Еее, ама кој ги прашал студентите.Освен ако колективно цела генерација избегнуваш закажан колоквиум.
Во една сесија ми се случи од 5-те предмети колоквиумите ги полагав од вторник до сабота секој ден.Тешко дека ова е нормален начин на студирање.
Ми се случило да полагам и 2 колоквиуми во ист ден (еден во 8, друг во 11) поради изгубеноста на персоналот задолжен за тие работи.А во прва година беше еден колоквиум на минимум 4 дена.После ни го сменија ова вака наводно да ни помогнеле за побрзо да ни завршеле обврските.Како да не...
Скоро се е останато исто.
1.
Нула практична настава, освен за неколку студенти со 9,50-10 просек кои заминале на пракса по барање на фирмите, а не на иницијатива на факултетот.И после неколку такви *акции* фирмите видоа дека студентите со највисок просек се дрва, камоли *понеучените*, па се откажаа.
2.
Таквите професори уште се тука, само сега модифицирани - добри се со сите кои се моментално на власт.За професоров од СДСМ мислам дека знам точно за кого е муабетот.
А за непојавување на настава (и на испити и колоквиуми) најголем дел од нив се такви.Навикнавме веќе на такви ситуации.
3.
За корупцијата да не грешам душа, морам да кажам дека е значително намалена, со исклучок на неколку постари професори (еден од нив пријавен и фатен со обележани пари, после од факултетот беше само суспендиран.Претпоставувам се заканил со отворање уста и за другите *колеги*.После година дена суспензија пак е вратен на работа).
Истотака, една работа очигледна општо позната за професорите таму.Забрането е да се алкохолизираш на работно место, макар не е страшно 2-3 чаши ама да отсуствуваш од предавања и да се заклучуваш в канцеларија со други професори...
Пријавите сега се поефтини, ама факултетот си ја презеде продажбата (Економски е, нели

).Една обична уплатница е 15 ден. (а цел кочан со 100 парчиња е околу 40-50 ден. малопродажна, 17-20 ден. набавна цена).И потребните документи за заверки или пријава на испити ќе ги добиеш само ако господинот од скриптара не е заклучен и запиен.Единствена светла точка од персоналот се луѓето од студентски прашања (не сите), архива и по некој редок тип професор.
И како 4 точка ете да надополнам, поголемиот дел професори работат по лекцијашки систем.Од 30-40 теми во еден колоквиум ти добиваш 4 (х10/х20 бода зависно дали е испит/колоквиум).Голема е веројатноста од тие 30-40 теми баш четирите добиени да не ти се баш најјака страна.
Среќа за студентите голем дел од професорите вртат комбинации на прашања и тие се повторуваа на неколку сесии, па имаш шанса да го средиш испитот со 10-тина лекции научени.А за толку се способни сите.Ама колку е добро, толку и лошо.За останатиот дел од материјата сме хендикепирани.
Вин-вин ситуација, ние сме положиле, професорот си создал имиџ на *добар, лесно е кај него* со истите лекции и оправдание пред факултетот дека добар процент студенти го владеат неговиот предмет.
Сите овие работи не се ни Е од ЕКТС систем.Ама секогаш кога ќе извршат промени во наша штета (како на пр. намалување на кол. од 3 на 2 после вториот семестар и намалување на сесиите) се правдаа дека тие глупости се имплементација на ЕКТС.Баш со тој речник (На кој поголемиот број од вработените не им го разбрале значењето, ама сепак го користат пошо е модерно, нели)
:
Инкорпориравме нови образовни текови на нашиот модерен факултет што е детерминирано од потребата за интерактивно образование по принципите на ЕКТС.
Мислам дека ова најмногу би ги опишало нашите професори и нивното гледање за примената на ЕКТС