Мене ме фрустрира што Европската унија се гледа како грозјето што го гледала лисицата.
Откако на сите им стана јасно дека за државава нема место во Европското друштво, почнаа да фрчат секакви апокалиптични теории дека ќе се распадне и дека е неодржлива.
јас сум непријател на европската унија долги години, ама од принцип ќе станам главен поддржувач на идејата за интеграција. Заради лицмерството.
оти бе не се јаде олку трици за НАТО, каде што Македонија е defacto член?
Не е точно. Мачкани се очи доста многу од страна на политичкиве партии, за евроинтеграциските односи и како се ќе биде розово кога ќе влеземе во Европската Унија.
Човек кога-тогаш, почнува да ги согледува работите такви какви што се. Во поголем или помал размер.
Не се работи толку за некаква реакција како продукт на лично разочарување во однос на ЕУ, туку се работи за перцепција, и кој колку ја има.
Ако си бил доволно време во тек со вестите на ТВ, евро-скептицизмот почна да расте уште пред да се случи глупоста неодамна со нејзините членки, туку откако се појави економскава криза. Објавено беше на повеќе медија портали.
Недамнешните настани и процеси само нагло и побрзо го започнаа растењето на евро-скептичната популација во Македонија.
Со оглед на фактот дека за ЕУ и како фунцкионира една држава во таа унија, знаеме само од она што ни е сервирано од нашиве политички партии, странските успеси (или неуспеси) како ЕУ членки, и од луѓе кои работат во некој орган од унифициранва ти Европа (и секако ќе посочат на неизбежни проблеми или глупости на кои можеме да наидеме ако се приклучиме, нели?), и нашиов народ сепак да покаже драстично намален интерес за прием во ЕУ, според мене , е за поздрав.
Замисли да знаевме за нивниот прљав веш? Да знаевме за сите костури кои се кријат во плакарите на создавачита унијата, заедно со нејзините претседавачи, и сите тие кои ја диктираат политиката, и соодветните правила на уредување? Тогаш веќе ќе си ги гледавме проблемите дома, кај нас, и веќе ќе бевме во процес на нивно решавање.
Немаше да се бориме да влеземе во некаков си елитен ВИП клуб на Европа. Сме биле супер без нив до сега, ќе продолжима да бидеме супер без нив и понатаму.
Басните за лисицата и грозјето употреби ги во контекст каде припаѓаат. Овдека навистина се out of place.
Што се однесува до нејзиното распање, повеќе и од очигледно е. Но за деталите зошто и како, потребна е посебна тема за дискутирање. Само смешно е што од "непријател" на ЕУ, од инает стануваш подржувач, заради некаков твој погрешен заклучок за народов во државава.
Грешка. Нашиот е прв геј премиер. Само нашиов јавно не се декларирал.