Европа: Северот против југот

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Должничката криза во Европа се’ повеќе ја апострофира поделбата меѓу богатиот север и сиромашниот југ на континентот. Иако така изгледа на прв поглед, сепак нештата не се толку едноставни.
И пред избивањето на кризата, статистичарите на Европската унија редовно утврдуваа дека меѓу 27-те членки на Унијата постојат големи разлики во куповната моќ на граѓаните.
Веќе со децении важи правилото: на северот живеат богатите, а на југот посиромашните. По влегувањето на поранешните комунистички држави во ЕУ, се појави и разлика меѓу истокот и западот.
Најголема куповна моќ имаат жителите на Луксембург: 271 отсто во однос на просекот на ЕУ. Италија и Шпанија бележат околу 100 проценти и се наоѓаат на средината на табелата. Најсиромашни се Романија и Бугарија со 46, односно 44 проценти.
Поделбата на богати и сиромашни не се промени ни за време на оваа криза. Финансиска помош досега бараа земјите од југот како Грција и Португалија. Куповната моќ на нивните граѓани изнесува меѓу 80 и 90 отсто од просекот. Но, куповната моќ на жителите на Ирска, земја која исто така доби милијарди евра кредити помош, изнесува околу 128 проценти. Тоа е повеќе и од просекот на Германија, земја која најмногу учествува во помошта за државите во криза. Во овој случај очигледно не важи правилото за разликите меѓу северот и југот. Презадолженоста очигледно нема врска со богатството и сиромаштијата. Таа е последица на финансиските и буџетски политики на одредена држава.
Заеднички и поединечни долгови

0,,15934637_402,00.jpg

Вистинската поделба во рамките на Унијата денес е меѓу оние држави кои сакаат поединечните долгови да станат заеднички и оние кои тоа го одбиваат, смета поранешниот белгиски премиер Ги Ферхофштат. Германија, Финска и Холандија се трите последни членки на еврозоната кои се противат на издавањето на заедничките евро-обврзници. За Ферхофштат тоа е суштинското прашање.
„Врз тоа прашање всушност се прекршува иднината на ЕУ како таква. Секој кој малку подобро ги анализирал случувањата доаѓа до заклучок дека еврото може да преживее и дека кризата може да биде надмината само доколку се создаде целосна даночна, економска и политичка унија. Во тоа се вклучени и заедничките обврзници“.
Економскиот историчар Албрехт Риштл смета дека е погрешно уверувањето дека северноевропските држави знаат подобро да располагаат со парите во однос на земјите од југот. Во интернет-изданието на магазинот „Шпигел“ тој истакнува дека, историски погледнато, Германија е „кралица на долговите“ и потсетува дека во минатиот век токму Германија доживеала два незапаметени државни банкроти.

Северно и јужно евро?

0,,16031590_402,00.jpg

Марио Монти
Тие разлики во економската сила во рамките на ЕУ го наведоа поранешниот претседател на Сојузот на германската индустрија Ханс-Олаф Хенкел да предложи воведување на „северно евро“ за економски силните држави северно од Алпите, и „јужно евро“ за останатите земји.
„Денес на сите економисти, и не само ним, мора да им е јасно дека еврото за северните држави е преслабо, а за јужните пресилно. Тоа е според мое мислење неразумна програма за поттикнување на германскиот извоз. Доколку ние имаме релативно голем извоз поради слабото евро, сметката на крајот мораат да ја платат даночните обврзници и нивните деца на југот на ЕУ. Тоа е лудо“, вели Хенкел.
Богатите членки на ЕУ со децении уплаќаат милијарди во фондовите за помош на развојот на сиромашните држави. Израмнувањето на стопанската моќ на членките е една од главните задачи на ЕУ. Досега тоа начело на солидарност не се доведуваше под прашање, иако оние кои плаќаат и оние кои ја примаат помошта секогаш одново се расправаа за буџетот.
Италијанскиот премиер Марио Монти неделава во интервју изрази жалење поради повторното појавување на предрасудите меѓу северот и југот.
„Тоа е многу вознемирувачки и тоа мораме одлучно да го сузбиеме. Сигурен сум дека мнозинството Германци инстинктивно ги симпатизира Италијаните, како што и Италијаните им се воодушевуваат на Германците за нивните бројни квалитети“, заклучи Монти.
http://www.dw.de/dw/article/0,,16157863,00.html
http://www.dw.de/dw/article/0,,16158076,00.html
 
Фрапантни податоци....
Ако најбогатиот Луксембург има 271 одсто, а најсиромашната Бугарија 44 одсто. тогаш односот помеѓу нив е:
Луксембург : Бугарија = 271 : 44 = 6,16
Што значи дека граѓаните на Луксембург се повеќе од 6 пати просечно побогати од граѓаните на Бугарија.
И двете Земји се членки на Унијата...
Не знам колкава е разликата меѓу Луксембург и некоја друга сиромашна земја од Африка или Азија. Веројатно е таа разлика уште по изразена...
Денешниов Свет е голема неправда. И тие што живеат во Бугарија или во некоја сиромашна земја на Азија или Африка се припадници на Човечкиот род. Нема било какво оправдување за вака големи разлики и што е најстрашно тие разлики имаат тенденција на зголемување.
 
Абсолутно не е допустливо долговите да станат заеднички и некои држава да трошат,а други да плакjaт.
--- надополнето: 10 август 2012 во 21:03 ---

Малце или многу стандартот на живот е функциja на икономиката. Државите от източниот блок имаха тежки проблеми со икономиките си докато преминат от планова и неефективна икономика ком пазарна и поефективна.
 
Според моето мислење, планското стопанство има многу предности, така да твоите ставови ги примам со резерва...
 
Фрапантни податоци....
Ако најбогатиот Луксембург има 271 одсто, а најсиромашната Бугарија 44 одсто. тогаш односот помеѓу нив е:
Луксембург : Бугарија = 271 : 44 = 6,16
Што значи дека граѓаните на Луксембург се повеќе од 6 пати просечно побогати од граѓаните на Бугарија.
И двете Земји се членки на Унијата...
Не знам колкава е разликата меѓу Луксембург и некоја друга сиромашна земја од Африка или Азија. Веројатно е таа разлика уште по изразена...
Денешниов Свет е голема неправда. И тие што живеат во Бугарија или во некоја сиромашна земја на Азија или Африка се припадници на Човечкиот род. Нема било какво оправдување за вака големи разлики и што е најстрашно тие разлики имаат тенденција на зголемување.
Се согласувам со поентата што сакаш да ја искажеш само би додал дека Луксембург не е баш најдобар пример за споредба.
 
Има една изрека од бивша Југославија,"Што јужније,то тужније",која изгледа не важи само за бивша Југославија туку и за цела Европа
 
Фрапантни податоци....
Ако најбогатиот Луксембург има 271 одсто, а најсиромашната Бугарија 44 одсто. тогаш односот помеѓу нив е:
Луксембург : Бугарија = 271 : 44 = 6,16
Што значи дека граѓаните на Луксембург се повеќе од 6 пати просечно побогати од граѓаните на Бугарија.
И двете Земји се членки на Унијата...
Не знам колкава е разликата меѓу Луксембург и некоја друга сиромашна земја од Африка или Азија. Веројатно е таа разлика уште по изразена...
Денешниов Свет е голема неправда. И тие што живеат во Бугарија или во некоја сиромашна земја на Азија или Африка се припадници на Човечкиот род. Нема било какво оправдување за вака големи разлики и што е најстрашно тие разлики имаат тенденција на зголемување.
ЕЕЕЕеееее....ако сите сме луѓе тогаш зошто некој се раѓаат како богати а некој како сиромашни,некој се среќни а некој несреќни... :):):):)
Кога збориме за држава нејзината благосостојба најверојатно зависи од менталитетот на народот и располагањето со природни рсурси,економски,воени....
Секој народ сам си го бира кралот :):):)
 
Според моето мислење, планското стопанство има многу предности, така да твоите ставови ги примам со резерва...
Но има и многу минуси. Планова икономика не е добра за мали држави, во големите држави може да има, но и тамо е контраверзно колко е добро.
 
Back
На врв Bottom