Еликсир на љубовта - чоколадо!

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
SpaceLily напиша:
Chokoladen preliv sakash?
Да, кога ќе купам и ќе ме фати криза - го отварам и си шприцам во уста со преливот! Подобро нешто не постои (во кризните моменти!) :D
 
Acid напиша:
SpaceLily напиша:
Chokoladen preliv sakash?
Да, кога ќе купам и ќе ме фати криза - го отварам и си шприцам во уста со преливот! Подобро нешто не постои (во кризните моменти!) :D

Lele sea Macedalien da go procitase ova :pos: :pos:
 
SpaceLily напиша:
A to kriza za chokolado ili kriza za neshto drugo? :pos: :pos: :wink:
А темава за чоколадо е или за нешто друго?

Ајде бре луѓе, ако сакате сеир - постои Чек дис аут.
Сеуште сум непобеден таму... Ќе играме некогаш? :pos:

Сега назад на темата :arrow:
 
obozavam belo cokolatce... :D posebno Nestle i Milka,a da ne zborime za nekoe polneto so krem,lesnici,bademi,jagodi....mh mh mh se izligaif! :ojea:
 
МИЛКА со цели лешници,то ти е најдобро чоколадо што постои :!: порано многу јадев ЛАКТА ама со цели бадеми ама нешто ги нема сега...а за пред испит најдобри ми се банџи лешник...а за после секс било што блачко :bild:
 
ЧОКОЛАДОТО МОЖЕ ДА ГО СМАЛИ КРВНИОТ ПРИТИСОК

cokolado_jadenje.jpg



Чоколадото не само што е вкусно, туку може и да ви го смали крвниот притисок, покажуваат резултатите на едно истражување.
Студијата, која ја објавила компанијата „American Heart Association”, покажала дека состојките на чоколадото познати како флавоноиди може да помогне на крвните станици полесно да ја извршуваат својата работа, а со тоа и ризикот од срцеви заболувaња.
„Претходните истражувања покажале дека храната богата со флавоноиди - како овошје, зеленчук, чај, црно вино и чоколадо - помага кај кардиоваскуларните ризици”, рече авторот на студијата Џефри Блумберг од Универзитетот Туфтс во Бостон.
„Но во оваа студија со клинички експерименти се обидувавме да го утврдиме влијанието на чоколадото во крвниот притисок кај луѓето со хипертензија”, додаде Блумберг.
„Сепак, не се работи за тоа дека можеме да го препорачаме: ’Јадете повеќе чоколадо!’. Студијата само сугерира дека флавоноидите од какаото ги подобруваат васкуларните функции” истакна Блумберг.
Врз база на досегашните истражувања научниците се уште не може да дадат конкретни препораки за прехрамбените вредности на чоколадото, а нутриционистите предупредуваат дека треба да се биде внимателен при преголемо конзумирање на чоколадото имајќи во предвид дека тој прехрамбен артикл е богат со масти, шеќер и калории.
 
