ЕУРО 2020 - Група Д (Англија, Хрватска, Шкотска, Чешка)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе се пласираат во нокаут фазата?

  • Вкупно гласачи
    46
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Нема зошто да се плашат од Португалците и Германците, поквалитетни и подобри се Англичаните. Да имаа подобар тренер, ќе речев и подобри се и од Французите, ама што е тука е.
Историја и традиција, знаеш Англичаните колку се луди по тоа.

СП 2010 - пораз од Германија
СП 2006 - пораз од Португалија
ЕУРО 2004 - пораз од Португалија
ЕУРО 2000 - излегуваат во групна фаза од Португалија и Романија (од Португалија губат 3-2 после водство од 2-0)
ЕУРО 1996 - пораз од Германија
СП 1990 - пораз од Германија

Во целиот овој период мислам дека немаат никаква победа против некоја од овие 2 репрезентации на едно големо натпреварување.
 
Нема зошто да се плашат од Португалците и Германците, поквалитетни и подобри се Англичаните. Да имаа подобар тренер, ќе речев и подобри се и од Французите, ама што е тука е.
Демек играчки споредбено се боље од французите ама само проблемот е до Саутгејт?

Како бе вакви работи пишувате. Па само Кејн би влегол у прва постава кај Франција.
 
Демек играчки споредбено се боље од французите ама само проблемот е до Саутгејт?

Како бе вакви работи пишувате. Па само Кејн би влегол у прва постава кај Франција.

Види ја клупата на Франција и клупата на Англија. Висам Бен Једер, телето Дембеле и Томас Лемар ќе им помешаат картите на противниците ? Да не зборам за најголемиот дебил во фудбалот претставен во Кимпембе + комбинацијата од Рабиот и Погба.

Сериозни дупки има системот на Французите, многу простор оставаат Погба, Рабиот, Гризман и Мбапе. Ја ти гарантирам дека просечен тим составен од Мурињо има 3-0 да ги тепа. Едино Канте вади вонсериски напори за да им ги чисти гомната на другите, инаку би биле 50% послаби.

Веројатно повторно ќе освојат Французите и се со право фаворити, но се далеку од совршени.Лев примети дупки, но не ги искористи. Штета што Англичаните имаат мизерен тренер, има Ферари а му е страв во втора брзина да го стави. А квалитетна генерација имаат, комотно може секаква тактика да имплементира со нив, но ете - за најлошата се фати.

ПС: Португалија ме интересира како ќе се покажат, послаби се во одбрана но можат да им помешаат картите на Франција.Се разбира, ако издржи одбраната, а со Маџарите бааги нестабилни беа Диас и Пепе.

ППС: Најмалку 4 енглези би се прошетале без проблем во први 11 кај Французите, но тоа за друго утре.
 
Демек играчки споредбено се боље од французите ама само проблемот е до Саутгејт?

Како бе вакви работи пишувате. Па само Кејн би влегол у прва постава кај Франција.

Прво да кажам, мн безвезе ми се вакви компарации "овој ќе влезе во оваа репка, оној нема во онаа".
Ама, не би се согласил со твојата теза. Имаат играчи како Рабио, Кимпембе, Павард па и Ернандез каде што ќе можат некои Енглези да им го земат местото. Не викам СИТЕ од овие 4ца, ама пак.
Стоунс - Кимпембе.
Чилвел - Ернандез.
Вокер/Трипиер - Павард.
За Рабио барем 3ца може да му земат место.

Ако стриктно и строго ги цениме играчите по изминатава сезона на клубски план.

Англија делува многу лошо против екипи кои се на хартија послаби од нив и кои играат спор, организиран фудбал. Дури и нивните противници ги неутрализираат со тоа што цело време го успоруваат темпото. Очигледно дека тоа е "Beating England 101" на тактички план. Едноставно не знаат да играат против "модерно катенаџо" и спори (со умисла) противници.
Мислам дека пример со некоја high-tempo репрезентација како Холандија, Германија па и Белгија, оваа репрезентација на Англија, поради тоа што имаат 6 топ квалитет крила и офанзивни везни играчи, би можеле да бидат екстремно опасни.
 
Околу играчите имам уште неколку за додавање, но да не избегаме од темата.

Нема противник на папир, има проблем Саутгејт у главата - единствениот противник на Англија. Од кого ќе се плаши, од Че Адамс, Дајкс и Донел? Ако е таква работата, нека пакува куферите - сигурно од Тимо Вернер ги пуни гаќите, а да не збориме за другите ѕвезди.

