Европско Првенство 2011 - Литванија (општи информации)

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Многу ми се смешни луѓево што од ракав тресат како сме на исто ниво со Хрватска и Црна Гора, а од Босна сме класа подобри... а Грција ослабена ќе биде лесен залак.

Добро бре мајку му, па ја гледате ли вие играта на Македонија?
Шут, шут, шут, шут, шут...
Никој никого не победува со шут.
Нема ништо воиграно, нема ништо изградено.

Денеска Хрватска на Србија им даде 30 коша изигрувајќи ги во рекетот, Црна Гора има робусни кошаркари под обрачите и игра доста солидна одбрана, Грците и покрај откажувањата сеуште ги имаат Фоцис, Бурусис, Зизис...
Од кај ви е оптимизмов немам појма!?
Од патриотизам и пуста надеж. :D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Точно, нас ни иде само коа ни трга шутот, еден пик ен рол не знаеме ко шо треба да изиграме, центрите ни шутираат тројки боље од бекови...
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Германија ги исцепи Србија и Турција во Измир без Дирк и Кејман.
Со Србите: Бензинг 12/4, Плис 9/7, Шафрцик 7 коша.
Со Турците: Плис 20/8, Бензинг 16/8, Шафрцик 15 коша.

Србите без Крстиќ и Теодосиќ, ама со Савановиќ, Перовиќ, Кешељ, Рашиќ и Мачван...
Турците без Ашик ама со Илјасова, Кантер и Туркоглу...

Плис е страшен талент, штета што ќе има мала минутажа бидејќи немциве се добро покриени на центар. Има 21 година и веќе е драфтуван во НБА, мислам дека во моментов Оклахома ги има правата врз него.
Бензинг може да игра добри минути на „тројка“, има одличен шут и добар влез.
Шафрцик изгледа ќе биде стартен плејмејкер, а петорката ќе ја дополни солидниот Хаман.

Германциве ќе бидат најпријатното изненададување на првенствово...
 
M

Mario Gómez

Гостин
Тоа го викам ја уште од кога. Бензинг посебно многу ме изненадува. А за Плеис знаев дека е добар.

И чудно сите се 88ма, таа генерација. :D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
нонтеизам, го заборави Типсаревиќ :)
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Ќе одлучуваме во меѓусебен дуел со босанците во последниот натпревар за 3-тото место кое води во понатамошниот дел од првенството.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
Ќе одлучуваме во меѓусебен дуел со босанците во последниот натпревар за 3-тото место кое води во понатамошниот дел од првенството.
Грција, Црна Гора, Хрватска, а ние баш со Босна ќе одлучуваме за трето место.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Имаме повеќе шанси против Црногорците отколку против Хрватите, но тоа не значи дека ќе биде лесно, со сегашнава форма и Босна дали ќе ја тепаме.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Со оваа игра што ја имаме, јас не ни мислам дека ние нешто ќе одлучуваме во нашата група. :D
И да имаме игра,знаеш ние пак оставаме на другите да одлучуваат за нас.(y)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Една победа само ќе имаме и тоа против некој од фаворитите.Кога веќе исаѓаме бар да зебеме некој. :)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Хрватска ја тепаше прееска Србија 83-71 во Лондон.Има добра екипа Хрватска,може ако малце им се посреќи конечно после долга пауза да земат некоја медаља.Томас,Бараќ,Томиќ,Жориќ,Драпер,Богдановиќ,Маркота се се тоа одлични европски играчи.Уште Укиќ да не се повредеше ќе имаа уште појак состав.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Хрватска ја тепаше прееска Србија 83-71 во Лондон.Има добра екипа Хрватска,може ако малце им се посреќи конечно после долга пауза да земат некоја медаља.Томас,Бараќ,Томиќ,Жориќ,Драпер,Богдановиќ,Маркота се се тоа одлични европски играчи.Уште Укиќ да не се повредеше ќе имаа уште појак состав.
Србија во полн состав играше или ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom