Elden Ring

Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Заврши тестирањето. Јас изиграв нешто повеќе од осум саати. Во тоа време поминав се што имаше на мапата која беше отклучена, ги тепав сите мини босови и двата главни. Забавна ми беше и едвај чекам да видам што друго ќе има низ светот. Основата си е таа, секој што играл некоја од претходните си знае точно што да очекува. На тоа има доста дополнителни детали во кои ќе треба да се навлезе.

Коњот и начинот на кој се движиш низ светот се добро направени. За пери не ме биваше баш ни во другите, ама овде како да беше уште потешко. Не е инстантно затоа што одмавнуваш со штитот па мора ептен добро да го научиш тајмингот, а дополнително и нападите на доста од противниците не удираат баш кога очекуваш туку секунда покасно. Ама затоа има и друга техника каде со обично блокирање со штитот можеш да направиш каунтер со хеви атек одма штом ќе те удри противникот. Помалце штета правиш него со пери, ама е многу полесно да го погодиш. И мислам дека доста работи имаат ставено во играта со цел да ја направат пристапна за што повеќе луѓе. На страна стандардните магии, има и ефекти кои ги ставаш на оружјата и можеш да ги користиш кога го држиш оружјето со две раце. Исто има и summons кои можеш да ги користиш кога си во близина на непријатели и на пример да повикаш неколку волци или па воини кои ќе се борат со тебе. Не прават многу штета, ама помагаат за да го одвлечат вниманието на противникот и да ти овозможат лесни напади. Околу местата каде што има повеќе или посилни противници има статуа и откако ќе умреш можеш да се вратиш инстантно пак кај таа статуа одма до местото кај што си умрел, а не каде што си одмарал последен пат, па да треба пак да го поминуваш цел пат до таму. Ама ова е избор на играчот.

Не знам дали е само мој впечаток, ама некако ми беше полесно него што очекував. А не леверирав многу, не фармав, не користев магии. Повеќето мини босови лесно се поминуваат од прва, а дури и да не успееш, ќе ти требаат не повеќе од уште еден или два обиди. Двата главни босови беа доста интересни. Маргит ме потсеќаше на Бувот во Секиро, кој ми е еден од омилените босови.

Графички не е нешто посебно ама е доволно добра. Се случуваше од време на време да има и драстичен пад во фрејмови ама не знам дали тоа беше до серверите сега, или самата игра. Имаат време да исполираат доста од деталите. Се на се, мислам дека ќе биде доста успешна игра, па и прифатена од пошироката публика. Се надевам и на интересна приказна која ќе може полесно да се следи.
Компарација со ДС и Секиро?
Каде и како би ја поставил според досега виденото?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Компарација со ДС и Секиро?
Каде и како би ја поставил според досега виденото?
ДС за мене е Демонс Соулс, Дарк Соулс немам играно. Ама многу е поблиску до нив, него Секиро. Таа си е посебна во комбатот. Ова претпоставувам е како продолжување на Дарк Соулс, ама додадени и елементи од Бладборн и Секиро. Имаш скок плус напад, и слично.
Најбитното заборавив да го кажам, дека коњот внесува нешто ново во комбатот затоа што можеш да се тепаш дур си на него во отворениот свет, и против босовите кои се во отворениот свет.

Исто околу светот, мало делче беше ова за да се види дали само истото е напикано насекаде колку да се пополни простор или ќе биде целосно добро изграден. Во овој дел имаш неколку рушевини од објекти кои се како кампови и таму има група непријатели и некој ковчег, или нешто вредно. Исто имаше неколку пештери и зандани. Во пештерите и занданите на крај имаш мини бос. Имаше и еден противник кој се појавува во светот само ноќе, веројатно ќе има повеќе такви кои ќе можеш да ги најдеш во зависност од времето, затоа кај местата за чекпоинт имаш и опција да скокнеш до сабајле, попладне, навечер.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Дарк Соулс немам играно
W.. wait a minute... јас па мислев ти си левел 100 и се ти е поминато од жанров... :cautious:

Не знам од кај ме впечатокот дека и Дарк Соулс ти се одиграни..
Чекај, сигурен си дека не си играл? :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
W.. wait a minute... јас па мислев ти си левел 100 и се ти е поминато од жанров... :cautious:

Не знам од кај ме впечатокот дека и Дарк Соулс ти се одиграни..
Чекај, сигурен си дека не си играл? :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
Не, јас одбивав да ги играм игриве затоа што не сакав тешки игри и ми изгледаа глупо :D
Годинава почнав со Секиро, па после ги изиграв и Бладборн, Демонс Соулс и пак Секиро.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Не, јас одбивав да ги играм игриве затоа што не сакав тешки игри и ми изгледаа глупо :D
Годинава почнав со Секиро, па после ги изиграв и Бладборн, Демонс Соулс и пак Секиро.
Еј... ако издржиш и да не пробаш и Дарк Соулс јака ти душа.
Требало уместо Секиро по вторпат да одиш со ДС 1 :)
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.676
Поени од реакции
7.266
Како што гледав видеа имаат имплементирано скоро се од преходните игри во Елдер ринг од Демонс соулс до Секиро.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Еј... ако издржиш и да не пробаш и Дарк Соулс јака ти душа.
Требало уместо Секиро по вторпат да одиш со ДС 1 :)
Одма после Секиро во јануари симнав торент од првата и поиграв 15 минути. Секиро ми е уште на прво место заради брзината и поради тоа не ме влечат баш. А си сакам и добра графика јас. На компјутер не ми се игра, ама ако ги начекам некогаш на голем попуст може ќе ги земам за Плејстејшн па ќе пробам понатаму.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Се надевам дека ќе продолжат да го шминкаат жанров и во иднина и нема да згасни како RTS.
Т.е. не да го шминкаат (погрешно се изразив) туку да го усовршуваат во вистинска смисла. Шминкање ти иди нешто како вадење на копии од оригиналот со мали минорни измени.

Искрено... уживам во повеќе жанрови на видео игри, освен спорт гејмс, нид фор спид стил.
Извесно време ме бустат хорор пуцачини, имав доста добри моменти таму оваа година. Но како што сум хајпнат на секој нов тајтл од овој жанр на никој друг ни приближно исто :D
Можеби ругав по Секро но знаев дека нема да ја оставам непробана. Ја пробав и сфатив дека напразно сум ругал.

Единствениот тајтл кој би можел да го украде хајпот од соулс игриве е долгоочекуваната Елдер Скролс 6.
За жал сѐ уште во рудиментарна форма, но се надевам ќе ја реализираат педерите од Бетесда и ќе престанат да ѝ прават дилеј заради факинг Фолаут :icon_mrgr:
Секиро ми е уште на прво место заради брзината
@wot еднаш напиша една реченица и во право беше.
- Многу е битно со која (т.е со кој дел) ќе почнеш.
Јас стојам на тоа дека првиот пат е најслаткото. Моментот кога ја проучуваш суштината на играта и жанрот, моментот кога се запознаваш со светот.
Ок, сите гледаме и цениме надоградувања и еволуирања, но прво си е прво :cool:
 
Последно уредено:
Член од
5 декември 2014
Мислења
379
Поени од реакции
384
Тоа е, после гејмплеј претставувањето, а сеа со видените импресии од неколкуте релевантни извори само се констатира што ќе сочинува новово ајпи на Фромсофт. Всушност е кулминација на се досега нивно издадено, низ превезот на BOTW ко гејм дизајн приод.
Ова е природна разврска и еволуција кон пристапот, бидејќи плафонот веќе го надмашија со ДС3 и Секиро преку таквиот начин на експлорање со сегменитрање на области во хабови и полу-наведувачки светови, на кои веќе им се проѕираше скриптичноста. Ова е тој ултимативен системски и емергентен гемплеј за кој Мијазаки копнеел уназад... иако ги имал состојките, му требал нацртот на гореспоменатата да му ги постави постулатите.
Механички безсрамно позајмува од сите претходници (пред се ДС), истиот енџин, мувмент, рихашани атак-доџ анимации, некои од предметите и моделите, али тешко дека тоа ќе се земе за зло пошто надохнадува со надоградени и продолжени combo-chains, обземенувачко ниво на weapon arts/skills/magic/miracle опции, бескрајно комбинирање на дворачни оружја и уникатни комбо-сет анимации при скокање и залетување за секое екипирано оружје.
Таквата емергентност ќе значи поприлично голема слобода во истражувањето и комбат сусретите, со таа цел се воведени толку нови погодности ко нерестриктивен траверсал, мапа, зачестени чекпоинти, мобовите остануваат исцицани и надвор од битка и пунат лечајка со секој хитпоинт, побрзо пунење стамина, ептен op block-counter удар, op magic i miracle класи општо у целост.... ќе пројде низ балансирање и полирање нахнадно али се ова може да го подели малце комјунитито и да малдаат некои што мислеле дека отстапиле бааги од нивната есенција, но ова покажува дека никад не им било целта да праат предизвикувачка игра just for the sake of it, туку тоа да извира од гејм системите.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Гледав сношти GG ривју кај што ѝ прават.
Аууу, ќе речам нешто и ќе изгорам ваљда...

На одредени моменти графиката ми делуваше како Dark Souls Remastered :toe:

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.676
Поени од реакции
7.266
Не се заебавајте гејмплејот е солза ,за приказната не се сомневам во ЏРРМ, само уште ме интересира дали е избачансирана пвп играта а за графиката не се замарам ич.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Гледав сношти GG ривју кај што ѝ прават.
Аууу, ќе речам нешто и ќе изгорам ваљда...

На одредени моменти графиката ми делуваше како Dark Souls Remastered :toe:

Видео пуштено на стрим не е некој репер. Мене битна ми е графиката, сакам се околу мене убаво да изгледа. Во Елден Ринг не е на некое високо ниво, би рекол дека е нешто како Секиро. Мене не ми засмета дур играв. Ама штета што уште се немаат подобрено во тој сегмент. Требало да ги најмат Блупоинт за да им ја направат како Демонс Соулс.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Mene vcera me fana kriza i pustiv Demon Souls nov build. Ama primetiv deka uste mi e svezo, Boletaria mi e na pamet naucena i brzo progresirav bataliv pa pustiv DS3.

Ja igram atm 3kata i solidna e graficki, ne se osetiv mnogu kako da pustiv last gen igra. Taka da ako DS3 uste se drzi, minium ke bide kako nea. Sto e dovolno. Plus izgledav Vati i se hajpnav, edvaj ja cekam Elden. Sovrsen period ke izleze.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
@wot еднаш напиша една реченица и во право беше.
- Многу е битно со која (т.е со кој дел) ќе почнеш.
Јас стојам на тоа дека првиот пат е најслаткото. Моментот кога ја проучуваш суштината на играта и жанрот, моментот кога се запознаваш со светот.
Ок, сите гледаме и цениме надоградувања и еволуирања, но прво си е прво :cool:
Вчера заборавив да реплицирам на ова. Кај мене има и друг голем плус. Тоа што ти дава едно оружје и си тераш. Знам дека за многумина баш тоа е убавината, што имаш милион опции и можеш да правиш многу различни билдови, да наоѓаш различни оружја. Јас не сакам да се замарам со тоа. Преферирам да имам едно оружје и да си се фокусирам на тоа, не да барам кое е подобро во ова, кое во она. И во Елден најверојатно после ден-два ќе побарам кое оружје е најдобро и кај да го најдам, за да си го земам тоа. Не знам во ДС дали имало, ама овде има и цел крафтинг систем кој воопшто не го ни погледнав во демово.

Sovrsen period ke izleze.
Мене ме плаши периодот. Елден Ринг една недела после Хорајзон, а сакам двете да ги играм одма и ќе си бараат доста време и посветеност. За двете хајпот ми е на слично ниво и ако остане вака ќе мора да донесам тешка одлука и да одложам една :D
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Видео пуштено на стрим не е некој репер. Мене битна ми е графиката, сакам се околу мене убаво да изгледа. Во Елден Ринг не е на некое високо ниво, би рекол дека е нешто како Секиро. Мене не ми засмета дур играв. Ама штета што уште се немаат подобрено во тој сегмент. Требало да ги најмат Блупоинт за да им ја направат како Демонс Соулс.
Секиро графички е подобра од ДС3, а оваа на моменти ми се чинеше како Секиро, а на моменти нешто измеѓу ДС3 и 1- Римастер што е стварно срамотно!
Мораш да ја еволуираш и графиката, не можи нова игра да ти изгледа како игрите што си ги вадел пред 2 или пред 5 години, значи мора да изгледа поубаво.
Не дека изгледа лошо, напротив, изгледа одлично, но како да имам чувство дека требало да ја направат онака на прв поглед да отскокнува и да паѓа во очи. Како Секиро во однос на ДС бе, ете уште еднаш ќе се послужам со истиов пример.
Кај мене има и друг голем плус. Тоа што ти дава едно оружје и си тераш. Знам дека за многумина баш тоа е убавината, што имаш милион опции и можеш да правиш многу различни билдови, да наоѓаш различни оружја. Јас не сакам да се замарам со тоа. Преферирам да имам едно оружје и да си се фокусирам на тоа, не да барам кое е подобро во ова, кое во она.
Тоа па мене ми беше во графата на критики кои ги имав кај Секиро :icon_mrgr:
Јас ако не исчтистам една област од мобиви и ако не застанам така во некој ќош, едно пола саат(+), да истегнам еден Редбул во компарации и калкулации со кое оружје да одам следно... за мене то е extra dull.
Па едно 10-20% од времето ако не го поминам во калкулации на демиџ/дифенз, оружје/армор, то значи - ништо од бизнисот, слаб е импактот.

Од сам старт кога ги почнав игриве уживав во овие ствари. Долговременски периоди на калкулации за тоа како да му упаднам на следниот лорд што е можно поопасен и колку што е можно поголем badass да будем :cool:
Инфузии, апгрејди, левелирања... составен дел од уживањето според мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom