Ел Класико : Реал Мадрид - Барселона (0-2)

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување

Исходот од дербито:


  • Вкупно гласачи
    295
Статус
Затворена за нови мислења.
ќе има победник овде, а што е најбитно победникот ќе ја има неповратната шанса за зимање титула...

и двете екипи се комплетни но мислам дека над Барса ќе влијае тоа што играат во ЛШ и купот Шпански...
 
Барса ке оди на нерешено со Арсенал мислам дека и Гвардиола ке ги сочува играчите за Реал затоа што Барса и со 0-0 во лига на шампиони оди понатаму, и да се разбира очекувам победа на Барса против Реал.:smir:

Барса 100% ќе оди на тоа да постигне погодок против Арсенал што е можно побрзо, со тоа цел натпревар ќе биде многу полесен.



А во недела, мој тип: тешка победа на Барса.
Сепак Реал не е истиот од минатата сезона, ама кој мисли дека Барса е иста, или дури и полоша, му треба стручна помош.
Пред се, ќе гледаме, убав, течен, отворен и напаѓачки фудбал, се надевам од двете страни, не сакам судијата да го расипе натпреварот како на многу дерби средби и се надевам трите бода ќе одат на оваа локација: 41°22′51.20″N 2°7′22.19″E :tv:
 
ќе има победник овде, а што е најбитно победникот ќе ја има неповратната шанса за зимање титула...

и двете екипи се комплетни но мислам дека над Барса ќе влијае тоа што играат во ЛШ и купот Шпански...

Не играат таму, испаднаа од Севиља.
 
ја сум за интересна и неизвесна утакмица нека тепа подобриот и да има голови што е најважно
 
Ке биде трилер утакмица осекам... Барса на првиот натпревар не покажа некоја игра што беше малце необично,,но сепак стигнаа до трите бода благодарение на нослето,а реал пак игра малце дезориентирано во одбрана додека средината и нападот им се феноменални последниве неколку кола,,,

,,,се на се очекувам одличен натпревар и благ фаворит ми е Реал поради домашниот терен,,, но сите ја знаеме силата на Барса :)
 
Би сакал Реал да победи, а пред се би сакал утакмица за око. Неутралните да погледаат добар фудбал :)
 
Реал Мадрид -Барса 2:3 (Роналдо,Игуаин-Меси х2,Ибрахимович):pos2:
 
Ќе биде одличен натпревар нема збор тука..можеби оваа е едниствена сезона во последните 10-тина години каде барса и реал се на исто ниво по квалитет и каде ги газат противниците како од шала...Моментално реал е во подобра форма и домашниот терен му дава предност каде има 15-0-0..но игра против барселона екипа која е тренер пеп гвардиола кој има вградено шампионски менталитет,победничка атмосфера и тимот има одлучност во најважните моменти..по квалитет се тука некаде што не би сакал да споредувам..можеби за нијанса барселона е поквалитетна но ништо не се знае во овој фантастичен дуел помеѓу титаните....

Од навивачки аспект сакам реал да победи и да бидат први на крајот но ќе биди тешко, страшно тешко (иако барса има натпревар вторник со арсенал) за да се стигни до победа против барселона.....со резултати како 4-0,5-1,2-6,0-5 заборавете тоа нема да се случи......Мој тип: 2-2,3-2,2-3......:toe:
среќно
 
Реал дома има 100% учинок, а јас не памтам последниве години од кога играм редовно кладилница во било која лига некој да завршил со 100% победи на домашен терен. Сите кога тогаш кикснуваат и мислам ова е вистинскиот момент за тоа:)
 
Коефициентите се 2.30 за победа на Реал,3.60 за нерешено и 2.70 за победа на Барса.
И нормално...гласав за најдобрите т.е за Барса:wink:
 
Роналдо и компанија ако ја изгубат и оваа утамица дома може слободно во вардар да се фрлат ласта
 
Реал дома има 100% учинок, а јас не памтам последниве години од кога играм редовно кладилница во било која лига некој да завршил со 100% победи на домашен терен. Сите кога тогаш кикснуваат и мислам ова е вистинскиот момент за тоа:)
За се има прв пат... ама за се.
Можеби ке останеме вака до крај, па прв пат ке видиш 19-0-0, а можеби и прв кикс ке биде во Ла Лига дома.:smir: Се има прв пат
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom