Европската Унија: "растур систем"

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо страшно поред мене, во ЕУ уште од поодамна имало случаеви каде што некој држави не сакале да прифатат некој договор, најдобар пример е Еврото, значи тоа е Европа со две брзини. Да ги прифатеја условите кој ги бараа Британците, ќе беше поголема штетата него што е сега без ними, сепак тие не се дел од Еврозоната. Ќе видиме што ќе испадне но Европа сигурно нема поскоро да се распадне, поред мене и воопшто нема.

Иначе интересни статии читам овде, ЕУ ја уништила Југославија која ќе била иначе конкуренција на ЕУ...абе ај доста со приказниве за распадот на Југославија кој беше во најголем дел од внатрешни причини.
 
Мене ме фрустрира што Европската унија се гледа како грозјето што го гледала лисицата.
Откако на сите им стана јасно дека за државава нема место во Европското друштво, почнаа да фрчат секакви апокалиптични теории дека ќе се распадне и дека е неодржлива.
јас сум непријател на европската унија долги години, ама од принцип ќе станам главен поддржувач на идејата за интеграција. Заради лицмерството.
оти бе не се јаде олку трици за НАТО, каде што Македонија е defacto член?

Не е точно. Мачкани се очи доста многу од страна на политичкиве партии, за евроинтеграциските односи и како се ќе биде розово кога ќе влеземе во Европската Унија.

Човек кога-тогаш, почнува да ги согледува работите такви какви што се. Во поголем или помал размер.

Не се работи толку за некаква реакција како продукт на лично разочарување во однос на ЕУ, туку се работи за перцепција, и кој колку ја има.

Ако си бил доволно време во тек со вестите на ТВ, евро-скептицизмот почна да расте уште пред да се случи глупоста неодамна со нејзините членки, туку откако се појави економскава криза. Објавено беше на повеќе медија портали.

Недамнешните настани и процеси само нагло и побрзо го започнаа растењето на евро-скептичната популација во Македонија.

Со оглед на фактот дека за ЕУ и како фунцкионира една држава во таа унија, знаеме само од она што ни е сервирано од нашиве политички партии, странските успеси (или неуспеси) како ЕУ членки, и од луѓе кои работат во некој орган од унифициранва ти Европа (и секако ќе посочат на неизбежни проблеми или глупости на кои можеме да наидеме ако се приклучиме, нели?), и нашиов народ сепак да покаже драстично намален интерес за прием во ЕУ, според мене , е за поздрав.

Замисли да знаевме за нивниот прљав веш? Да знаевме за сите костури кои се кријат во плакарите на создавачита унијата, заедно со нејзините претседавачи, и сите тие кои ја диктираат политиката, и соодветните правила на уредување? Тогаш веќе ќе си ги гледавме проблемите дома, кај нас, и веќе ќе бевме во процес на нивно решавање.

Немаше да се бориме да влеземе во некаков си елитен ВИП клуб на Европа. Сме биле супер без нив до сега, ќе продолжима да бидеме супер без нив и понатаму.

Басните за лисицата и грозјето употреби ги во контекст каде припаѓаат. Овдека навистина се out of place.

Што се однесува до нејзиното распање, повеќе и од очигледно е. Но за деталите зошто и како, потребна е посебна тема за дискутирање. Само смешно е што од "непријател" на ЕУ, од инает стануваш подржувач, заради некаков твој погрешен заклучок за народов во државава.

Грешка. Нашиот е прв геј премиер. Само нашиов јавно не се декларирал.
 
На дело е редефинирање на внатрешните односи во ЕУ, односно промена на Лисабонскиот договор и некои од Махстришките критериуми.

Теоријата за т.н.р. три прстени во кои има централен систем на држави, прва периферија и втора периферија е стара десетина години. Неа прв ја промовираше економистот Стиглиц, кој своевремено беше еден од шефовите на Светската Банка.

Самитот на ЕУ завчера бешe во врска со проширувањето на третиот прстен (Хрватска, Литванија, Летонија, Естонија- земји кои варираат со економските параметри).

Инаку Економист ги нарече настаните вчера "Голем европски развод".
Europe's great divorce

Dec 9th 2011, 8:03 by Charlemagne | BRUSSELS

http://www.economist.com/blogs/charlemagne/2011/12/britain-and-eu-summit

.
 
А Словениja и Хрватска немаха пазари? Тиja не беха от истото место?
Словенија ги изгуби пазарите и сега се мачи да преживее (сите словенци го бараат времето на Југославија) сега се само провинција на ЕУ, Хрватите немаат економија живеат од туризам, додека угостителските објекти над 50% (најубавите) се во сопственост на Германија (поради тоа што први ги признаа и им го дадоја старото оружје од ГДР за да се борат против србите) каде богатите германци ги трошат парите за годишен одмор.

Сега или Глигоров лаже или ти лажеш.
Не гледаш дека тој говор од луксембургскиот сељк е лицемерна изјава од типот ако успее реформата на Анте Марковиќ (реформата на Анте беше успешна за преод кон демократија) па кога видеа дека успева мораше да се насскаат народите кои до вчера беа браќа сега да се убиваат, впрочем многу обични луѓе дури и војниците на ЈНА не знаеја што се случува камо ли да се зборува за некаква омраза.
 
Словенија ги изгуби пазарите и сега се мачи да преживее (сите словенци го бараат времето на Југославија) сега се само провинција на ЕУ, Хрватите немаат економија живеат од туризам, додека угостителските објекти над 50% (најубавите) се во сопственост на Германија (поради тоа што први ги признаа и им го дадоја старото оружје од ГДР за да се борат против србите) каде богатите германци ги трошат парите за годишен одмор.
Ти веруваш во това што го пишуваш? Да во споредба со Косово, со СР или со РМ винаги е била побогата. Просто сега влезе во дружство каде има побогати от неja, но и таа се намира около средината на жизнениот стандарт во ЕУ. Словениja доби нови пазари. Ако направиш едно изтражуване,ке видиш,дека словенците наjмалце са jгосносталгичари.
Хрватите - туризмот не е гранка на икономиката? Това имат това произведуват - услуги.
 
Оф-топик ама морам.За европјанинот Фемчо.

На прашањето дали осамостојувањето ги исполнило нивните очекувања, од 470 испитаници, 65 проценти одговориле „не“, а 35 проценти дале позитивен одговор.
Меѓу анкетираните постари од 30 години на кои им било поставено прашањето дали се
живее подобро во самостојна Словенија или пред 20 години, речиси половината одговориле дека порано се живеело подобро.
Околу 80 проценти од анкетираните граѓани изјавиле дека социјалните права, особено работничките, во минатото биле поголеми.
Угледниот словенечки весник анкетата ја спроведе по повод 20 години од референдумот на
кој 95 проценти од граѓаните го дадоа својот глас за осамостојување и државна http://www.press24.mk/story/svet/slovencite-po-20-godini-zhalat-za-jugoslavija
 
Ти веруваш во това што го пишуваш? Да во споредба со Косово, со СР или со РМ винаги е била побогата. Просто сега влезе во дружство каде има побогати от неja, но и таа се намира около средината на жизнениот стандарт во ЕУ. Словениja доби нови пазари. Ако направиш едно изтражуване,ке видиш,дека словенците наjмалце са jгосносталгичари.
Хрватите - туризмот не е гранка на икономиката? Това имат това произведуват - услуги.

Без навреда, но многу ми сте смешни вие Бугарите како апологети на ЕУ. Веројатно чувствувате дека влезот во ЕУ ви е единствената светла точка во инаку не баш славната историја, и најголем политички успех на Бугарија воопшто, па евентуалниот крах на ЕУ го доживувате како крај на светот...

;)
 
Фактот што Британија тукушто се изолира од континентална Европа е најдобрата можна вест за Американската надворешна политика уште од нормализацијата на односите со Кина во времето на Никсон.

Сега Британците неможат да одбијат ништо што ќе им наметне Америка затоа што со последново вето веќе ги немаат Франција и Германија како безбедносна мрежа на која би се наслониле.

Благодарение на Дејв Камерон.
 
Ти веруваш во това што го пишуваш? Да во споредба со Косово, со СР или со РМ винаги е била побогата. Просто сега влезе во дружство каде има побогати от неja, но и таа се намира около средината на жизнениот стандарт во ЕУ. Словениja доби нови пазари. Ако направиш едно изтражуване,ке видиш,дека словенците наjмалце са jгосносталгичари.
Хрватите - туризмот не е гранка на икономиката? Това имат това произведуват - услуги.
Не разбираш, словенската економија во Југославија беше неразделна со сите републики, голем дел од нивните производи беа произведени низ цела Југославија а беа само склопени во Словенија, сега тие фабрики се затворени па мора словенецот да се снаоѓа, квалитетот на словенските стоки ни од далеку не е истиот со тој што беше за време на Југославија, сега западните стоки се поконкурентни како цена и квалитет.
 
Имаш ти Фемчо синдром,ама не на младоста.
Не потече бре овде со твоите про-Еу просеравања.Упорно браниш нешто што смрди.Не се секирајте де таму во Бугарија.Не е страшно и да се распадне ЕУ.Тука са Русите.

Него еден совет.Поуживајте си во "ценостите и семејството като преди 1945",оти не знаеш што носи иднината.
 
Не разбираш, словенската економија во Југославија беше неразделна со сите републики, голем дел од нивните производи беа произведени низ цела Југославија а беа само склопени во Словенија, сега тие фабрики се затворени па мора словенецот да се снаоѓа, квалитетот на словенските стоки ни од далеку не е истиот со тој што беше за време на Југославија, сега западните стоки се поконкурентни како цена и квалитет.
Ова врска нема, производите им се квалитетни затоа и ги продаваат во Германија, ние бевме и тогаш и си останавме суровинска база, инаку жалат за Југославија поради социјалната сигурност и 100% вработеност.
 
Добро бе квалитетни се ајде.
 
Имаш ти Фемчо синдром,ама не на младоста.
Не потече бре овде со твоите про-Еу просеравања.Упорно браниш нешто што смрди.Не се секирајте де таму во Бугарија.Не е страшно и да се распадне ЕУ.Тука са Русите..
Како да не се секира, проклетството пак им се повторува.... кај Бугарија пристапила тоа неминовно се распаѓало...:cool:
На фми тоа му го реков пред некоја година..не ми веруваше...тогаш..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom