ЕП 2014 - [ Втора фаза ] - Група I

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Кое место во групата ќе го освои Македонија?

  • Влез во полуфинале (прво или второ место)

    Гласови: 18 15,0%
  • Трето

    Гласови: 44 36,7%
  • Четврто

    Гласови: 27 22,5%
  • Петто

    Гласови: 22 18,3%
  • Шесто

    Гласови: 9 7,5%

  • Вкупно гласачи
    120
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.971
Поени од реакции
57.779
Возраст
34
Локација
Quarth -The greatest city that ever was or will be
1010393_10201357603005290_1673129366_n.jpg


И еве не пак. Патот преку Хернинг не одведе... до останување во Хернинг, но овојпат за натпреварите од втората фаза од Европското Првенство во ракомет.

Во оваа фаза влегуваме по успешниот поход во првата група каде што ги искусивме сите три можни исходи на натпреварите и тоа подредени по интезитет. Почнавме со пораз од домаќинот Данска, продолживме со реми против Чешка за пласманот во наредната рудна да си го завериме со победа против Австрија. Победа која заради останатите резултати во групата „прекуноќ“, секако теоретски, ни донесе можност и за (пак ќе напоменам - теоретски) одбрана на петтото место од претходното ЕП.

Имено, во новата група пренесуваме 2 бода од победата на Австрија која заедно со нас и со првопласираната Данска ќе вкрсти со првопласираните три селекции од групата Б. А тоа се Шпанија, Исланд и Унгарија.

Распоредот одлучи првиот натпревар во новата група да го играме со третопласираната селекција од групата Б, стариот и по лошо запомнет познаник - Унгарија. Репрезентацијата на Унгарија на ова ЕП е без својата главна ѕвезда - Наѓи, но на првите три меча покажа дека и без него е кадарна за пласман во вториот круг. Против нас ќе ја бркаат првата победа, затоа што во групата имаа два нерешени исходи и пораз. Последниот меѓусебен дуел го одигравме на квалификациите за ОИ 2012, во кој загубивме со 28:26

Вториот меч го играме со уште еден стар познаник против кого немаме воглавно добри спомени, Исланд. Рибарите на ова ЕП доаѓаат без неколку првотимци, но и тие како Унгарија покажаа дека во тимот имаат играчи кои беа достојни замени барем за првата фаза. Исланд идентично како нас имаше три различни исходи на трите средби, односно пораз од Шпанија, победа врз Норвешка и реми со Унгарија. Последниот меѓусебен дуел ни беше лани, на СП во Шпанија каде загубивме со 23:19.

Третиот меч (теоретски потенцијален дуел за полуфинале :icon_lol: ) го играме против актуелниот светски шампион - Шпанија. Фуријата е вбројувана како еден од фаворитите за тронот и таквите очекувања барем резултатски ги оправда во првата фаза каде што заврши со максимален скор од 3 победи. Таа заедно со Данска втората фаза ја започнуваат со по четири бода.

Но да не ја должиме од сега, секако подетално „проучување“ на репрезентациите понатака. Само уште да се напомене дека во оваа фаза ние влегуваме посилни и за Немања Прибак. Новиот Македонец веќе има право на настап и од него се очекува да има значаен придонес во нашиот напад.

np.png

сликата е изворно од тука.

Моментална табела и распоред на натпреварите:

Capture1.JPG

Првичната цел (втора фаза) е исполента, сега порастоварени одиме и по некое „изненадување“!

Бујрум! :D
 
Да ги тепаме Унгарија и Исланд па Груевски нека пушта чартер летови за Хернинг да се направи лудница атмосфера за со Шпанија + Данска да ја тепа Шпанија :D ова е идеалното сценарио и скоро невозможно, сепак задоволен ќе бидам и ако ги тепаат само првите 2 и изиграат машки како што треба против Шпанија..
 
Очекувам барем една победа, според мене против Унгарија. Исланѓаните се повампирени ова првенство, страшно играат, Палмарсон ако е здрав до дуелот со нас ќе не искине.

