Значи состанокот се одржа вчера. На него присуствувавме 10-15 души, и покрај тоа што беа поканети 30 души. Одлучивме следново:
1. Планот за тејковер на Грција е откажан од причина што Грците дознале некако за планот, па имаат можност да се спремат, да побараат помош, а со тоа и се намалуваат шансите планот да биде успешно спроведен. За начинот на кој дознале не се расправаше многу, но се смета дека тоа е или поради тоа што било пишувано тука за планот (што секој може да го прочита) или го направиле тоа преку хакнување на акаунт на еден од нашите играчи (не ми текнува кој беше).
2. Потврда на одлуката за пристапување кој сојузот PEACE кога ќе ја добиеме нашата држава.
3. Во врска со добивањето на еМакедонија, одлучивме да продолжиме со масовно регрутирање на играчи од нашата држава, па кога админите ќе видат дека има голем број на играчи од кај нас, секако дека ќе решат да ја додадат Македонија во играта. Секако, ќе треба да ги потсетуваме од време на време.
4. Одлучивме да воспоставуваме дипломатски односи и да одржуваме пријателски врски со другите држави, а особено со членките на PEACE. Распишан е конкурс за амбасадори на кој можете сите да се пријавите. Ќе го најдете на форумот на еРепублика Македонија.