Донекаде се сложувам со горенапишаното ама само донекаде. Затоа шо не го спомна најголемиот проблем на Европа кој го предизвикаа левицата и либерлите или поточно кажано платениците. А тоа е масовнота миграција од разноразни вукојебини.
Се слагам дека е проблем, али не дека е најголем и дека изворот се либералите во ЕУ. Проблемот со миграција постои поради воени интервенции и континуирана дестабилизација на Блиски Исток примарно од САД, али делумно и ЕУ (нема везе со левичари или либерали во Брисел, ниту со конзервативци во Унгарија). 30+ години војни во Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, најчесто од конзервативни влади на САД, али и од либерални (од Буш и Блер, до Обама и Трамп), истиот нема везе со дневна политика во ЕУ, него е светска геополитика.
Мигрантскиот бран ја ниша Европа, тоа е факт, носи до раст на ултра-десничарски движења што се со анти-ЕУ сентимент (така почна Брегзит, иако и после Брегзит, Британија продолжи да зголемува број на мигранти под конзервативни влади). Зошто дестабилизација и зошто сега?
ЕУ долги години сакаше да води своја независна политика,
двоење од НАТО со своја армија, да биде независна воено, политички и економски од остатокот од светските мега-блокови (Кина и САД примарно, али и Русија). Мигрантскиот бран, а и моменталната енергетска криза (поради војните на БИ и војната во Украина) ја става ЕУ под притисок и буди анти-ЕУ сентимент. Ако анти-ЕУ ултра-десничарските струи дојдат на власт, добри се шансите да ја фрагментираат Европа на помали ентитети. Наместо 27 членки да преговараат со САД, Русија, Кина како еден ентитет (со своја независна економија, нуклеарен капацитет), секоја членка ќе преговара билатерално со САД, Кина и Русија. Колку тоа ќе им иде во прилог на членките, пример Финска да преговара со САД или Латвија, наместо ЕУ? Мое мислење е дека не им е во интерес да се дезинтегрираат. Во интерес им е да се унитарни и дури и да имаат анти-мигрантски сентимент и политика, во ред, али да настапуваат како единствен суверен, не како 27 мали држави.
Не спомна како огромни суми на пари се оделуваат за да истите тие мигранти да бидат на товар на државата. Мислиш дека тие работат нешто или живеат од социјална помош и криминал?Во Унгарија немаш таков проблем жените во Унгарија се далеку побезбедни него во Бирминген на пример. Ај погоди зошто!?
Е проблем, не негирам, некои сегменти од мигрантите се интегрираат успешно, некои се штетни за Европа. По мене, утре и да ги снема сите мигранти од Европа, истата нема да стане економски конкурентна, ниту фабриките ќе и се подобрат во однос на Кина, Јапонија или земји во развој, ниту пак ќе и се подобри демографска слика. ЕУ плаче за економски реформи и поголема внатрешна унитарност.