Euroleague на А2

  • Креатор на темата Креатор на темата Radical Boy
  • Време на започнување Време на започнување
МАКЕДОНСКИ КЛУБОВИ ВО ЕВРОЛИГАТА?:uvo:

Цело коло за македонските екипи во Евролигата. По Реал Мадрид, Авелино на Заре Марковски, како и Унион олимпија каде прв играч е Владо Илиевски.
Токму Илиевски е трагичарот на екипата од „Тиволи“, која стигна, надомести дефицит од дури 21 поен во дуелот со Тау Керамика. Но, на крајот остана пократка за еден поен (90:91).
Нашиот репрезентативен бек имаше шанса за целосен пресврт. Но во последните 2.7 секунди со шут “надвор од баланс“ не успеа да го погоди кошот на “керамичарите“ и да стане вистински јунак на љубљаничани.
Претходно Илиевски одигра нецели 35 минути во кои реализираше 15 поени со сосема солидна реализација (3/5 за еден, 3/5 за два и 2/5 за три поени), како и четири асистенции, еден скок и три загубени топки за 14 индекс поени.
Еир Авелино беше на прагот на вистинска катастрофа на гостувањето во Тел Авив, но на крајот четата на Заре Марковски се избори за нормален пораз во дуелот со Макаби (83:90). Втор по ред на двете тешки гостувања за Авелино на стартот од Евролигата.
“Макаби одигра со висок интензитет во одбраната, особено о првите минути од второто полувреме кога изградија висока предност. Ние одигравме две добри четвртини, но тоа не е доволно за победа. Се обидовме да дадеме се од себе во текот на 40 минути. Но Макаби има подлабока клупа и огромна поддршка од своите фанови, што се причини за големата разлика“ - коментираше нашиот стручњак по мечот во “Нокиа Арената“ во која се собраа 11.000 гледачи.

„Спорт“
од кога почнаа да играт и македонски екипи :kesa::pos2:
 
Знам дека ќе ја даваат партизан-армани само не знам дали денес или утре.
 
Топ е тоа ќе е еќе интересно инаку иако сум за реал,цска се прејаки за сите во групата.
Реал никогаш не се отпишува:)И ако ги мразам многу,добра екипа се...Ако изгубија од Партизан...Па во Пиноир паѓале и Панатинакос и уште мн.. други.:)
 
Ако пренесуваат пренос,нека пренесуваат а не да се зафркаваат со сите нас,ЛоЛ !
 
Тепаше Партизан во уште една одлична претстава.... Дома да ги тепаат сите и една на гости и можат комотно да одат во втора рунда...Одлична екипа имаат иако секоја година се соочуваат со распродажба...А иначе не знам дали пренесуваа гадовиве,јас оваа на РТС ја глеав...
 
Најаки екипи оваа година во евролига според мене се Панатинаикос Олимпиакос и Цска Москава а после нив следуваат Сиена Барселона и Тау.....Додека останатите екипи се изедначени по квалитет.
 
Тепаше Партизан во уште една одлична претстава.... Дома да ги тепаат сите и една на гости и можат комотно да одат во втора рунда...Одлична екипа имаат иако секоја година се соочуваат со распродажба...А иначе не знам дали пренесуваа гадовиве,јас оваа на РТС ја глеав...
Пренесуваа,ама не личеше на пренос,никаква слика,никаков тон !Не знаев дека ја даваат на РТС,иначе ќе гледам на РТС.:toe:
 
ЦСКА?..а пренос...на тв или сателитска да знаете..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom