Escape Rooms

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.702
Поени од реакции
22.080
Како некогашен љубител на point and click авантуристичките видео игри кога пред некоја година прв пат слушнав за овој концепт живо ме заинтересира. Тогаш такво нешто немаше во Македонија, во меѓувреме знам дека има две во Скопје од кои едната има 4 а другата 2 соби, во други градови не знам дали има. Уште не сум отишол оти никако да соберам екипа за такво нешто, а искрено има и периоди кога и мене ме мрзи.

Escape Rooms се специјално дизајнирани соби во кои ве заклучуваат и по пат на решавање на загатки и логика треба да најдете начин да излезете од собата. Најчесто се наменети за групи од барем двајца луѓе и стандарното време на играње е обично 1 час. Доколку за до истекот на тој 1 час не најдете начин да излезете, играта завршува.

Дали некој има искуство со ова? Дали вреди да се проба и дали сте си поминале итересно? Пред се ме интересира ониe што биле во скопските соби, ама исто сакам да знам и за меѓународни искуства.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Еднаш не викнаа да тестираме една у Кисела Вода, пред да ја пуштат. Никогаш до тогаш не сум бил у ескејп рум. Беше интересно. Траеше околу саат време (одприлика)
Не е во ред да откривам повеќе околу содржината.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.722
Бев во Индијана Џонс собата пред некое време. Интересно искуство, логички игри, решавање загатки за кои треба мозгање, се на се вреди да се проба. Бев разочаран што друштвото ја одбра таа соба, наместо хорор-собите (мислам дека изборот е Декстер, Пила и Хаунтед Хаус), сепак после тоа од други друштва кои ги посетиле и другите соби ни беше кажано дека Индијана Џонс има најмногу загатки и најмногу просториии кои треба да ги отклучиш за да излезеш од неа, така да нема да погрешиш ако отидеш и таму, иако повеќето сигурно би оделе на хорор-собите. Ние не ја решивме задачата, уствари не ни стигнавме до последната просторија, па дел од друштвото се врати после неколку дена за да ја доврши до крај.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.360
Поени од реакции
19.913
Планираме група другари да појдеме но никако да се погодиме. Од овој сајт освен Evil Mansion ништо друго не ме влече искрено.
 
Член од
8 септември 2019
Мислења
51
Поени од реакции
118

Го гледав минатиов месец видеово со Аријана Гранде и баш си помислив дека ептен би било добро да имаме и ние нешто налик на ова. Не сум знаел дека постои и кај нас.
Каде се наоѓа?
Колку се плаќа?
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Која е цената и каде се наоѓа?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Јас бев на Индијана Џонс. Добра соба.
Сакам на Evil Mansion следно...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509

Kajgana Shop

На врв Bottom