Чколадо - еден од најслатките зборови препознатлив на секој јазик.Составен дел од многу слатки,бонбони,колачи и други убави нешта...Производ што ви се насмевнува од полиците во дуќаните како „смртен грев“.
Чоколадото се прави од самките на какаото (Theobroma cacaoa - на грчки:храна на боговите).Дрвото какао потекнува околу 2.000 мешунки годишно,од кои секоја содржи барем исто толку семки.Тие се вадат од мешунките не баш едноставно како грашокот,туку со посебен чекан.Потоа се оставаат,да ферментираат неколку дена па се сушат и се варат.Во текот на варењето се создаваат карактеристичните мириси и ароми,вклучувајќи ги кофеинот и фенилетиламин.Семките по варењето се мелат при што се добива кафеава маса,која служи како база за сите чоколадни и какао производи.
Убавините на чоколадото уште одамна го откриле Маите,кои со варење и мелање на семките какао добивале густа течност и ја зачинувале со ванила и со чили.Ацтеките се „препородувале“ со чоколадото на кое му додавале зачин и добивале закрепнувачки напиток.Секако тој пијалак бил поинаков од денешното топло чоколадо и имал горчлив вкус.Сепак не останал незабележан од европските истражувачи,кои во 16 век го донеле со себе во Европа па го засладиле и со тоа го претвориле во популарен и скап луксуз. Тогаш не постоеле плантажи со какао и не можел секој да си го дозволи тоа задоволство.
Производството на млечно чоколадо е усовршено во 1857год. во Швајцарија а, за тоа е заслужен Даниел Питер.Така што не е ни чудо што денес Швајцарија е позната како земја во која се произведуваат најдобрите и највкусните чоколади.
Љубовта кон чоколадото можеме да ја ставиме во категоријата„фатални љубови“ на прв поглед т.е.на прв вкус.Чоко-
ладото е една од најпопуларните слатки задоволства,му конурира на водењето љубов и предизвикува копнеж...Иако повекето луѓе уживаат во јадењето чоколадо особено припадничките на понежниот пол,потоа се појавува грижа на совеста или им е лошо од големото количество шеќер,бидејќи понекогаш навистина е тешко да се запре
со јадењето чоколадо и навреме да се одреди дека е доста.Дали може да се стане зависен од чоколадото?Сите денешни комерцијални
производи содржат поголемо количество шеќер,што може делумно да ја објасни можноста за појавување зависност од чоколадото.Но,тоа содржи дури 300 различни хемиски состојки за кои не ни е познато како влијаат на човекот.Па така можеме слободно да кажеме дека чоколадото се уште е непознато.Способноста за пронаоѓање на благото и позитивната реакција на благо биле предност за нашите предци, кои барале високоенергетска храна,како овошјето и ги избегнувале опасните горчливи билки.Но кому му е грижа за нив?Едно е сигурно - во чоколадото има фенилетиламин,кој го покачува крвниот притисок и нивото на гликозата во крвта.Тоа ни дава енергија и затоа добро се чувствуваме.Многу девојки добиваат желба за чоколадо во текот на ПМС-от.А,тоа е бидејќи чоколадото содржи магнезиум,кој помага за да се намалат проблемите во тој период.
Што ли има уште внатре?Под кафеавите облини на таа заводлива сласт се кријат состојки што влијаат врз мозочната мрежа,како неуротрансмитери,кои пренесуваат сигнали меѓу нервните станици.
Тие сигнали предизвикуваат промени во нашите емоции.Така триптофанот создава серотонини,кои се заслужни за чувството на веселост,расположение па дури и занес.Веке спомнатиот фенилатиламин влијае на центрите за уживање како што се привлечноста,возбудувањето и вртоглавицата кои најмногу се активираат и реагираат за време на оргазмот.Тоа е една од причините зошто чоколадото е така добро и зошто постојат со „мудри“ изреки од типот „чоколадото е подобро од сексот“.
ДА или НЕ за чоколадото?Научниците дошле до едноставен
заклучок:ако јадете чоколадо три пати месечно,значи ке живеете најмалку една година подолго од тие што воопшто не ги сваќаат убавините на овој производ т.е.не го јадат.Ако не јадете чоколадо како да не постои утре.Тоа само ја потврдува тезата дека се е здраво или ништо не е нездраво ако се јаде во умерени количества.
Ако многу го сакате чоколадото и добро се чувствувате поради него,дозволете си го а ако потоа се чувствувате лошо намалете го количеството што го внесувате.


П.С јас многу сакам чоколадо и ми е големо задоволство кога го јадам а вие?
 
Еликсир на љубовта


Во свеста на секој од нас љубовта и чоколадата се најблиски до поимот за рај. Двете ни го подобруваат расположението, не смируваат и не прават посреќни. Замислете ја таа комбинација од двете задоволства.
Има многу нешта кои се ограничени поради предрасудите и конвенциите, особено сексот. Тој е табу-тема, што не е секогаш погодна за разговор, па дури и се доживува како нешто срамно. Слично е и со чоколадата. Сите се плашиме да не бидеме видени со табла чоколада во рака, а камоли лакомо да јадеме и да уживаме во нејзиниот вкус. Наводно мора да внимаваме на совршена линија. Најлошо е што на крајот чоколадата и самите ја доживуваме како нешто срамно и грешно.
А, всушност сите сме свесни дека станува збор за еден од најпривлечните изуми на човештвото. Тоа е фантастична мешавина на хемиски супстнации, вклучувајќи амини-киселини, кои одамна се познати поради својата способност да ни го подобрат расположението. Чоколадото содржи неколку природни стимуланси, како што се валеричната и глутаминскатакиселина, па не е чудо што толку копнееме за некое парче од толку посакуваното слатко задоволство.
Но, каква врска има чоколадата со љубовта, односно со сексот?
Па, вака. Во неа се наоѓаат многу супстанции, кои ги "имитираат" човековите љубовни хормони. Кај девојките кои имаат намалено лачење на овие хормони, многу поголема е потребата од јадење чоколада.
Првите бомбониери биле исклучително скапи, убави и инвентивни. Во една стара книга, од почетокот на минатиот век, се наведува дека тогашните слаткари познавале повеќе од 60 различни полнења на чоколадни бомбони. Во истото време, фабриките за чоколади ги произведувале во стотина различни вкусови.
Ако денес и` подарите чоколада на саканата личност, тоа е знак за љубов. Доколку се решите за таков подарок, треба да внимавате каква чоколада ќе изберете. Таа мора да е квалитетна и не премногу блага. Стереотипите дека чоколадата дебели или дека предизвикува акни, немаат научна заснованост. Напротив, грдите бубулички се се последица на хормонален дебаланс, кон консумирањето на овој "сладок грев" повеќе го кроегира, отколку што го влошува. Стоматолозите се противници на јадењето чоколада, но не се во право, зашто чоколадата многу брзо се растопува во устата за да би предизвикало трајни несакани последици, во вид на кариес. Најголеми непријатели на нашите заби се карамелите и бомбоните.
Затоа, слободно и без грижа на совеста подарувајте чоколада. Битно е да го изберете најдоброто.
Но, како да се направи тоа?
Многу лесно. Погледнете на задната страна од кутијата. Добрата чоколада мора да содржи 55-70 отсто какао. Ако во составот има 65% шеќер, станува збор за лош квалитет и не ја купувајте. Изберете го само она што има 30-тина отсто шеќер.
И чоколадниот напиток може да биде романтичен и сенсуален, но и за таа послатица мора да се најде убава чоколада, а не некоја "шеќерна табла". Казанова, најголемиот љубовник на сите времиња пиел чоколадо место шампањско.
Темната чоколада се смета за посоодветно за машки и им се подарува само на момчињата. Белото чоколадо, исто така е исклучително секси и може да го купите за новата љубов, додека чоколадите полнети со крем се израз на платонска симпатија и немаат многу врска со сексот. Бомбониерата би требало да биде завиткана во златна хартија, никако во сребрена. Романтиката им е важна на сите вљубени, без оглед дали се познаваат кратко време или се во врска со години. Секој сака неговиот партнер да биде романтичен, да го мази и пази, а чоколадата е вистинското "средство", кое ќе ви помогне во тоа.
Како да се јаде чоколадата?
Почнете со мирисот. Тој треба да е полн и премногу сладок. Површината мора е мазна, вкусот богат и кремаст... За другото си знаете и самите.
Сето наведено погоре покажува колку се блиски љубовта и чоколасата и дека, практично е невозможно да се раздвојат.
 
Чоколадо само за мажи

Компанијата „Нестле”, светски лидер во производство на прехранбени производи и пијалаци, на рускиот пазар ја пушти во продажба првата чоколада наменета за мажите „Нестле класик фор мен”.

Станува збор за млечна чоколада, млечна чоколада со бадеми и млечна чоколада со лешник и суво грозје.
Улогата на жените во општеството е се поголема. Границата меѓу мажите и жените постепено се брише. Мажите на тој начин сакаат да имаат работи што ќе им припаѓаат само на нив. Земајќи ја предвид таа потреба, компанијата ја разработи клучната идеја за производство на чоколада за мажи”, изјави еден од менаџерите на „Нестле”, Александра Тарасинкевич.
 
Cokolada.........mmmmmmmm....mnogu sakam cokolada... Sakam sekakva...bela, crna ali najvise sakam cokolada so topen lesnik:)...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom