Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 5.716
- Поени од реакции
- 22.222
Како некогашен љубител на point and click авантуристичките видео игри кога пред некоја година прв пат слушнав за овој концепт живо ме заинтересира. Тогаш такво нешто немаше во Македонија, во меѓувреме знам дека има две во Скопје од кои едната има 4 а другата 2 соби, во други градови не знам дали има. Уште не сум отишол оти никако да соберам екипа за такво нешто, а искрено има и периоди кога и мене ме мрзи.
Escape Rooms се специјално дизајнирани соби во кои ве заклучуваат и по пат на решавање на загатки и логика треба да најдете начин да излезете од собата. Најчесто се наменети за групи од барем двајца луѓе и стандарното време на играње е обично 1 час. Доколку за до истекот на тој 1 час не најдете начин да излезете, играта завршува.
Дали некој има искуство со ова? Дали вреди да се проба и дали сте си поминале итересно? Пред се ме интересира ониe што биле во скопските соби, ама исто сакам да знам и за меѓународни искуства.