Еликсир на љубовта
Во свеста на секој од нас љубовта и чоколадата се најблиски до поимот за рај. Двете ни го подобруваат расположението, не смируваат и не прават посреќни. Замислете ја таа комбинација од двете задоволства.
Има многу нешта кои се ограничени поради предрасудите и конвенциите, особено сексот. Тој е табу-тема, што не е секогаш погодна за разговор, па дури и се доживува како нешто срамно. Слично е и со чоколадата. Сите се плашиме да не бидеме видени со табла чоколада во рака, а камоли лакомо да јадеме и да уживаме во нејзиниот вкус. Наводно мора да внимаваме на совршена линија. Најлошо е што на крајот чоколадата и самите ја доживуваме како нешто срамно и грешно.
А, всушност сите сме свесни дека станува збор за еден од најпривлечните изуми на човештвото. Тоа е фантастична мешавина на хемиски супстнации, вклучувајќи амини-киселини, кои одамна се познати поради својата способност да ни го подобрат расположението. Чоколадото содржи неколку природни стимуланси, како што се валеричната и глутаминскатакиселина, па не е чудо што толку копнееме за некое парче од толку посакуваното слатко задоволство.
Но, каква врска има чоколадата со љубовта, односно со сексот?
Па, вака. Во неа се наоѓаат многу супстанции, кои ги "имитираат" човековите љубовни хормони. Кај девојките кои имаат намалено лачење на овие хормони, многу поголема е потребата од јадење чоколада.
Првите бомбониери биле исклучително скапи, убави и инвентивни. Во една стара книга, од почетокот на минатиот век, се наведува дека тогашните слаткари познавале повеќе од 60 различни полнења на чоколадни бомбони. Во истото време, фабриките за чоколади ги произведувале во стотина различни вкусови.
Ако денес и` подарите чоколада на саканата личност, тоа е знак за љубов. Доколку се решите за таков подарок, треба да внимавате каква чоколада ќе изберете. Таа мора да е квалитетна и не премногу блага. Стереотипите дека чоколадата дебели или дека предизвикува акни, немаат научна заснованост. Напротив, грдите бубулички се се последица на хормонален дебаланс, кон консумирањето на овој "сладок грев" повеќе го кроегира, отколку што го влошува. Стоматолозите се противници на јадењето чоколада, но не се во право, зашто чоколадата многу брзо се растопува во устата за да би предизвикало трајни несакани последици, во вид на кариес. Најголеми непријатели на нашите заби се карамелите и бомбоните.
Затоа, слободно и без грижа на совеста подарувајте чоколада. Битно е да го изберете најдоброто.
Но, како да се направи тоа?
Многу лесно. Погледнете на задната страна од кутијата. Добрата чоколада мора да содржи 55-70 отсто какао. Ако во составот има 65% шеќер, станува збор за лош квалитет и не ја купувајте. Изберете го само она што има 30-тина отсто шеќер.
И чоколадниот напиток може да биде романтичен и сенсуален, но и за таа послатица мора да се најде убава чоколада, а не некоја "шеќерна табла". Казанова, најголемиот љубовник на сите времиња пиел чоколадо место шампањско.
Темната чоколада се смета за посоодветно за машки и им се подарува само на момчињата. Белото чоколадо, исто така е исклучително секси и може да го купите за новата љубов, додека чоколадите полнети со крем се израз на платонска симпатија и немаат многу врска со сексот. Бомбониерата би требало да биде завиткана во златна хартија, никако во сребрена. Романтиката им е важна на сите вљубени, без оглед дали се познаваат кратко време или се во врска со години. Секој сака неговиот партнер да биде романтичен, да го мази и пази, а чоколадата е вистинското "средство", кое ќе ви помогне во тоа.
Како да се јаде чоколадата?
Почнете со мирисот. Тој треба да е полн и премногу сладок. Површината мора е мазна, вкусот богат и кремаст... За другото си знаете и самите.
Сето наведено погоре покажува колку се блиски љубовта и чоколасата и дека, практично е невозможно да се раздвојат.