- Член од
- 1 ноември 2019
- Мислења
- 357
- Поени од реакции
- 356
Елден Ринг произлегува како соработка помеѓу Џорџ Мартин ( Игра на Тронови ) и Хидетака Мијазаки односно студиото за игри што ни ги донесе Дарк Соулс, Секиро и Бладборн ( оние тешките ). Со работа, односно развивање на играта е започнато веднаш откако студиото Фром Софтвер комплетно ќе заврши со работа на Дарк Соулс 3 во 2017, соработката е започната по иницијатива на Хидетака Мијазаки каде што тој како режисер ја развива играта по претходна зацртана приказна и креиран универзум од страна на Џорџ Мартин.
Играта прв пат на јавноста беше претставена на саемот за игри E3 во 2019, за играта се знае дека е природен наследник на Дарк Соулс, играта ќе овозможи креирање на карактер, и ќе биде од типот "Open World" што ќе овозможи поголема слобода во движење и поголемо истражување. Елден Ринг требаше да има свое претставување оваа пролет, но поради корона вирусот истото не се случи, иако беше претставена пред скоро една година сеуште немаме повеќе официјални информации за играта што не е карактеристика за студиото откако ќе најави игра. За музиката ќе биде задолжена Јука Китамура која им е добро позната и на студиото и на фановите поради тоа што има работено на повеќе игри создадени од ова студио.
Од шпекулациите што се вртат Елден Ринг треба да излезе 2020 иако станува се поневозможно, најновите шпекулации укажуваат и на тоа дека ќе има одбирање на ниво на тежина на играта.
Знам дека има подобро упатени од мене како и поголеми фанови на игрите на Мијазаки и Фром Софтвер, затоа надополнете ме и споделете свое мислење.