ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34

И еве не пак. Патот преку Хернинг не одведе... до останување во Хернинг, но овојпат за натпреварите од втората фаза од Европското Првенство во ракомет.
Во оваа фаза влегуваме по успешниот поход во првата група каде што ги искусивме сите три можни исходи на натпреварите и тоа подредени по интезитет. Почнавме со пораз од домаќинот Данска, продолживме со реми против Чешка за пласманот во наредната рудна да си го завериме со победа против Австрија. Победа која заради останатите резултати во групата „прекуноќ“, секако теоретски, ни донесе можност и за (пак ќе напоменам - теоретски) одбрана на петтото место од претходното ЕП.
Имено, во новата група пренесуваме 2 бода од победата на Австрија која заедно со нас и со првопласираната Данска ќе вкрсти со првопласираните три селекции од групата Б. А тоа се Шпанија, Исланд и Унгарија.
Распоредот одлучи првиот натпревар во новата група да го играме со третопласираната селекција од групата Б, стариот и по лошо запомнет познаник - Унгарија. Репрезентацијата на Унгарија на ова ЕП е без својата главна ѕвезда - Наѓи, но на првите три меча покажа дека и без него е кадарна за пласман во вториот круг. Против нас ќе ја бркаат првата победа, затоа што во групата имаа два нерешени исходи и пораз. Последниот меѓусебен дуел го одигравме на квалификациите за ОИ 2012, во кој загубивме со 28:26
Вториот меч го играме со уште еден стар познаник против кого немаме воглавно добри спомени, Исланд. Рибарите на ова ЕП доаѓаат без неколку првотимци, но и тие како Унгарија покажаа дека во тимот имаат играчи кои беа достојни замени барем за првата фаза. Исланд идентично како нас имаше три различни исходи на трите средби, односно пораз од Шпанија, победа врз Норвешка и реми со Унгарија. Последниот меѓусебен дуел ни беше лани, на СП во Шпанија каде загубивме со 23:19.
Третиот меч (теоретски потенцијален дуел за полуфинале

Но да не ја должиме од сега, секако подетално „проучување“ на репрезентациите понатака. Само уште да се напомене дека во оваа фаза ние влегуваме посилни и за Немања Прибак. Новиот Македонец веќе има право на настап и од него се очекува да има значаен придонес во нашиот напад.

сликата е изворно од тука.
Моментална табела и распоред на натпреварите:

Првичната цел (втора фаза) е исполента, сега порастоварени одиме и по некое „изненадување“!
Бујрум!
