрави и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, а првенството ќе го прогласи за отворено Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
А група
1.Португалија
2.Грузија
3.Шведска
4.Луксембург
5.Словачка
Б група
1.Финска
2.Норвешка
3.Велика Британија
4.Полска
Ц група
1.Чешка
2.Холандија
3.Швајцарија
4.Романија
Д група
1.Унгарија
2.Австрија
3.Македонија
4.Бугарија
Да се надеваме дека нема да се посрамотат нашиве како девојките во Охрид.