Единствен спас гледам во преземање на владате во поголемите европски држави од страна на десницата. Ама можда веќе и тоа е прекасно.
Еве во Унгарија има десница со години, Австрија, Грција има десница, Британија до 2024 (14 години) беше водена од партии од десно, доста примери има во рамки на ЕУ од држави водени од десно, па стагнираат со години (исто како што и држави водени од левичари тапкаат во место). ЕУ не страда ради политики од лево/десно него ради губење на пазарна конкурентност и надворешен фактор (војна меѓу Украина и Русија).
Европа старее, што значи економски државните трошоци ќе одат нагоре додека продуктивноста на компаниите ќе движи надолу (споредено со други земји кој го немаат овој проблем). Второ, што е поважно, конкуренција од земји во развој. Ако Кина може да произведе феноменална електрична кола за 15.000$ (пошто работна сила во Кина е поевтина и добиваат државни субвенции), зошто некој би купувал Волво или Волксваген што е 35.000$ (пошто платите во Европа и генерално трошоци се доста повисоки, ради тоа и производите се поскапи). Ако маица произведена во Британија е 30$ a 2$ во Бангладеш, нормално, никој нема да купува маици од Британија. Во таков амбиент, кога производството движи напред во земји во развој Европа (па и САД до некаде) стануваат многу помалку конкурентни со цени и квалитет. За крај, војната во Украина ги направи енергенсите скапи и веќе која и да е година по ред, и успорува економски раст. За ЕУ да стане пак економска велесила, треба да биде прво енергетски независна и второ, безбедносно да има свој суверенитет. Трет услов е пазарот да се менува. Ирелевантно е дали некој е на лево, десно, или центар, на ЕУ и фали динамичен пазар (инвестиции во технологија, R&D, пожив пазар на труд, помала нееднаквост).
ЕУ има силна индустриска база, феноменално образование, еден од највисоки животни стандарди во свет, проблемот е што економски губи конкурентност. Ова нема везе ни со либерални, ни со конзервативни политики, туку е повеќе околу тоа како пазарот е уреден.