Прво коло - сигурна победа против Унгарија
Второ коло - очекувам ова да биде првата утакмица на која ќе се надмине границата за голови од кладилниците :D. Експлозивно и брзо играат Исланд, тешко дека ќе ги запреме, ќе мора и ние брзо и течно да играме и да ја напуштиме нашата тактика за бавен напад.
Трето коло - овде е главна психата. Ако изгубиме многу од Исланд има попара да не направат Шпанците. Ако останеме непоразени во прво полувреме ќе се чудат Шпанциве што ги нашло, ама во второ лека-полека ќе си дојдат до победата. Всушност и со Исланд и со Норвешка така изиграа. Се мачеа цело време, противниците се изморија и Шпанците си лапнаа 2 бода. Не прикажаа нешто спектакуларно досега, им го нема Штербик и во утакмицата со Данска очекувам комотно да изгубат барем 3-4 разлика, ама ние не сме Данска. Изненадување единствено е можно ако се sky high нашите со психата и ако не потценат Шпанците.

Данска ќе ги исплеска сите, Шпанија ќе не исплеска нас ќе го јаде од нашите лавови , Австрија ќе го прими од сите, а ние реално сме за 4то место. Гласав патриотски за 3то место, па шта буде нека буде :D
 
Реално утакмицата со Унгарија ќе решава дали ќе завршиме 4 или 5 место во групата-ги немам гледано ова првенство , ама како стил на игра кој го имат никогаш не ни лежеле и плус Наџ не им играл па тука е шансата...Со Исланд имаме минимални шанси единствено ако успеме да ја успориме до максимум играта и пак да се повампири Борко со Шпанија скоро никакви...Но сега се без психички товар дека мора да победат па тука е нашата шанса
 
со победа над унгарија и нерешено со Ислад 3ти ќе бидеме така?
 
со победа над унгарија и нерешено со Ислад 3ти ќе бидеме така?
Можи и со победа над Исланд и пораз од Унгарија 3-ти да бидиме...;) Ако ни се поклопат резултатите од другите мечови...А можи со твојата варијанта и 4-ти да бидеме :)
 
Реално со квалитетот што го поседуваме, една победа за мене е повеќе од доволна. Ако оствариме повеќе од една победа, ќе биде предобро.
Но, не е се во тоа. Сакам да видам жар во сите до еден, носите репрезентативен дрес. Излезете и изгинете за Македонија. Така, секаков неуспех ќе ви биде опростен. Со вас сме!
 
Јас не ја исклучувам можноста Австрија да направи уште едно изненадување во групава, а за Данска мислам дека ќе ги добие сите 3 натпревари или барем дека ќе нема пораз.
 
Јас викам победи со Исланд и Унгарија, нерешено со Шпанија. А Данска губи од Шпанија, нерешено со Исланд и ние сме 2-ри...
:vozbud::X3:
 
Мечот со Унгарија е клучен ако сакаме скалило погоре да идеме. Одличен распоред е што ни е прв и идеме на нив сеуште еуфорични и залетани.
Позитивно е што норвежаниве не поминаа оти скандинавски ракомет ич не ни лежи ( не дека сме имале воопшто победа со унгарците).
Подетални анализи подоцна.
 
Да бидеме реални, освен Австрија со која веќе изигравме, сите други се појаки од нас, имаат повеќе играчи на располагање, физички се поспремни. Ама нашиот тим иако крпен, ваков-таков, сепак има искуство и ако малце од малце психички влезат со поголема самодоверба, концентрација, т.е. да се сведат грешките на минимум имаме шанси барем за една победа, еве нека е против Унгарија. Не само поради то шо ни е прва утакмица со нив туку што Унгарија никогаш не биле голема репрезентација и нема да бидат. Играат јако, им парираат на најдобрите, но никогаш не освоиле ништо така да нема потреба да се плашиме. Ако не се лажам досега шо сме играле со нив се ни се порази, па можда дојде времето за наплата на долговите, just saying.
 
Ми се свиѓа распоредов на утакмици кај нас, прво играме со Унгарија, па Исланд па со Шпанија.
Со Шпанија нема што да бараме иако мислам дека и со Исланд ќе биде многу тешко да се победи, каков брз ракомет играат овие два тима тоа е чудо, вчера летаа на теренот, ептен многу голови и брзи контри, а ние како што сме спори во контра ќе биде ептен болно за нас, но како и да е од нашава група мислам дека ќе бидеме на 4то место кое што е голем успех за нас.
 
Ќе биде забавно. Двата најголеми должници кои долго време го спречуваа напредокот на македонскиот ракомет се на ред: Унгарија и Исланд. Еден куп порази имаме од овие две екипи но којзнае можеби баш кога најмалку очекувме може нашите да изненадат. Не се непобедливи ниту едните ниту другите, макар што тешко ќе биде да се очекуваат бодови.

