Евробаскет 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата orthodoxMK
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои Евробаскетот 2022?


  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Член од
18 декември 2019
Мислења
600
Поени од реакции
1.666
EuroBasket 2022.svg

Евробаскет 2022 започнува за 20 дена и ветува дека ќе биде еден од најсилните турнири по долго време. Европејците никогаш не биле подоминантни во светската кошарка и речиси сите НБА играчи прифатиле да учествуваат.

Турнирот ќе се игра во четири земји, Чешка, Грузија, Германија и Италија и сите домаќини беа директно квалификувани, додека останатите 20 репрезентации изборија место преку регуларните квалификации. Црна Гора не се квалификуваше, но го зазема местото на Русија, бидејќи имаше најдобар учинок од сите селекции кои не се квалификуваа. Многу неправедно за Македонија која беше во истата група со Русија, но се знае дека никогаш нема да имаме таква среќа. :D

Словенија е бранител на титулата од 2017 година, а според светските обложувалници втор фаворит за освојување на турнирот, веднаш зад Србија. Меѓу фаворитите се и Грција и Франција, а како први аутсајдери се водат Шпанија и Литванија.

Неколку интересни детали:
• 5 од 6 земји од поранешна Југославија се дел од турнирот
• МВП-то на НБА, Никола Јокиќ, повторно ќе заигра за Србија
• 4-те браќа Адетокунбо ќе играат за Грција (Јанис, Танасис, Костас и Алекс)
• Босна и Херцеговина имаат финансиски проблеми и нивното учество сѐ уште е неизвесно

Екипите се поделени во 4 групи по 6 екипи, а најдобрите 4 ќе се пласираат во осминафинале. Групата А вкрстува со Б, а Ц со Д.

Група А (Тбилиси, Грузија):
1660237895106.png Шпанија
1660237948170.png Црна Гора
1660237952224.png Турција
1660237955858.png Грузија
1660237959459.png Белгија
1660237963166.png Бугарија

Група Б (Келн, Германија):
1660238140125.png Франција
1660238144481.png Литванија
1660238149065.png Словенија
1660238153370.png Германија
1660238158441.png Унгарија
1660238163309.png Босна и Херцеговина

Група Ц (Милано, Италија):
1660238203665.png Грција
1660238208197.png Италија
1660238212587.png Хрватска
1660238217059.png Украина
1660238223270.png Велика Британија
1660238228705.png Естонија

Група Д (Прага, Чешка):
1660238283720.png Србија
1660238287360.png Чешка
23px-Flag_of_Poland.svg.png
Полска
23px-Flag_of_Finland.svg.png
Финска
21px-Flag_of_Israel.svg.png
Израел
23px-Flag_of_the_Netherlands.svg.png
Холандија
 
Не можам да ги поднесам овие европски натпреварувања (во секој спорт) кои се поделени во повеќе држави (кои не се соседни). Го губи шмекот некако натпреварувањето.

Во однос на репрезентациите, ми изгледа како да ќе биде многу слабо првенство, иако сите НБА ѕвезди ќе играат за своите репрезентации.
 
Во однос на репрезентациите, ми изгледа како да ќе биде многу слабо првенство, иако сите НБА ѕвезди ќе играат за своите репрезентации.
Напротив јас би рекол дека ќе биде едно од подобрите првенства и самите играчи тоа го најавуваат.
 
14.20 /Бих - Унгарија
17.05 /Словенија - Литванија
20.05 /Франција - Германија

директно на спорт клуб 1
другите три утакмици ќе одат на ртс и ртцг, па за тоа не одат во пренос на спорт клуб.
 
Линкче од стрим?

што време дојде за кој било спорт да бараме стрим. Ти ебам и СК и Арена, да Бог да пропали.
 
Срамота ќе беше да изгубеа од Унгарија реално, а губеа во одредени делови од утакмицата.

п.с. Сте слушнале некогаш за некој унгарски кошаркар?
 
Срамота ќе беше да изгубеа од Унгарија реално, а губеа во одредени делови од утакмицата.

п.с. Сте слушнале некогаш за некој унгарски кошаркар
?
Да.
 
Primer Hanga i Vojvoda

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
Многу познати играчи. Посебно овој Војвода што не мрднал од унгарска лига.

Уште да ми кажете дека Бугарија е кошаркарска сила зашто некој си таму Чавдар што играше во Работнички им е капитен и најјак играч.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom