Види ја клупата на Франција и клупата на Англија. Висам Бен Једер, телето Дембеле и Томас Лемар ќе им помешаат картите на противниците ? Да не зборам за најголемиот дебил во фудбалот претставен во Кимпембе + комбинацијата од Рабиот и Погба.
Како бе така најголем дебил го прогласи Кимпембе а си фан на екипа со играчи како Вокер, Стоунс и Мегваер.
Погба за Франција и Погба за Манчестер се небо и земја разлика.
Јес да имаат добра генерација англичаните, и јас ги фалев пред првенствово ама полека малце со епитети ферари и слично. Сеуште ништо посебно немаат изиграно за да се величат така, од тоа величење ко што праат англиските весници изгореа многу генерации.
Ништо посебен фактор у фудбалов сеуште не се игрчаи како Грилиш, Фоден, Маунт, Рашфорд, Чилвел, Филипс, Санчо, Рајс. Само што почнаа да играат фудбал. Уште ништо спектакуларно немаат покажано на клупски план а не па на репрезентативен.
Може и е до тренерот, не викам не, може и местат.. ама како ги возат квалификациите ондак, со максимален учинок. Како на СП стигнаа до полуфинале ако не се лажам.
Прво да кажам, мн безвезе ми се вакви компарации "овој ќе влезе во оваа репка, оној нема во онаа".
Ама, не би се согласил со твојата теза. Имаат играчи како Рабио, Кимпембе, Павард па и Ернандез каде што ќе можат некои Енглези да им го земат местото. Не викам СИТЕ од овие 4ца, ама пак.
Стоунс - Кимпембе.
Чилвел - Ернандез.
Вокер/Трипиер - Павард.
За Рабио барем 3ца може да му земат место.
Да бе знам, тапа компарации се тоа и не држат вода нешто особено.
Зашто толку ги потценувате Ернандез и Павард не знам, јес да се штопери или подефанзивно настроени бекови ама и тоа како добро функционираат у Франција. Поготово Павард. Не би се согласил дека било кој англиски бек би играл пред него.
Ај за Стоунс би прифатил мада пре Мегваер би играл неголи ова водно суштество. Како бе се лажете дека Стоунс е добар играч, ве излажаа тие 5-6 месеци сезонава изгледа.
За Ернандез не можам да коментирам за сезонава, ама па ни Чилвел не беше кујзне колку сјаен.
Рабио не е ништо полош играч од Рајс и Филипс.
Знам дека глуп муабет напраивме и нема да се докажеме никад со вакви измени и постави ама многу некако се потцени Франција, затоа највеќе изреагирав. Најбитно кај нив е што сите играчи функционираат у системот, Дешамп ги има уиграно и напраи тим што е најсилен у свет последниве неколку години.
Англичаните тек треба да се уиграваат и напредуваат, уште ништо посебно немаат напраено за да се величат толку, да не се повторувам од првиот цитат. Секако дека за тоа треба и добар тренер, јасно.