Да ги имаш Стерлинг, Фоден, Моунт, Грилиш, Рашфорд, Санчо и да немаш никаков опасен напад, брза транзиција или контра, веруј брате не е до играчите, се покажале повеќе пати низ годиниве и тоа на секакви сцени. Сами да ги пуштиш, има да искомбинираат нешто опасно.

Едноставно е, тренерот е много конзервативен и форсира play it safe стратегија. Ќе ја шутираат наоколу топката со надеж дека евентуално некако ќе дојде до некој што во моментот му прднало да направи нешто. Се чека индивидуалност, иако и таа е ограничена. Ниеден ризичен потег не видов од никого изминативе 3 натпревари (Аврстија пријателска, Хрватска и Шкотска - минатите првенства ќе му ги заборавиме). Само Стерлинг има слобода да дрибла, но не премногу.

Играш против Шкотска, која 100% ќе се брани и ќе брка на контри - типот излага со Филипс и Рајс на дупли пивот, мислиш против Меси, Роналдо и Мбапе ќе игра. Најкреативните играчи во репрезентацијата од минатите сезони - Грилиш и Санчо изиграле вкупно пола саат, и тоа само Грилиш. Фоден е супер играч, ама има ред пред него. Стерлинг е во лоша форма некое време, дуплиот пивот итн.
 
Види ја клупата на Франција и клупата на Англија. Висам Бен Једер, телето Дембеле и Томас Лемар ќе им помешаат картите на противниците ? Да не зборам за најголемиот дебил во фудбалот претставен во Кимпембе + комбинацијата од Рабиот и Погба.
Како бе така најголем дебил го прогласи Кимпембе а си фан на екипа со играчи како Вокер, Стоунс и Мегваер.
Погба за Франција и Погба за Манчестер се небо и земја разлика.

Јес да имаат добра генерација англичаните, и јас ги фалев пред првенствово ама полека малце со епитети ферари и слично. Сеуште ништо посебно немаат изиграно за да се величат така, од тоа величење ко што праат англиските весници изгореа многу генерации.

Ништо посебен фактор у фудбалов сеуште не се игрчаи како Грилиш, Фоден, Маунт, Рашфорд, Чилвел, Филипс, Санчо, Рајс. Само што почнаа да играат фудбал. Уште ништо спектакуларно немаат покажано на клупски план а не па на репрезентативен.

Може и е до тренерот, не викам не, може и местат.. ама како ги возат квалификациите ондак, со максимален учинок. Како на СП стигнаа до полуфинале ако не се лажам.
Прво да кажам, мн безвезе ми се вакви компарации "овој ќе влезе во оваа репка, оној нема во онаа".
Ама, не би се согласил со твојата теза. Имаат играчи како Рабио, Кимпембе, Павард па и Ернандез каде што ќе можат некои Енглези да им го земат местото. Не викам СИТЕ од овие 4ца, ама пак.
Стоунс - Кимпембе.
Чилвел - Ернандез.
Вокер/Трипиер - Павард.
За Рабио барем 3ца може да му земат место.
Да бе знам, тапа компарации се тоа и не држат вода нешто особено.

Зашто толку ги потценувате Ернандез и Павард не знам, јес да се штопери или подефанзивно настроени бекови ама и тоа како добро функционираат у Франција. Поготово Павард. Не би се согласил дека било кој англиски бек би играл пред него.

Ај за Стоунс би прифатил мада пре Мегваер би играл неголи ова водно суштество. Како бе се лажете дека Стоунс е добар играч, ве излажаа тие 5-6 месеци сезонава изгледа.

За Ернандез не можам да коментирам за сезонава, ама па ни Чилвел не беше кујзне колку сјаен.

Рабио не е ништо полош играч од Рајс и Филипс.

Знам дека глуп муабет напраивме и нема да се докажеме никад со вакви измени и постави ама многу некако се потцени Франција, затоа највеќе изреагирав. Најбитно кај нив е што сите играчи функционираат у системот, Дешамп ги има уиграно и напраи тим што е најсилен у свет последниве неколку години.

Англичаните тек треба да се уиграваат и напредуваат, уште ништо посебно немаат напраено за да се величат толку, да не се повторувам од првиот цитат. Секако дека за тоа треба и добар тренер, јасно.
 
Пикфорд
Џејмс Стоунс Мегваер Шо
Рајс Филипс
Санчо Моунт Грилиш
Кејн

Ова е најдобар состав што може да го извади Англија во моментов и со кој може да се носи против било кој на европското.

Каков црн Стерлинг, каков Фоден. Всушност, каков Саутгејт.
 
Оваа генерација на Англија може да игра далеку подобар и подиректен фудбал од она што го изиграа минативе 2 меча. Кејн 2 меча по ред е играч со најмалку допири по меч.

Шокантно ми е како игра Стерлинг пред Грилиш на пример, особено што првиот е во многу лоша форма, и го загуби местото и во Сити.

Овој Саутегејт е таква патарушка со претумбацииве, што сами ке се исфрлат од првенството. При Шо и Чилвел здрави, фатил Трипие да го игра лев бек??? Санчо и Белингам вкупно имаат 8 минути изиграни...

Навивам за Англичаните, ама тренерот моментално им е најголема лабилност.
 
Порано се чудев какви ликови стигнале да играат за екипи како Реал или Барселона, сега се чудам какви ликови стигнале да бидат менаџери на врвни екипи или селектори на репрезентации.

И да, ќе заборавев, Хрватска ќе ја добие Шкотска, дури и со Далич.
 
Оваа генерација на Англија може да игра далеку подобар и подиректен фудбал од она што го изиграа минативе 2 меча. Кејн 2 меча по ред е играч со најмалку допири по меч.

Шокантно ми е како игра Стерлинг пред Грилиш на пример, особено што првиот е во многу лоша форма, и го загуби местото и во Сити.

Овој Саутегејт е таква патарушка со претумбацииве, што сами ке се исфрлат од првенството. При Шо и Чилвел здрави, фатил Трипие да го игра лев бек??? Санчо и Белингам вкупно имаат 8 минути изиграни...

Навивам за Англичаните, ама тренерот моментално им е најголема лабилност.
Па ете вчера Шо играше и пак истата игра. Не е до тоа што Трипие игра лев бек, туку се гледа дека Саутгејт нема никаков план. На прошлото ЕП имаше идеја, со тројца стопери и ја нулираше несмасната одбрана, а со винг вековите создаваше вишок на крила. Сега проба да смени на 4-4-2 и заглави.
 
Па да, ама сеуште му играа Стерлинг и Фоден откако и првата утакмица ја добија на мускули.

И самиот си забележал дека Маунт имаше бајаги време да се намести и да му даде топки во празно на Стерлинг заради тоа што Шо влече играчи на себе.

Ке видиме сега со оправен Мегваер што му е планот да игра во поглед на формација, зошто вака не иде. Таа 3-5-2 им го донесе оној успех претходно.
 
Нив и на СП не дека им беше нешто добра играта, скоро истото го играа. Само изненадија од прекини. Го достигна Саутгејт врвот со тоа и требаше да го сменат. Ја заврши работата за која беше донесен, да внесе хармонија. Сега веќе не им треба таков тренер.
 
Како бе да не игра Фоден покрај онаква сезона во Сити? Арни ли сте? Не знам Хендерсон у какво стање е ама за Рајс и Филипс е Марадона и не знам кај кур тргнал Саутгејт со двајца копачи да игра. Еве ќе видите дека ништо нема да направат умрениве и дека ќе испаднат од првата посериозна репрезентација. Не е дека немаат добар тим ама Саутгејт е обичен куртон.

И не знам зошто толку ја потценувате Франција, Мбапе е подобар само од сите англиски играчи на куп. На страна тоа, глупа споредба секако, Франција како колектив е јака зашо Дешамп си има добитна формула и си фура со неа.

П. С. Ставро, кур ќе тепа Хрватска со Шкотска, не им се игра на Хрвативе нешто се дешава у екипа, тотално незаинтересирани се. Ова е за 50 класи послаба игра во однос на СП 2018, всушност не е ни игра, влечење на терен е. 13 км повеќе истрчале Чесите, ТРИНАЕСЕТ! Прв пат гледам волкава разлика во професионален фудбал.
 
@Stefan-kobe Фоден не е десно крило кај што го форсира Саугејт. Требаше да допрецизирам. Затоа и учинок нула.

Од друга страна, на клупа имаш природно десно крило. И што направи Саутегејт? Го вади Фоден, го пушта Рашфорд на десно крило, кој во Манчестер на таа позиција има 0 асистенции и 0 голови.

Стварно не можам да го разберам ова мешетарење на позиции. Да им беше Пеп тренер на Англија, не би ми било чудно. Се надевам дека е само почетно експериментирање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom