- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 25.675
- Поени од реакции
- 43.610


... затоа што е прифатен италијанскиот бренд на изработка кафе цел свет го прифатиле нивниот збор еспресо/ зашто Италијаните воопшто немаат буква (х- кс) за да биде брзото кафе „експресо“, но некои држави како Перу многу не ги интересира тоа и тие си го викаат локално „expreso“!


... во некои јазици, како францускиот (expresso), португалскиот (café expresso) и шпанскиот (café expresso), формата со „Х“ е официјално прифатена и стандардна., па така, ако гледаме на меѓународно ниво, апсолутно јазично правило каде оваа форма е легитимна и може слободно да се нарача (café expresso).

од регионот Чанчамајо во Перу, кафе каде што на шпански јазик е напишано Café Premium „Expreso“.
... брзо приготвено, едно кафе експресно „дај направи ми едно експресо“, за разлика од традиционалното турско кафе (кое бара време за варење и таложење) се замени со апарати кои прават кафе за помалку од една минута, зборот се поврза директно со терминот „експрес“ (брзо, итно, веднаш) и луѓето со право го нарекуваа „експрес кафе“ или „експресо“ бидејќи тоа ја означуваше главната карактеристика на кафето – брзината на подготовка.
... но ако се потенцира и бренд на кафето може да се каже дај едно „еспресо“ , што се потпира на зборот espresso (што на италијански значи „истиснато под притисок“) тие не се потпира на концептот express (брзина и технологија), што е основа и во францускиот, шпанскиот и португалскиот јазик, но и во нашиот секојдневен говор т.е. македонски јазик.
... двете логики се потполно рамноправни во зависност од тоа дали пијалакот го дефинираме според начинот на кој се прави (притисок) или според динамиката со која се служи (брзина), поради тоа, апсолутно е погрешно да се каже дека „експресо“ е грешка — тоа е термин со јасна историска, логичка и јазична тежина на овие простори, така да локално било кој може да нарача брзо кафе „експресо“, а може и онака како прифатиле повеќето „еспресо“, ниедно не е грешка зависи од кој агол се гледа има логика, формата со „кс - х“ е легитимен збор во земјите од романска група од каде што доаѓа и кафето и затоа сите сте во право, ама со се' владе и фенел!






