Заврши тестирањето. Јас изиграв нешто повеќе од осум саати. Во тоа време поминав се што имаше на мапата која беше отклучена, ги тепав сите мини босови и двата главни. Забавна ми беше и едвај чекам да видам што друго ќе има низ светот. Основата си е таа, секој што играл некоја од претходните си знае точно што да очекува. На тоа има доста дополнителни детали во кои ќе треба да се навлезе.
Коњот и начинот на кој се движиш низ светот се добро направени. За пери не ме биваше баш ни во другите, ама овде како да беше уште потешко. Не е инстантно затоа што одмавнуваш со штитот па мора ептен добро да го научиш тајмингот, а дополнително и нападите на доста од противниците не удираат баш кога очекуваш туку секунда покасно. Ама затоа има и друга техника каде со обично блокирање со штитот можеш да направиш каунтер со хеви атек одма штом ќе те удри противникот. Помалце штета правиш него со пери, ама е многу полесно да го погодиш. И мислам дека доста работи имаат ставено во играта со цел да ја направат пристапна за што повеќе луѓе. На страна стандардните магии, има и ефекти кои ги ставаш на оружјата и можеш да ги користиш кога го држиш оружјето со две раце. Исто има и summons кои можеш да ги користиш кога си во близина на непријатели и на пример да повикаш неколку волци или па воини кои ќе се борат со тебе. Не прават многу штета, ама помагаат за да го одвлечат вниманието на противникот и да ти овозможат лесни напади. Околу местата каде што има повеќе или посилни противници има статуа и откако ќе умреш можеш да се вратиш инстантно пак кај таа статуа одма до местото кај што си умрел, а не каде што си одмарал последен пат, па да треба пак да го поминуваш цел пат до таму. Ама ова е избор на играчот.
Не знам дали е само мој впечаток, ама некако ми беше полесно него што очекував. А не леверирав многу, не фармав, не користев магии. Повеќето мини босови лесно се поминуваат од прва, а дури и да не успееш, ќе ти требаат не повеќе од уште еден или два обиди. Двата главни босови беа доста интересни. Маргит ме потсеќаше на Бувот во Секиро, кој ми е еден од омилените босови.
Графички не е нешто посебно ама е доволно добра. Се случуваше од време на време да има и драстичен пад во фрејмови ама не знам дали тоа беше до серверите сега, или самата игра. Имаат време да исполираат доста од деталите. Се на се, мислам дека ќе биде доста успешна игра, па и прифатена од пошироката публика. Се надевам и на интересна приказна која ќе може полесно да се следи.