ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34

Во „последната“ група Д од евроконтиненталниот собир ќе учествуваат четирикратниот освојувач на злато - селекцијата на Шведска, двократниот финалист - Хрватска, Белорусија на Серхеј Рутенка и формално аутсајдерот - Црна Гора.
Според очекувањата и прогнозите, „великаните“ на европскиот ракомет, репрезентациите на Хрватска и Шведска би требало без поголеми проблеми да остварат пласман во вториот круг и во меѓусебниот дуел да решаваат за освојвувачот на групата, односно екипата која во понатамошната фаза би пренела 2 бода повеќе од конкурентот. За преостанатото трето место би требало да се борат Белорусија и Црна Гора, каде што балканската држава е во улога на аутсајдер.
Натпреварите од оваа група ќе се играат во главниот град на Данска, Копенхаген, поточно во предградието Брондби, во истоимената сала ( Brøndby Hallen ). Салата е релативно мала и за ракометни мечеви има капацитет од 4.500 столчиња. Во оваа сала своите натпревари од Лигата на Шампионте ги игра тимот на КИФ Колдинг Копенхаген.

Репрезентации:
Шведска

Тим:
Sveriges 16-trupp:
GK:
Mattias ANDERSSON, SG Flensburg-Handewitt
Johan SJÖSTRAND, THW Kiel
LW:
Jonas KÄLLMAN, IFK Skövde HK
Fredrik PETERSEN, Füchse Berlin
P:
Andreas NILSSON, HSV Hamburg
Jesper NIELSEN, Füchse Berlin
RW:
Niclas EKBERG, THW Kiel
Mattias ZACHRISSON, Füchse Berlin
LB:
Kim EKDAHL DU RIETZ, Rhein Neckar Löwen
Jonas LARHOLM, Pick Szeged
CB:
Patrik FAHLGREN, MT Melsungen
Lukas KARLSSON, KIF Köpenhamn
RB:
Johan JAKOBSSON, Aalborg Håndbold
Magnus PERSSON, HK Drott Halmstad
Def.
Magnus JERNEMYR, Lugi HF
Tobias KARLSSON, SG Flensburg-Handewitt
Ѕвезда:

Во отсуство на Ким Андерсен, изборот на предводник на Швеѓаните паѓа на Никлас Егберг. Десното крило е еден од најдобрите стрелци за репрзентацијата на Шведска а покрај тоа е и редовен "top scorer" и во Лигата на Шампионите, каде што од минатата сезона настапува за Кил. Претходно беше дел од „пропаднатиот“ проект на РК Копенхаген, каде што двапати го освои данското првенство.

Тренер/и:
На клупата на Шведска стои препознатливото дуо сочинето од Ола Линдгрен и Штефан Олсон. Двајцата како „ко-тренери“ беа назначени во 2007 година и им беше доделена задачата да го подмладат тимот и подготват за нови искачувања на пиедесталите. Најголемо достигнување им е сребрениот медал од Олимпијадата во Лондон.
Белорусија

Тим:

Ѕвезда:
Неоспорливо прв играч на Белорусите е еден од најдобрите светски ракометари Серхеј Рутенка.Интересно е што за репрезентацијата на Белорусија досега има одиграно помалку од 30 натпревари бидејќи по добиеното словенско државјанство, првично се реши да настапува за Словенија. По настапот на ЕП 2006 за репрезентацијата на Словенија, членот на Барселона се реши од 2010 повторно да настапува за својата матична земја.
Тренер:
Предводник на стручниот штаб на Белорусија е Јури Чветсов, поранешен тренер на Лемго и Рајн Некар Ловен, кој со оваа репрезентација успеа да се квалификува на ова ЕП и на претходното СП лани.
Црна Гора

Тим:
Spisak:
1. MIJATOVIĆ RADE
2. RAJKOVIĆ MARKO
3. MARKOVIĆ IGOR
4. VUJOVIĆ MILOŠ
5. POPOVIĆ MILAN
6. LASICA MARKO
7. RADOJEVIĆ IGOR
8. RADOVIĆ MIRKO
9. RAKČEVIĆ MLADEN
10. GRBOVIĆ NEMANJA
11. VUJOVIĆ STEVAN
12. JOČIĆ FILIP
13. PETRIČEVIĆ BOGDAN
14. PEJOVIĆ ŽARKO
15. MILAŠEVIĆ MIRKO
16. PERIŠIĆ IVAN
17. LIPOVINA VLADAN
18. MALOVIĆ NEMANJA
19. SIMOVIĆ MARKO
20. SIMIĆ NEBOJŠA
21. MRVALJEVIĆ DRAŠKO
22. ŠEVALJEVIĆ VASKO
Ѕвезда:

Во отсуство на Жарко Марковиќ и Фахрудин Мелиќ, како ѕвезда во тимот на Црна Гора се истакнува Младен Ракчевиќ. Пикерот кој ни е нам добро познат по настапите во Вардар и Металург, а оваа сезона игра во грчки АЕК, е една од најчестите опции во нападот на Црногорците и важна алка во одбраната. Покрај него за истакнување се и голманот на Металург - Раде Мијатовиќ и бекот на Хановер - Васко Шеваљевиќ.
Тренер:
Нам добропознатиот Зоран Кастратовиќ е предводник на тимот на Црна Гора, кој на оваа позиција е од 2009 година. Оваа сезона беше и паралелно тренер на РК Вардар. Кастратовиќ ја предводеше женската репрезентација на Македонија во 2001 година.
Постот за Хрватска ќе му го препуштам на @TheTrooper