ЕКТС-Дипломирaн дебил

  • Креатор на темата Креатор на темата Zona Pelucida
  • Време на започнување Време на започнување
Доколку тоа се имплементира на нашите факултети, е тогаш и то како ќе има пораст на корупцијата. Ако професорот знае дека имаш два пати за полагање, ко што ги дал Господ овие нашиве професори многу "совесни", има да прави аукција пред секој испит и најдобрите три понуди (ова потсеќа на толку зборуваните тендери) ќе ја имаат честа да добијат тутурутка (ова диплома).

Што е од одредена гледна точка добро, бидејќи тоа ќе биде катализатор за да излезе корупцијата од контрола и нема да може да се крие повеќе правнички што ќе иницира многу големо незадоволство кај студентите и ќе се случи нешто што ќе резултирра во нешто што ќе ги уништи сите корумпирани професори.
 
Таа точка ако се имплементира автоматски значи десетструко зголемување на студентите кај приватните универзитети :)

Но сепак има логика, ако не успееш по колоквиуми да положиш идеш на испит, ако пак не успееш идеш пак и ако трет пат не успееш дефинитивно не си за тој факултет. BTW ова важи за сите предмети или само за клучни? Пошто ако запнеш на некој предмет што и не е така близок со струката твоја пример економија на информатика факултет ќе треба да се отпишеш од факс...
 
Според болоња правото на полагање на испит максум двапати важи за сите испити, а со оглед на тоа дека според болоња за секоја наставна единица дали тоа било предавања или лабораториски мора да има на крај стандардизиран писмен испити по кој ќе се оценува студентот тоа значи тоа двапати максимум важи за сите. Е сега ако паднеш двапати на испит за предавање или вежби кои се изборни воопшто не е трагично бидејќи кредитите ќе ги земеш од друг изборен предмет, ама ако по вторпат паднеш задиолжителен предмет за твоите студии е тогаш кажи им чао на студиите. И пак ќе повторам според болоња не е предвиден испитите да се дела на два или три колоквиуми, тука во германија а и во австрија не полагаат такви колоквиуми, туку идат за секое предавање на крај од семестар на испити и ако тој испити го паднат двапати а е задолжителен ондак чао на студиите.
Согласно со тоа бидејќи јас идев на предавања кад еимаше како мене по стариот систе и луше по новито систем (болоња) професорите ги советуваа студентите да не се обидуваат да идат на поправниот испит кој бешеш после 2 недели пошто жансите да го научат материјалот во тие 2 недели се многу мали, и дека не терба да си ги ризикуваат целите стдии ради тоа.
 
Што е од одредена гледна точка добро, бидејќи тоа ќе биде катализатор за да излезе корупцијата од контрола и нема да може да се крие повеќе правнички што ќе иницира многу големо незадоволство кај студентите и ќе се случи нешто што ќе резултирра во нешто што ќе ги уништи сите корумпирани професори.

Кажаното важи за сите нормални држави, но во нашава ненормална држава работите се поставени поинаку. За пример ќе земиме еден од можните типови на студенти, односно оние кои што од дома ги тераат да завршат факултет (кои претставуваат некои 60-70% од студените), а нив ич не им е до факултет или такви работи. И сега поради тоа што мама,тато, баба ,дедо сакаат нивниот син/ќерка, внук/внука да не биди подолу од другите, ќе се опрделат за варијантата на 'подмачкување' на професорот и тоа на најсофистициран начин, така што и Шерлок Холмс да не ја открие целата работа. И од претходно изложената ситуација имаме нешто што во преговорите се нарекува win-win ситуација, и студентот (односно неговите задоволни), а и професорот презадоволен. И која од двете страни би потегнала иницијатива за да се дојди до крајот на оваа идила.

Во целата слика не влегуваат останатите 30-40% од студентите кои што по своја желба се запишале на факултет и сакаат да научат. Од овие студенти професорите не очекуваат да влезат во претходно кажаната игра.
 
Јас сум против ЕКТС. Вака, јас дипломирав на правен по стариот систем, а сестра ми е исто на правен по новиот систем, па преку неа гледам што се случува и како се упропастуваат децава со овој систем.
Прво, неможе некој да извади на двата колоквиуми по 35 поени(колку што се максимум) и да има осмица.:toe: Ако тој некој од можни седумдесет прашања сите ги одговори точно која е логиката да има осмица. Знам, знам немал поени од активност, од есеј и други слични глупости. Епа сега кажете ми во ред ли е тој некој што го знае материјалот за 10 да има 8, само затоа што не е тип на човек кој ке седи во прв ред и ке тропа зелени( со ретки исклучоци) и ќе собира поени. Друго, од кај тој професорот ке биде сигурен дека сите студенти се сразмерно испрашани? Што ако некој е прашан 30 пати, а некој едвај 5? Мислам логика нема. И на крајот и оној што се утепал од учење и оној што на колоквиум вадел просечни поени ке имаат осмици.

Второ што не ми се допаѓа е тоа што им ги ставаат колоквиумите еден по друг ден. Мислам факултетот го направиле како само да е битно полагањето, а не знаењето. И после ке се жалиме дипломирани дебили сме имале. Па како сакаме ние тие деца да спремат четири обемни материи кои немаат допирни точки една со друга за краток период и плус тоа без барем 2 дена за да ја повторат таа материја? Студентите не се ни најмалку виновни. Кој и да е ќе гледа да се снајде и да помине, а не да научи.
 
Јас сум против ЕКТС:sick: затоа што произведува морони а токму тоа е и целта на овој систем. Најмногу што ме нервира се семинарските, презентациите-не можеш да постигнеш да направиш семинарска и презентација по секој предмет ако редовно ја посетуваш наставата-по цел ден си на факултет, откога ќе ти завршат предавањата дома си доаѓаш изморен и сакаш само да спиеш и поради тоа не можеш квалитетно да учиш и да постигнеш добри резултати. Професорите не предаваат ништо(овој систем овозможи тие да уживаат) и само не гњават скоро секој ден со некакви си скрипти а не те прашуваат дали имаш пари за да ги копираш или да ги купиш. Исто така ме нервира оценувањето тоа е многу нереално-ако не си редовен на настава и немаш направено семинарска или презентација а колоквиумите си ги положил со највисок резултат имаш најниска оценка, а некој кој што има лоши резултати на колоквиум добива повисока оценка затоа што само бил редовен на настава, направил семинарска и презентација. Многу сакам да се врати стариот систем но тоа изгледа нема да се случи.
 
Игзекли. :smir: Оние кои сакаат да учат и да научат нешто, всушност и многу ретко одат на факултет за таа цел. Нашите факултети, по нов или стар систем сеедно, се само обичен филтер за вработување во јавната администрација. Значењето на факултетското образование ја загуби својата смисла, а студентите одат на предавања и полагање испити само за да можат нивните мајки да се фалат колку се тие успешни. Ништо повеќе, ништо помалку.

ЕКТС нема апсолутно никаква разлика од стариот систем. Ние, по стариот систем собиравме потписи што практично е исто со плусчињата и минусчињата кои одредуваат дали студентот има доволно кредити за полагање. Начинот на полагање, предавање и губење време на факс е сеуште ист...
Ќе ти кажам за мене и ќе ви стане јасно како беше порано,додека студирав на Економскиот во Прилеп пред 18-тина години,наставата беше жива катастрофа,се надевам дека денес е поинаку.
1. Немаше ама баш никаква практична настава,да отидеш во некоја фирма на пракса,во банка,да го вкусиш вистинското тргување,управување со претпријатие итн итн. само обично "бубање" кое е далеку од реалноста.
2. Имаше еден професор кој благодарение на тоа што беше партиски активист на сдсм во тоа време,држеше 5 катедри односно испити поради што и воопшто не се појавуваше на настава(само понекогаш),така да оставаше некој речит студент да чита од скрипта (и тоа српски,хрватски на латиница) додека ние кутрите студенти цел час препишувавме цели книги и после не болеа не само прстите туку и рацете и зглобовите од силно пишување.За потрошените пенкала и да не зборувам.А "професорот" во меѓувреме си кулираше некаде и си земаше дневници и дебели плати на наша сметка.
3. Имаше каде каде поголема корупција од денес(беше дива лига целото општество),само ќе се поврзеш со вистинската конекција(која обично беше некој студент-дудлач) и ќе си платиш 400 марки(сегашни 200 евра) и чао аморе,испитот положен.Така го фатија профата по математика и го избркаа,ама изгледа претера со тоа марките.Имаше и една "книжара" во склопот на факсот кадешто се купуваа студенстски пријави за испит по 50 ден. а кои беа штампани на обичен моно-ласерски принтер,така да замислете која пара се вртеше тука.

Да не продолжувам со точките,доста е,ги кажав најголемите негативности кои во голема мера се провлекуваат и ден денес,само што се сменети валутите,цените и претпазливоста на професорите.И после немојте да се чудите што имаме тазе дипломирани правници кои не знаат да состават тужба(оваа струка ја зедов само како пример).
И покрај овие недостатоци,имаше чесни и трудољубиви студенти и професори кои сепак беа поретки,за архитектонската убавина на факсот ќе кажам се најубаво,како и за условите(големи сали,одлична читална,локација прекрасна итн.).Се надевам дека ќе се смени нашето високо образование во позитивна насока и дека ќе се воведе повеќе практична настава со електронски титкала за контрола на работењето на професорите,поздрав!
 
според мене ова ЕКТС е живи глупости ја коа студирав си влечев предмети од прва и си ги исчистив сите у 4та еден по еден (не сме се родиле сите учени па семестар за семестар) плакав само минимална казна од 10 евра по предмет и раат а не сеа тука те уценува па услов да фатиш па да презапишеш ако не фатиш таму не знам цел семестар па предметна програма живи глупости дефинитивно ПРОТИВ
 
Второ што не ми се допаѓа е тоа што им ги ставаат колоквиумите еден по друг ден. Мислам факултетот го направиле како само да е битно полагањето, а не знаењето. И после ке се жалиме дипломирани дебили сме имале. Па како сакаме ние тие деца да спремат четири обемни материи кои немаат допирни точки една со друга за краток период и плус тоа без барем 2 дена за да ја повторат таа материја? Студентите не се ни најмалку виновни. Кој и да е ќе гледа да се снајде и да помине, а не да научи.

Еее, ама кој ги прашал студентите.Освен ако колективно цела генерација избегнуваш закажан колоквиум.
Во една сесија ми се случи од 5-те предмети колоквиумите ги полагав од вторник до сабота секој ден.Тешко дека ова е нормален начин на студирање.
Ми се случило да полагам и 2 колоквиуми во ист ден (еден во 8, друг во 11) поради изгубеноста на персоналот задолжен за тие работи.А во прва година беше еден колоквиум на минимум 4 дена.После ни го сменија ова вака наводно да ни помогнеле за побрзо да ни завршеле обврските.Како да не...

Ќе ти кажам за мене и ќе ви стане јасно како беше порано,додека студирав на Економскиот во Прилеп пред 18-тина години,наставата беше жива катастрофа,се надевам дека денес е поинаку.
1. Немаше ама баш никаква практична настава,да отидеш во некоја фирма на пракса,во банка,да го вкусиш вистинското тргување,управување со претпријатие итн итн. само обично "бубање" кое е далеку од реалноста.
2. Имаше еден професор кој благодарение на тоа што беше партиски активист на сдсм во тоа време,држеше 5 катедри односно испити поради што и воопшто не се појавуваше на настава(само понекогаш),така да оставаше некој речит студент да чита од скрипта (и тоа српски,хрватски на латиница) додека ние кутрите студенти цел час препишувавме цели книги и после не болеа не само прстите туку и рацете и зглобовите од силно пишување.За потрошените пенкала и да не зборувам.А "професорот" во меѓувреме си кулираше некаде и си земаше дневници и дебели плати на наша сметка.
3. Имаше каде каде поголема корупција од денес(беше дива лига целото општество),само ќе се поврзеш со вистинската конекција(која обично беше некој студент-дудлач) и ќе си платиш 400 марки(сегашни 200 евра) и чао аморе,испитот положен.Така го фатија профата по математика и го избркаа,ама изгледа претера со тоа марките.Имаше и една "книжара" во склопот на факсот кадешто се купуваа студенстски пријави за испит по 50 ден. а кои беа штампани на обичен моно-ласерски принтер,така да замислете која пара се вртеше тука.

Да не продолжувам со точките,доста е,ги кажав најголемите негативности кои во голема мера се провлекуваат и ден денес,само што се сменети валутите,цените и претпазливоста на професорите.И после немојте да се чудите што имаме тазе дипломирани правници кои не знаат да состават тужба(оваа струка ја зедов само како пример).
И покрај овие недостатоци,имаше чесни и трудољубиви студенти и професори кои сепак беа поретки,за архитектонската убавина на факсот ќе кажам се најубаво,како и за условите(големи сали,одлична читална,локација прекрасна итн.).Се надевам дека ќе се смени нашето високо образование во позитивна насока и дека ќе се воведе повеќе практична настава со електронски титкала за контрола на работењето на професорите,поздрав!

Скоро се е останато исто.

1.
Нула практична настава, освен за неколку студенти со 9,50-10 просек кои заминале на пракса по барање на фирмите, а не на иницијатива на факултетот.И после неколку такви *акции* фирмите видоа дека студентите со највисок просек се дрва, камоли *понеучените*, па се откажаа.

2.
Таквите професори уште се тука, само сега модифицирани - добри се со сите кои се моментално на власт.За професоров од СДСМ мислам дека знам точно за кого е муабетот.
А за непојавување на настава (и на испити и колоквиуми) најголем дел од нив се такви.Навикнавме веќе на такви ситуации.

3.
За корупцијата да не грешам душа, морам да кажам дека е значително намалена, со исклучок на неколку постари професори (еден од нив пријавен и фатен со обележани пари, после од факултетот беше само суспендиран.Претпоставувам се заканил со отворање уста и за другите *колеги*.После година дена суспензија пак е вратен на работа).
Истотака, една работа очигледна општо позната за професорите таму.Забрането е да се алкохолизираш на работно место, макар не е страшно 2-3 чаши ама да отсуствуваш од предавања и да се заклучуваш в канцеларија со други професори...
Пријавите сега се поефтини, ама факултетот си ја презеде продажбата (Економски е, нели :D ).Една обична уплатница е 15 ден. (а цел кочан со 100 парчиња е околу 40-50 ден. малопродажна, 17-20 ден. набавна цена).И потребните документи за заверки или пријава на испити ќе ги добиеш само ако господинот од скриптара не е заклучен и запиен.Единствена светла точка од персоналот се луѓето од студентски прашања (не сите), архива и по некој редок тип професор.

И како 4 точка ете да надополнам, поголемиот дел професори работат по лекцијашки систем.Од 30-40 теми во еден колоквиум ти добиваш 4 (х10/х20 бода зависно дали е испит/колоквиум).Голема е веројатноста од тие 30-40 теми баш четирите добиени да не ти се баш најјака страна.
Среќа за студентите голем дел од професорите вртат комбинации на прашања и тие се повторуваа на неколку сесии, па имаш шанса да го средиш испитот со 10-тина лекции научени.А за толку се способни сите.Ама колку е добро, толку и лошо.За останатиот дел од материјата сме хендикепирани.
Вин-вин ситуација, ние сме положиле, професорот си создал имиџ на *добар, лесно е кај него* со истите лекции и оправдание пред факултетот дека добар процент студенти го владеат неговиот предмет.

Сите овие работи не се ни Е од ЕКТС систем.Ама секогаш кога ќе извршат промени во наша штета (како на пр. намалување на кол. од 3 на 2 после вториот семестар и намалување на сесиите) се правдаа дека тие глупости се имплементација на ЕКТС.Баш со тој речник (На кој поголемиот број од вработените не им го разбрале значењето, ама сепак го користат пошо е модерно, нели):
Инкорпориравме нови образовни текови на нашиот модерен факултет што е детерминирано од потребата за интерактивно образование по принципите на ЕКТС.:sick:

Мислам дека ова најмногу би ги опишало нашите професори и нивното гледање за примената на ЕКТС
 
Без разлика на тоа каков е системот, ЕКТ или стариот јас мислам дека професорите имаат најголем удел во то дали ќе станеш муле или не. Еден професор уште од првиот ден треба да е упорен, правилно да се постави, добро да предава, правилно да одценува и точно да каже кој му се барањата.
Кај нас на пример малку сме студенти а не се води кај секого евиденција за присуство, професорот не знај кој е кој и на крајот некој што не идел на предавање ги добива 20 поени од присуство а некој шизик шо е секој ден на предавања шо се труди и работи не добива поени. Друго, професорите реално не ги прегледуваат добро тестовите.. посебно кога есејски се полага. То за нив е досадно. Проблем му се првите колоквиуми тогаш можи малку треба да читнат.. вторите автоматски се препишуваат поените. Како што некој кажа погоре, научните трудови кои треба да ги изработиме исто така не се прегледуваат дирекно се пишува поен . И автоматски ти ја убива желбата за работа.
ЕКТ системот значи можеби би бил добар но професорите сеуште го немаат прифатено и сварено како што треба.

Втор кривец се студентите, па теле ако си се запишал на факултет кој што го сакаш, седи работи , учи осознавај, работи според системот , направиги колоквумите како што треба , со знаење а не со препис, напрај си семинарска и на крај краева ако не си задоволен и ако те зафркни професорот оди на испит.

Трето и последно ја обвинувам државата. Со средно не те примаат на работа колку сака нека биди стручно, мораш факултет да завршиш за да се вработиш. И така сега секој е на факултет а во наредниве години ја очекувам и дека секој ќе биди и на постдипломски студии пошто и на дипломираниве тешко му оди вработувањето.

Значи се е за мерак !
 
Еее, ама кој ги прашал студентите.Освен ако колективно цела генерација избегнуваш закажан колоквиум.
Во една сесија ми се случи од 5-те предмети колоквиумите ги полагав од вторник до сабота секој ден.Тешко дека ова е нормален начин на студирање.
Ми се случило да полагам и 2 колоквиуми во ист ден (еден во 8, друг во 11) поради изгубеноста на персоналот задолжен за тие работи.А во прва година беше еден колоквиум на минимум 4 дена.После ни го сменија ова вака наводно да ни помогнеле за побрзо да ни завршеле обврските.Како да не...

Скоро се е останато исто.

1.
Нула практична настава, освен за неколку студенти со 9,50-10 просек кои заминале на пракса по барање на фирмите, а не на иницијатива на факултетот.И после неколку такви *акции* фирмите видоа дека студентите со највисок просек се дрва, камоли *понеучените*, па се откажаа.

2.
Таквите професори уште се тука, само сега модифицирани - добри се со сите кои се моментално на власт.За професоров од СДСМ мислам дека знам точно за кого е муабетот.
А за непојавување на настава (и на испити и колоквиуми) најголем дел од нив се такви.Навикнавме веќе на такви ситуации.

3.
За корупцијата да не грешам душа, морам да кажам дека е значително намалена, со исклучок на неколку постари професори (еден од нив пријавен и фатен со обележани пари, после од факултетот беше само суспендиран.Претпоставувам се заканил со отворање уста и за другите *колеги*.После година дена суспензија пак е вратен на работа).
Истотака, една работа очигледна општо позната за професорите таму.Забрането е да се алкохолизираш на работно место, макар не е страшно 2-3 чаши ама да отсуствуваш од предавања и да се заклучуваш в канцеларија со други професори...
Пријавите сега се поефтини, ама факултетот си ја презеде продажбата (Економски е, нели :D ).Една обична уплатница е 15 ден. (а цел кочан со 100 парчиња е околу 40-50 ден. малопродажна, 17-20 ден. набавна цена).И потребните документи за заверки или пријава на испити ќе ги добиеш само ако господинот од скриптара не е заклучен и запиен.Единствена светла точка од персоналот се луѓето од студентски прашања (не сите), архива и по некој редок тип професор.