Во секој случај мислам дека за нијанса подобра игра ќе видиме затоа што претпоставувам сега се малку порастеретени од резултатите. Немаат притисок веќе. Основната цел е задоволена, сега се бара што е можно повисок пласман.
 
И еве не пак. Патот преку Хернинг не одведе... до останување во Хернинг, но овојпат за натпреварите од втората фаза од Европското Првенство во ракомет.

Ух, среќа. Ако требаше да се оди на друго место, сигурно ќе ни се десеше нешто по пат.

Ме изнасмеа со теоретскиве можности.(y)

За мене ова европско е веќе успешна приказна. Резултатски постигната е целта. Пласирани сме меѓу првите 10 репрезентации (можеби 9-ти иако речиси неверојатно) и што е најважно ќе бидеме носители за баражот за Катар (што со оглед на тоа кој се може да ни се падне од неносителите е условно кажано само "блага предност".).

За играта, можеби е рано да се каже нешто повеќе (ќе подготвиме една добра анализа по првенството) но општиот впечаток кај мене е дека изигравме МНОГУ полошо отколку на подготвителните натпревари со Црна Гора и Србија, првенствено во напад, каде и беше за очекување дека ќе имаме полоша игра на шампионатов. Ако не се работеше за Македонија мислам дека никогаш не би го гледал тоа, повеќе од 5 минути. Едноставно мачно е да се гледа.

Во следнава фаза почнуваат да разигруваат репрезентациите со клупа. Ние никогаш не сме спаѓале во таа група, а на ова првенство сме единствени кои немаат играчи ни за прва постава. Истовремено ние си го завршивме своето. Главно дојдовме по ова, така да пристисок за резултат нема. За оние за кои сега почнува турнирот, напротив притисокот е голем.

Очекувам во оваа фаза Македонија само да покаже дека знае да игра ракомет. Ништо повеќе. Да се става императив за некакви победи во оваа фаза е неосновано. Не очекувам никаков резултат. Секако ова не значи дека треба да си се вратиме дома. Уште на ждребот на групите на сите ни беше јасно дека минуваме со 2 бода, и дека во следна фаза ќе ги видиме старите добри пријатели Исланд и Унгарија. Единствена желба и тогаш и сега ми е да победиме една од нив. Не е императив за резултат, туку едноставно желба. За мене ова е веќе успех, а тоа би било сензационален успех.
 
Главната работа е завршена со пласманот во оваа фаза со што добиваме полесен противник во баражот за СП во јуни. Реален наш пласман во полн состав е околу 8-12 место, така да сум задоволен со постигнатото на ова ЕП. Реално би требало да ги изгубиме сите натпревари во оваа фаза, некоја шанса гледам единствено на дуелот со Унгарија.
За Кире секоја чест :cuc:, право национално богатство. ЕХФ/ИХФ можат да си ги набутаат у гз и Наѓи и Андерсон и Копљар и нивната игра во одбрана, заради кои на човекот не му го дадоа ниту еднаш презаслуженото место во тимот на првенството. Убедливо најдобар десен бек на денешницата, ниту еден од горенаведените нема таков удел во успехот на некоја репрезентација како Кире.
За Борко се направи преголема фама по вчерашниот натпревар, човекот брани како му тргне денот, во променлива форма и очекувам така да продолжи и во втора фазаи да има утакмици и како вчерашната и катастрофална како таа против Чешка. Од мене има преодна оценка за ова првенство али далеку е он од некаков „министер за одбрана“, а најжално е што тие што сега го креваат, на следната негова утакмица која ќе ја усере ќе го прават сакат. Али океј ај, таков народ сме....
Морам да го пофалам Јоновски, феноменален е у одбрана на сите натпревари и ниту еден пикер не се изнаигра против нас. Штета за Велко, он беше еден од најдобри дефанзивци во Европа, али има проблеми со приклештен нерв, што не е повреда туку на некој начин дефект на телото и полесно се пробиваат по негова страна.
Столе си е Столе и на ова првенство....:)секоја чест за борбеноста и за него

Крилата се :facepalm:, убедливо најлоши на првенството, посебно Манасков. Круша под круша паѓа, го наследил од тате сељачкиот карактер и умисленоста, или некој ќе му врзе шамар или ќе си ја упропасти кариерата уште млад. Кога ќе ми текне само Пепи дека сакаше да се тепа со Лино, затоа што му се развикал на утакмица на разгаленово детиште :facepalm:. Ојлевски треба да добива шанса од почеток во следните натпревари, а копуков да размисли каде оди.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom