Во 99% од рецензијава се слагам, али тој 1%...Ајде вака, конечно после 200 саата играње развлечени во скоро 3 месеци, и пред ng+.
Ја почнував двапати од почеток, со различни билдови, пред да го започнам и конечниот, 3. билд, кој ми беше хибрид од quality / faith / intelligence, уствари од се по нешто, бидејќи уствари и све ми се свиѓаше и сакав да си ги задоволам апетитите. Знам дека ваков билд нема да најдете како предлог на нет, бидејќи сите им се мета, од 120 - 150 level, а јас ја завршив со level 180. Да дополнам, првите два билда беа чисто искусување на играта, и тука ми отидоа 40 саата. Отприлика, 10 дена од животот ги вложив во играње на Elden Ring.
Почетокот ми беше тежок, конфузен, не знаев од каде да почнам, и кој пат да го фатам, и како што кажав, иако мислев дека тоа што е open world ќе ми се свиѓа, уствари испадна дека не е баш така. Dark Souls сама по себе е доволно збунувачка, од аспект на тоа што немаш ни мапа, ни квест, ни некој било каков значаен патоказ каде да одиш и што да правиш. И како тоа да не беше доволно, па open world значеше агонија за мене. Да, ќе каже некој, имаш тука мапа и стрелка, и знаеш каде треба да одиш и слично, но не, не е така, туку поима немаш, поточно јас поима немам. Затоа, за да не се замарам со тоа, и да не се губам во просторот и времето, а и тоа се случуваше бидејќи имаше денови кога не можев да играм по цела недела скоро, си изгуглав препорачан walk through редослед со мапи и sites of grace, и така си ја терав. Секако, со 3. билд, до крај.
Имав впечаток дека има дилеј во командите, но тоа некако се заборави, и се навикнав, и ми се свиѓаше механиката, скоро совршена, но сепак една класа под Sekiro. Ја играв на рати, некогаш се случуваше со саати, буквално со денови да не станам од конзола, а тоа значеше по 12, 15 саати гејмање, а некогаш ја паузирав со денови, што од обврски, што од фактот што ми беше потребен одмор на мозокот после сите тие долги саати и непроспиени ноќи.
Конзолата прилично мазно ја вртеше, про четворката се покажа како добро парче хардвер, но колку што читав и гледав, ниту слимот не заостануваше нешто посебно, напротив. Графиката просек, што не очекував, но сепак знаете, ние DS фанови што сме во душа и тело, тоа ни е најневажната работа буквално. Импресионира дизајнот на световите, со исклучок на Mountaintops of the Giants, каде буквално се воочува дека се наоѓале во некоја криза, со сите тие одложувања што ги правеа, и како да им скурчило и уздуж и попреко, и едвај чекале да завршат. Искрено, и мене во тој даден момент, кога стигнав до таму, ми дојде преку глава, и едвај чекав да завршам, и да продолжам со нормално секојдневие и обврски, па може само проектирам мои внатрешни аспекти на други
Мислам дека очекував многу повеќе разновидност на армори, и посебно, акцентирам посебно на оружја, кои некако многу малку ми се видоа. И од сите оружја, сепак немав некое што така силно ме воодушеви, како на пример Black Knight Greatsword од DS1, или пак Whirwheel или Rakuyo од Bloodborne, или пак Red Iron Tweenblade од DS2, или пак Demon's Greataxe или Dragonslayer Greataxe, или пак Yhorm's Greatmachete. Да, DS3 има огромен избор на добри големи оружја, мачови, секири, прекрасно дизајнирани, кои носат некоја приказна со себе, и кои изгледаат прекрасно дур ги дробиш противниците и едноставно уживаш само во процесот на гледање на борбата. Тука, кај Elden ring, тоа не го осетив. Можам само да кажам, пошо сум fashion souls, и да не бидам толку строг, можеби имаше 3 до 4 макс избор на армори или нивни комбинации во ER, како на пример, Zamor сетот, кој е стварно јако напраен, посебно маската и торзото и ми е омилен, Night's Cavalry и Drake Knight се истотака интересни, можеби сетот на Маликет. Од оружја Sword of Night and Flame ( Song of fire and ice anyone ) и тоа најмногу ради функционалноста, но сепак го оштетиле многу со изгледот, мислам, имаш меч што блуе оган и магија и изгледа како чепкалка за заби. Можеле многу подобро, многу многу подобро. Моите омилени универзални од цела франшиза, Claymore, Zweihander, истотака трагично и неславно изведени. Можело многу повеќе и подобро, а и многу чекавме, нели, и заслуживме.
Ќе продолжам покасно.
Еден ss:
Прегледај го приврзокот 335504
Samo dualwield baki, poso shield e za pickici.
Magma Blade е јако оружје, и добро изгледа. Ќе изумев за малку да го спомнам. Штета што е lategame.
Прегледај го приврзокот 335506

I mean woooooooooow brooooo!

Зар стварно престана да уживаш на Mountaintops of the Giants?
Јас па не можев да престанам да уживам во таа област.
Зборуваш од дизајнерски аспект како за изглед, или мислиш на „празноста„ во тој дел од играта?
Пошо ако зборуваш само од аспект на дизајн (looks) јас морам да не се согласам со тебе. Ама ЈАС.
Имам кажано во повеќе наврати, обожавам снежни области во сите игри.
Нема да зборувам за lore-от, колку е празна или полна областа и други детали пошто сум тотално изгубен, појма неам шо се дешава.
Вината е 50-50 на моја и на страна од самиот тип на игра. Мојот прв коментар во темава кога разбрав дека е Open World беше - oh fuck no.
Ова требаше да се игра турбо без паузи и одмарања. Пошо јас ден играм -ден не, го заборавав плотот, ги заборавав меин и сајд квестовите, карактерите и сѐ поврзано со приказната во играта. Не пратам Вати-Мати и тоа е

Сувопарно ја играм чисто поради гејмплејот и мојата приврзаност кон Соулс светот.
За жал се погоди и таков период кај што стварно немав време за играње, а ја играм еве повеќе од 3 месеци...

Се надевам да ја довршам за скоро па да почнам нов плејтру систематски совладуваќи ја приказната.