theMac3donian
Мак3донецот
Многу ми се смешни луѓево што од ракав тресат како сме на исто ниво со Хрватска и Црна Гора, а од Босна сме класа подобри... а Грција ослабена ќе биде лесен залак.
Добро бре мајку му, па ја гледате ли вие играта на Македонија?
Шут, шут, шут, шут, шут...
Никој никого не победува со шут.
Нема ништо воиграно, нема ништо изградено.
Денеска Хрватска на Србија им даде 30 коша изигрувајќи ги во рекетот, Црна Гора има робусни кошаркари под обрачите и игра доста солидна одбрана, Грците и покрај откажувањата сеуште ги имаат Фоцис, Бурусис, Зизис...
Од кај ви е оптимизмов немам појма!?
Од патриотизам и пуста надеж.
