Еве го сведокот за атентатот на Глигоров

  • Креатор на темата Креатор на темата Viktor22
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 јули 2008
Мислења
88
Поени од реакции
1
„Деновиве дојде кај мене едно лице што сега работи во компанија надвор од полиција и ми се претстави како поранешен полицаец од државна безбедност, вработен за време на атентатот на претседателот Киро Глигоров во Седмата управа за следење“, пишува Љубомир Фрчковски во денешната колумна на „Дневник“.
- Фино! Професоре, јас сум тој службеник во МВР кој ја сликаше фотографијата на наводниот германски турист пред Бристол, на кој се гледа паркираниот „Ами 8“, ден пред атентатот. Еден од државна ми рече да сликам, како што сликаме куп фотки секој ден, не ми објаснуваше зошто и јас сликав, ги предадов фотките и негативите нему и заборавив.
Кога се појави таа фотка во весници со објаснение дека е направена од некој Германец, па нашиве уште пратиле екипа да го бара во Германија заедно со нивното БНД, се здрвив! Кај ќе го најдат во Германија, кога тој „Германец“ е овде. Напишав за тоа белешка до повисоките инстанци, која подоцна исчезна. Сега ја нема во документите за атентатот.
- Професоре, тие што ми наредија ги знам по име и презиме, тој што го купи „Ами-то“ од фотороботот го знам, тој е службеник на ДБК и мој колега, кој се издаде дека купил „ами“ за негов братучед од Алексинац. Тој тоа го призна пред мене. Тоа е спец-акција на ДБК, се знае кој ја наредува и се знае без чие знаење може да се нареди.
frckovski-intervju.jpg
Љубомир Фрчковски, поранешен министер за внатрешни работи
Оваа приказна, драги мои, пишува Љубомир Фрчковски, може да се нарече СВЕДОК, сведокот што долго го чекавме.
Сега има приказната очевидец, сведок од прва рака. Го упатив на обвинителството, бидејќи јас не можам ништо особено да сторам освен да ви ја приопштам приказнава.
Ќе видиме како „локалниов хорор“ ќе се развива и дали баналноста на злото што живее околу нас и ни се смее в лице ќе продолжи така?
Станува јасно зошто странскиве служби немале многу информации за атентатот.
Секој здив што го дишат оние што се учесници однатре во овој мрачен акт на себепорекнување во Македонија, секој нивни здив неказнет - е навреда за сите нас.
nikola-gruevski6.jpg
Груевски: Не го коментирам Фрчковски
Имаме ли сила да си се погледнеме в огледало и да кажеме што ќе видиме таму. Тоа е конститутивен акт на себевтемелување.
Мораме да го расчистиме ова за себе и за следните генерации македонски граѓани, ја завршува својата колумна Љубомир Фрчковски во весникот „Дневник“.
Груевски без коментар
Премиерот Груевски денеска пред новинарите, кои побараа коментар на темата „Сведок“, со одговор - не го коментирам Фрчковски.
 
и што сега не разбирам, ВМРО го нарачала тогаш атентатот?
 
не....тогаш тајната полиција била под капа на власта (СДСМ)

нели..полицаецот што го купил амито за роднината..демек тој бил го оставил таму....
 
и што сега не разбирам, ВМРО го нарачала тогаш атентатот?

Киро си го нарачал сам,само како и секогаш работите излегле малку од контрола,што често се случува во Македонија.
 
Не ВМРО бе, Груевски лично. Тој уствари бил на сликата како не разбираш.
 
... Кога се појави таа фотка во весници со објаснение дека е направена од некој Германец, па нашиве уште пратиле екипа да го бара во Германија заедно со нивното БНД, се здрвив! Кај ќе го најдат во Германија, кога тој „Германец“ е овде. Напишав за тоа белешка до повисоките инстанци, која подоцна исчезна. Сега ја нема во документите за атентатот. ...

Овој Фрчко е несалам со тапија, кој тоа нашите пратиле екипа, па тој лично беше министер за внатрешни во тоа време. Значи сам ја пратил екипата и ги пропуштил доказите шо му биле пред нос.:uvo:
 
И едно прашање кое се наметнува самото по себе, што ќе се случи со досегашните “осомничени“ во конструкциите на СДС?

Бугарската „Мултигруп“, Братиславската врска, Албанската мафија, Српските воени разузнавачи...хах испарија со последнава изјава од Фрчколеску.
 
кој ке ти каже...:toe::toe::toe::toe:


инаку и вмро го обвинија фрчко за тоа....дека он бил министер за внатрешни работи и така да....сепак он го нашол сведокот мора да се сослуша...:D
 
Мене ова ме изненади
„Доколку сепак Фрчкоски и натаму одлучи да продолжи да се забавува со вака сериозна тема, Министерството за внатрешни работи ќе упати и официјална покана за вршење на службен разговор со него“, додаде Котевски.
Ко да сакаат да го заќутат :toe:
 
ne znam sto go otvorija ova dosie sega , nekolku dena pred ova pustaat baloni za site politicari nad koi se izvrseni atentati , denes na frcko so mu e , ne znam . poslednive nekolku dena samo za toa se kenja.
 
е ако де...човекот сакал и он да биде ПАК во центар на вниманието...па мора нешо да каже..ако не е така како што вика он...ке му поднесат тужба..итн итн итн...и пак ке го јаде стапот...


времето ке покаже
 
Кхм...кој беше во тоа време директор на ДБК?

Добри Величковски беше шеф на македонската тајна служба помеѓу 95-та и 98-ма за време на атентатот врз Гигоров, Величковски почина пред 2 години.

Величковски беше спомнуван како главен разузнавачки актер во аферата „Сина птица“ во раните 90-ти, кога беа следени и прислушувани членови на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.
 
ne znam sto go otvorija ova dosie sega , nekolku dena pred ova pustaat baloni za site politicari nad koi se izvrseni atentati , denes na frcko so mu e , ne znam . poslednive nekolku dena samo za toa se kenja.

се е договорена работа.... само за да се замаи народов од еден куп држави кои веќе го повлекуваат признавањето со цел да се издејствува притисок врз Македонија за промена на името.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom