ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?

  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Виа Zlatko Stefkovski од FB :pos:

Уште од сега замислувам.
Губиме од Австрија 1-0 во меч каде што сме подобри.
Цела нација избедирана.
"ajde momci ne e nisto gotovo, glava gore vie ste nashi heroi"
Втора утакмица со Украина.
Играме подобро.
Водиме 1-0 цел меч.
Столе сјебува нешто во 90 минута.
1-1 конечен.
"dobro momci, toa e, iskustvoto si go zema danokot, zasluzivme tri boda, ama dobro, ne e problem i otpagjanje od grupna faza ne e kraj na svet! Bitno ne napravivte gordi! Bravo!"
Трета утакмица.
Џани од пенал за 1-0.
Холанѓаните напаѓаат цело второ.
Во контра во 90 минута Елмас дава гол за 2-0.
4 ПОЕНИ!
Чекаме да видиме што ќе се случи со другите групи.
Одиме даље како третопласирани!
"BRAVO MOMCI VIE STE NASHI HEROI!!!"
1/8 финале - ги елиминираме французите на пенали со Мрмебол 0-0.
1/4 финале - играме со..неам поим ме мрзи да глеам, ваљда Италија. Знаеме како со нив. 1-0, лагано, Пандев дава гол, од респект не го ни прославува.
1/2 финале - тепаме на пенали.
финале - тепаме 1-0 со гол со глава на некој рандом лик како Стефан Спировски, Висар Муслиу или шо ти знам, исто како грците што дадоа со глава за титулата.
Сакал нејќел ликот до крај на кариера си има загарантиран култен статус и сигурен влез во првите 11 на репрезентацијата.
Титула.
Славиме.
Груевски пишува статус со 50 параграфи. Од почетокот на фудбалот, до Кирил и Методиј, Александар, Филип, Бранко и завршува со тоа дека цело време навивал за нас.
Некој 25 годишен младич што му го води фејсбукот на Заев пишувa статус - "Fudbalot e demode. Demokratijata e demode. Kosovo e prava stvar. Chestitki i za Albancite koi vo 2016 na Evropskoto dobro se pokazhaa, ne bea loshi. A i Bugarija so Stoichkov. Grcija da ne se zaboravi na EP 2004 isto rasturija. Srbite standard. Ima ok ekipi. Glasajte za Shilegov"
Никиликс постира три емоџиња.
Јани Макрадули не го ни гледал првенството, фан на Арсенал е, секој што навива за Арсенал има изгубено желба за фудбал уште одамна.
Мицкоски постира "Bravo decki se iskacivte na vrvot na Evropa kako jas sto se iskacuvam na planina sekoja sabota, a sekoj petok ur da jadam"
Апасиев пишува "Прославава ќе биде вторo најмасовно гледање на плоштад. Првото ќе биде кога ќе вршиме јавна егзекуција на СДСМ и ВМРО. #KeViGiSkratimeGlavcinjata #NeNeTieGlavcinjapervezrniEdni
Тамара Тодевска ги тетовира фудбалерите на грб.
Панчо пошто веќе ги има тетовирано фудбалерите ќе ги тетовира одбојкарите, да се дешава нешто.
Некст Тајм ветуваат дека имиџот со долги коси е зад нив, и од сега исклучиво ќе се шишаат како Пандев.
Панчо решава да си пресади коса за да има фризура како Пандев.
Доаѓа денот на прослава.
Доаѓаат нашиве со автобус.
Треба да ја кренат титулата.
Џани излегува прв.
Го крева трофејот.
Му паѓа.
Се крши.
Сите македонци трчаат за да земат парче од трофејот.
Се дешава стампедо.
Стотици повредени и тројца мртви.
УЕФА ја банира македонската репрезентација од играње фудбал во следните 12 години.
Дајте буџет да собереме да го снимиме филмов. Вакво мастермајнд сценарио мора да се зачува на лента за век и векови. :D
 
Де Бур мислам дека беше менаџерот со најлош старт во англиска прва лига во последниве 133 години и втор најбрзо отпуштен евер :icon_lol:
Откако си замина Куман Холандија делува безидејно и мртво, не знам по која основа е носител на група кога не се ни квалификуваа за ЕП-16 и СП-18. Тоа е среќа за РМ бидејќи Холандија е далеку најслаб носител. Единствено домашниот терен ќе им биде предност. На кого му текнало во Уефа ЕП да се игра во рандом градови и некои селекции да се привилегирани играјќи си на домашен терен да јаде гомна :)
 
Украина беше носител во група поради квалификациите во кои мислам имаа само еден пораз (или нерешено). Ама од тогаш формата им е доста падната.
 
Украина беше носител во група поради квалификациите во кои мислам имаа само еден пораз (или нерешено). Ама од тогаш формата им е доста падната.

Кој би помислил. Што пак има Украина направено, на ЕП-16 беа последни 24-ти без даден гол, а СП-18 го гледаа на ТВ. Претпоставувам дека шеширите ги прават према Уефа коефициент само не знам што носи бодови на таа листа за да некаква си Украина биде носител?!
 
Украина беше носител во група поради квалификациите во кои мислам имаа само еден пораз (или нерешено). Ама од тогаш формата им е доста падната.

Немаа пораз.
Еднаш нерешено со Србија и Португалија, останато се победи.
Прв пат обезбедуваат директен пласман. Убедливо најдобри квалификации во нивна историја имаа.
 
Де Бур мислам дека беше менаџерот со најлош старт во англиска прва лига во последниве 133 години и втор најбрзо отпуштен евер
И во Интер одма изеде клоца. Не знам што тренер е овој, и како тоа после најмалку два експресни откази во клубовите кои ги водел, му дадоа репрезентација. Лудаци.

На кого му текнало во Уефа ЕП да се игра во рандом градови и некои селекции да се привилегирани играјќи си на домашен терен да јаде гомна
Холандска амбасада вели дека нема да дозволи навивачи од Македонија на мечот во Амстердам. Оправдување, Ковид.
 
Холандска амбасада вели дека нема да дозволи навивачи од Македонија на мечот во Амстердам. Оправдување, Ковид.
Тешки педери, џабе глумат дека се поштени. Не сум сигурен, ама мислам дека може од УЕФА да им наложат да пуштаат навивачи.
 
И во Интер одма изеде клоца. Не знам што тренер е овој, и како тоа после најмалку два експресни откази во клубовите кои ги водел, му дадоа репрезентација. Лудаци.

Холандска амбасада вели дека нема да дозволи навивачи од Македонија на мечот во Амстердам. Оправдување, Ковид.

Дно потег од нивна страна. Цела поента на турнирски систем е една земја да биде домаќин и остали да одмерат сили на неутрален терен за да се дојде до победник, ова нема смисла, Баку домаќин? Среќа Алма Ата не ја ставија на 7000км од тука.
Холандија едно време се ротираа најголемиот лузер во фудбалот Дик Адвокат :icon_mrgr: и Хидинк кој беше ок, ама остареа, Де Бур им е достојна замена, нема да ме зачуди да заглават во групна фаза.
 
Баш беше кул идејата да се игра низ повеќе градови во Европа, иако јас би ставил сите натпревари во една група да се играат во еден град, односно 6 групи = 6 градови.

Е сега коронава беше непланирана и затоа е каша, ама колку што може ќе се спаси ситуација :)
 
Супер е да се игра во различни градови, само не треба да има земја домаќин. Барем не во групите, подоцна не може да се избегне тоа.
 
Супер е да се игра во различни градови, само не треба да има земја домаќин. Барем не во групите, подоцна не може да се избегне тоа.

Може, пример финале во Даблин или Букурешт или Атина (во земји кои не се пласирале). Никогаш досега немало вакво нешто никаде на ниту едно првенство во светот, некаков беспотребен експеримент.
 
Имате карти за со Австрија на официјалната од УЕФА, али само за 2 и 1 категорија, најниска цена 75 евра.
 
Имате карти за со Австрија на официјалната од УЕФА, али само за 2 и 1 категорија, најниска цена 75 евра.
Како успеа да отвориш жити се. 10 пати пробав денес бела страна гледам само
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom