Европско Првенство 2013 - Словенија | генерална тема |

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Има најави дека ќе атакуваат на медал на следното ЕП. Ќе видиме, има време до тогаш, а зависи и каков ќе им биде тимот. Ако остане Фратело, а ќе остане, имаат реални шанси за тоа.


Ќе видиме имаат млади играчи тие, можеби некој од нив ќе се развие во ѕвезда. Го имаат 5тиот пик од овогодинешниот драфт во НБА на пример Алекс Лен. Дечкото има огромен потенцијал, не играше на првенството заради повреда. Плус и домаќини се на следното првенство, затоа всушност и се силат за тогаш се подготвуваат.
 
Ќе видиме имаат млади играчи тие, можеби некој од нив ќе се развие во ѕвезда. Го имаат 5тиот пик од овогодинешниот драфт во НБА на пример Алекс Лен. Дечкото има огромен потенцијал, не играше на првенството заради повреда. Плус и домаќини се на следното првенство, затоа всушност и се силат за тогаш се подготвуваат.

Е да, за тој Лен не бев сигурен па затоа не го спомнав во мојот претходен пост. Затоа и се силат, имаат страшен селектор, НБА играч, домашна публика на своите плеќи, така да можеби и има смисла тоа што го најавуваат... Вака на прв поглед е нереално, али никогаш не вели никогаш...
 
Ајде да видиме како ќе одат полуфиналињата денес. Се надевам на добри натпревари.

Моја прогноза:
Литванија ќе ја победи Хрватска
Шпанија ќе ја победи Франција

Можеби е време Франција да ја победи Шпанија со оглед дека шпанците освен Гасол практично немаат високи играчи, ама сепак ми се чини дека Шпанија се разбуди и Паркер тешко ќе може сам да и се спротивстави.

А за Литванија - Хрватска, Литванците ми беа пик за изненадувачки шампион пред првенството и ќе се држам до тоа. Многу добра одбрана имаат кога ќе стегнат.
 
Го гледам првенствово и конечно сфатив што ни се случи нас. Ние уствари сме станале Европски шампиони во спаринг партнерство. Зошто? Ова е листата на тимови со кои игравме пријателски во подготовките:

Украина (5-6то место)
Словенија (5-6то место)
Хрватска x2 (полуфиналист)
Литванија (полуфиналист)
Шпанија x2 (полуфиналист)
Германија
Грција (топ 12)
Босна (за малку во топ 12)

Во превод, со 5 од 6те најдобри репрезентации на првенството игравме пријателски, со некои и по 2. Само Французите ни избегаа...

П.С. Интересно е и дека барем 2 од овие екипи во полуфиналето се екипи кои последни почнаа со подготовките и особено со пријателските од сите екипи на првенството (Хрватска и Шпанија). Нашата репрезентација се чини беше во екот на оној турнир во Улм (Германија).
 
Ми се кења од стручниов коментар на Лазовски.Инаку Томич е дрво на првенствово,а посебно денеска,им фалат неговите поени.
 
Ми се кења од стручниов коментар на Лазовски.Инаку Томич е дрво на првенствово,а посебно денеска,им фалат неговите поени.

Кога ќе ми текне дека овај беше селектор на можеби најважниот турнир за кошаркарската репрезентација. :facepalm:
 
Овој тандемов на Сител шо коментираат толку се тандем , што и двајцата зборат у исто време по 10тина секунди , секој со својата приказна. :facepalm:
 
Ги дупнаа хрвативе :confused:
Очајни се ептен во 3/4 и нз зш избрзуваат со удари за 3 ?
 
Каква лекција по кошарка им удираат Литванците на Хрватите тоа чудо едно. Барем засега.
 
Како си играат во континуитет. Отпаднаа во Литванија на домашен терен од нас, сега ќе играат во финале. Квалитетни се, многу.
Мислам дека ќе играат со Шпанија во финале, а со оваа Шпанија можат да се носат. Марк и Руди да се неутрализираат, не мора којзнае колку, затоа што и не може и ќе бидат шампиони. Барем јас навивам да бидат.
 
Е ова е екипиште. На почетокот загубија од Србија и од Босна и играа топло ладно. Прво мислам дека во ротација на првенство користеа 11 играчи. Второ без Американец се во тимот па видете сега кај сме ние а кај е Литванија. Во континуитет да не заборавиме играа Олимпијада лани, сега финале па догодина директно пласирани на СП и преку следна година на ЕП. Тоа што еднаш ги победивме ќе се памети вечно, ама не можеме ние со вакви екипишта. И Хрватска со години беше во врвот па имаше пад, сепак и тие се на едно високо рамниште заедно со Србите иако немаат резултати последниве години. Плус Шпанија, Франција па тука се и Словенците без Американец долги години во врвот.. Грците и Русите се распаднаа на првенствово овие првите па со доста искусен состав беа лесно елиминирани...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom