Elden Ring

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Ќе пробам што помалце да гледам пред да ја играм викендов, ама изгледа сите имаат позитивни импресии.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Ќе пробам што помалце да гледам пред да ја играм викендов, ама изгледа сите имаат позитивни импресии.
Од тоа што ненамерно го видов, ми изгледа дека е поспора од Секиро, а побрза од ДС франшизата.
Мислам дека коментирав некаде погоре низ темава... Ова е повеќе во стилот на ДС, што стварно ми се допаѓа, многу ми се допаѓа.

А друго што ме интересира е... дали стварно е нешто во open world стил? Ништо не сум читал и истражувал, се чувам. :cool:
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.683
Поени од реакции
7.269
Еве го и првиот Бегинерс гајд.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.683
Поени од реакции
7.269
Инаку гледам од ironpinapplе детален ревју. openworld e играва.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Играв денес скоро три саати. Позитивен впечаток имам, иако не би рекол дека видов нешто ново. Изгледа ќе има многу за истражување затоа што и малово делче што е пуштено делува доста големо, а не па цела мапа. Комбатот ми е скоро ист како во Демонс Солс.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.683
Поени од реакции
7.269
Играв денес скоро три саати. Позитивен впечаток имам, иако не би рекол дека видов нешто ново. Изгледа ќе има многу за истражување затоа што и малово делче што е пуштено делува доста големо, а не па цела мапа. Комбатот ми е скоро ист како во Демонс Солс.
Пвп проба?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Не. И општо не ме интересира баш, само во Демонс пробав, ама и скроз на почеток со обичен меч и ништо друго сигурно воопшто не е интересно. Прочитав и дека имало проблеми.

Планот ми е да прошетам колку ќе стигнам утре, па во недела да ги пробам на кратко сите класи за да знам што да играм кога ќе излезе.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.683
Поени од реакции
7.269
Не. И општо не ме интересира баш, само во Демонс пробав, ама и скроз на почеток со обичен меч и ништо друго сигурно воопшто не е интересно. Прочитав и дека имало проблеми.

Планот ми е да прошетам колку ќе стигнам утре, па во недела да ги пробам на кратко сите класи за да знам што да играм кога ќе излезе.
У погрешна игра си одлучул да пробаш пвп незнам за ББ али само у ДС3 е средена пвп играта и е избалансирана.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Директ ПВП на сефте игра ми е класично сквернавење според мене.
Дајте да ги испоштоваме батиците прво. Се потрудиле околу прича, карактери, атмосфера и слично, прво да ја доловиме суштината на играта па након тога чампамо на ПВП. Кој сака нормално... :cool:
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.683
Поени од реакции
7.269
Директ ПВП на сефте игра ми е класично сквернавење според мене.
Дајте да ги испоштоваме батиците прво. Се потрудиле околу прича, карактери, атмосфера и слично, прво да ја доловиме суштината на играта па након тога чампамо на ПВП. Кој сака нормално... :cool:
Друго е искуството кога ја играш пвп само и друго е кога ти е прв плејтру многу е позававно со пвп друго искуство е плус од Фромсофт ќе ставеле посеби арени за пвп, али работата е да искусиш нешто поинаку од сингал плеер плејтеу.
ПС немам ништо против кој си игра само сингал плеер секако се забавни игрите и така.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Заврши тестирањето. Јас изиграв нешто повеќе од осум саати. Во тоа време поминав се што имаше на мапата која беше отклучена, ги тепав сите мини босови и двата главни. Забавна ми беше и едвај чекам да видам што друго ќе има низ светот. Основата си е таа, секој што играл некоја од претходните си знае точно што да очекува. На тоа има доста дополнителни детали во кои ќе треба да се навлезе.

Коњот и начинот на кој се движиш низ светот се добро направени. За пери не ме биваше баш ни во другите, ама овде како да беше уште потешко. Не е инстантно затоа што одмавнуваш со штитот па мора ептен добро да го научиш тајмингот, а дополнително и нападите на доста од противниците не удираат баш кога очекуваш туку секунда покасно. Ама затоа има и друга техника каде со обично блокирање со штитот можеш да направиш каунтер со хеви атек одма штом ќе те удри противникот. Помалце штета правиш него со пери, ама е многу полесно да го погодиш. И мислам дека доста работи имаат ставено во играта со цел да ја направат пристапна за што повеќе луѓе. На страна стандардните магии, има и ефекти кои ги ставаш на оружјата и можеш да ги користиш кога го држиш оружјето со две раце. Исто има и summons кои можеш да ги користиш кога си во близина на непријатели и на пример да повикаш неколку волци или па воини кои ќе се борат со тебе. Не прават многу штета, ама помагаат за да го одвлечат вниманието на противникот и да ти овозможат лесни напади. Околу местата каде што има повеќе или посилни противници има статуа и откако ќе умреш можеш да се вратиш инстантно пак кај таа статуа одма до местото кај што си умрел, а не каде што си одмарал последен пат, па да треба пак да го поминуваш цел пат до таму. Ама ова е избор на играчот.

Не знам дали е само мој впечаток, ама некако ми беше полесно него што очекував. А не леверирав многу, не фармав, не користев магии. Повеќето мини босови лесно се поминуваат од прва, а дури и да не успееш, ќе ти требаат не повеќе од уште еден или два обиди. Двата главни босови беа доста интересни. Маргит ме потсеќаше на Бувот во Секиро, кој ми е еден од омилените босови.

Графички не е нешто посебно ама е доволно добра. Се случуваше од време на време да има и драстичен пад во фрејмови ама не знам дали тоа беше до серверите сега, или самата игра. Имаат време да исполираат доста од деталите. Се на се, мислам дека ќе биде доста успешна игра, па и прифатена од пошироката публика. Се надевам и на интересна приказна која ќе може полесно да се следи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom