EВН и се' е можно

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Оф мори мајко, што им текнало преку куќниот совет да земаат пари, може па ќе ги добијат некогаш, ццц...
Што се однесува до EVN, и јас имам проблем, при менувањето на стариот со ново броило погрешно ја запишале последната состојба на старото броило, се разбира запишале повисока вредност. И првата сметка со ново броило, беше WOW :) И сега два-три месеци уште не ја одбиваат вредноста иако се им беше докажано како што треба. Да беше обратен случај ќе земаа камата, идиоти. Штета што и државата не им може ништо.
 
12 кривични пријави во РЕК Битола

Пеце Стефановски Коментари (1)
prazno.gif
prazno.gif
13.07.2010 14:15
rek-bitola.jpg

РЕК Битола подолго време е сардисан од битолската полиција, која откри големи злоупотреби од повеќе раководители и одговорни лица.
Денеска, против дванаесет поранешни и сегашни директори и раководители во Термолелктраната, рудникот за јаглен „Суводол“ и во комерцијалната служба, заработија кривични пријави заради злоупотреба на службената положба и овластување, оштетувајќи ги државните електрани за над седум милиони евра.
„Дванаесетмината пријавени, во текот на 2008 година, користејќи ги своите тогашни одговорни функции на различни позиции во РЕК, спротивно проектираните вредности за услуги од работна рака за ремонт на постројки во термоелектрани во Битола, како и спротивно на интерните акти, односно двете известувања што РЕК Битола ги доставила на 8 јануари 2008 и на 26 јуни 2008 година, за број на извршители и број на работни часови, потпишувале фактури за надворешни правни лица, со кои, исплатените финансиски средства ги надминале проектираните“, рече на денешниот прес м-р Ѓоко Стрезовски, портпарол ан СВР Битола.
Оваа мандра се одвивала во неколку сектори на РЕК. Така,во термоелектраните, двата директори потпишале 72 фактури на повеќе фирми во вредност од 450 милиони денари, иако услугите за ремонтите не смееле да бидат поголеми од 195 милиони денари, а со уште 86 фактури рапидно се зголемиле работните саати на надворешните извршители.
Спротивно на договорените проекции, истото го направиле и првите луѓе во комерцијалната служба со вкупно потпишани 326 фактури. Во истиот период од 2008 година, директорот на рудникот „Суводол“ потпишал 258 фактури.
Од државните електрани велат дека целосно соработуваат за овој случај со надлежните институции, а реакциите на политичката опозиција се дека овој случај излезе на виделина само поради меѓусебни пресметки во владејачката партија и дека злоупотребите се многу поголеми.

Извор.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Моментално нема допирна точка со ЕВН ама иста фирма беа до пред некое време. Моето прашање е за ова ли се зголемува цената на струјата последниве неколку години, финансираме проневери во милионски суми од кои глава боли.....
 
по се изгледа дека убав дел од од парите идат во тој правец... ние плаќаме за други по џебови да трпаат... на здравје нека ни е
 
Стратува масовна акција за исклучување на неплаќачите на струја, дознава Сител. ЕВН Македонија ги пуштила сите расположливи екипи на терен и исклучуваат и дење и ноќе.

Според извори од компанијата, дневно се исклучуваат по 3000 корисници. Без струја ќе останат сите кои должат и многу и малку, со неплатени стари долгови но и со една сметка.

Од ЕВН не потврдуваат, ниту негираат дека се работи за масовна акција. Но велат дека никој нив не ги чека да платат кога купуваат струја.
- ова се редовни активности и ова за евн е не баш популарна но е крајната мерка законски дозволена за да се наплати долгот кој го имаат корисниците. Ние мораме да ги заштитиме и корисниците кои редовно плаќаат и системот воопшто , бидејќи законот важи буквално за сите и сите оние кои не ги расчистиле своите сметки мора да го направат тоа, вели Атанас Ковачевски-портпарол на ЕВН Македонија.

Покрај исклучувањето продолжува акцијата и против кражбите на струја. Според последните податоци од компанијата, во првите 4 месеци од годинава фатени се 3100 крадци. Краделе домаќинства но и фирми. Направиле штета од 4,5 милиони евра.

Сега сите ќе заработат кривична пријава, а ќе треба да платат и паушален надоместок од 3 до 20 000 евра, а не се исклучува и казна затвор.

ЕВН ангажирале и дополнителни адвокатски канцеларии за да ја забрзаат постапката.

Марина Доковска

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/masovno-iskluchuvanje-na-neplakachite-na-struja

Екипите на ЕВН ако имаат муда нека одат во Тетово, Арачиново, Чаир, Велешта, Гостивар.
 
Идат и ваму да прават зулуми, немај гајле ;)
 
Идат и ваму да прават зулуми, немај гајле ;)
Aбе идат и во твое Тетово, ама идат да исклучуваат само во македонски фамилии. Но воопшто не исклучуваат на Албански фамилии. Бидејќи ќе им се соберат цела мала со Калашникови...
 
Back
На врв Bottom