И како 4 точка ете да надополнам, поголемиот дел професори работат по лекцијашки систем.Од 30-40 теми во еден колоквиум ти добиваш 4 (х10/х20 бода зависно дали е испит/колоквиум).Голема е веројатноста од тие 30-40 теми баш четирите добиени да не ти се баш најјака страна.
Среќа за студентите голем дел од професорите вртат комбинации на прашања и тие се повторуваа на неколку сесии, па имаш шанса да го средиш испитот со 10-тина лекции научени.А за толку се способни сите.Ама колку е добро, толку и лошо.За останатиот дел од материјата сме хендикепирани.
Вин-вин ситуација, ние сме положиле, професорот си создал имиџ на *добар, лесно е кај него* со истите лекции и оправдание пред факултетот дека добар процент студенти го владеат неговиот предмет.

Сите овие работи не се ни Е од ЕКТС систем.Ама секогаш кога ќе извршат промени во наша штета (како на пр. намалување на кол. од 3 на 2 после вториот семестар и намалување на сесиите) се правдаа дека тие глупости се имплементација на ЕКТС.Баш со тој речник (На кој поголемиот број од вработените не им го разбрале значењето, ама сепак го користат пошо е модерно, нели):
Инкорпориравме нови образовни текови на нашиот модерен факултет што е детерминирано од потребата за интерактивно образование по принципите на ЕКТС.:sick:

Мислам дека ова најмногу би ги опишало нашите професори и нивното гледање за примената на ЕКТС
Не знам како било Прилеп пред 18 години ама сега би требало барем малку да е подобро. Ќе продискутираме на темава пошироко овие дена
 
Без да навредам никого, ама ја поштено си научив занаетот по оној класичен „комунистички систем“.
Во превод, поштено научено, испит, и, или џа или бу. Трето нема.
И, да: На Правен кога јас студирав, 1996-2001, НИКОЈ НИКОГАШ НЕ МИ ПОБАРА ПАРИ!!!!!!!!
Паѓав кога бев дрво.
 
Нормално, како шо викаа постарите професори - правите студенти одат на испит :)
demotivacija.mk_ISPIT-zoshto-kolokviumot-e-za-pichki_132276706636.jpg

--- надополнето: 27 февруари 2012 во 11:26 ---
Не знам како било Прилеп пред 18 години ама сега би требало барем малку да е подобро. Ќе продискутираме на темава пошироко овие дена
Напишав за нешто како пред 2-3 месеци.Муабетот ми беше дека не е нешто сменето многу, споредено со колегата шо студирал пред 18 години :D

Без разлика на тоа каков е системот, ЕКТ или стариот јас мислам дека професорите имаат најголем удел во то дали ќе станеш муле или не. Еден професор уште од првиот ден треба да е упорен, правилно да се постави, добро да предава, правилно да одценува и точно да каже кој му се барањата.
Кај нас на пример малку сме студенти а не се води кај секого евиденција за присуство, професорот не знај кој е кој и на крајот некој што не идел на предавање ги добива 20 поени од присуство а некој шизик шо е секој ден на предавања шо се труди и работи не добива поени. Друго, професорите реално не ги прегледуваат добро тестовите.. посебно кога есејски се полага. То за нив е досадно. Проблем му се првите колоквиуми тогаш можи малку треба да читнат.. вторите автоматски се препишуваат поените. Како што некој кажа погоре, научните трудови кои треба да ги изработиме исто така не се прегледуваат дирекно се пишува поен . И автоматски ти ја убива желбата за работа.
ЕКТ системот значи можеби би бил добар но професорите сеуште го немаат прифатено и сварено како што треба.

Втор кривец се студентите, па теле ако си се запишал на факултет кој што го сакаш, седи работи , учи осознавај, работи според системот , направиги колоквумите како што треба , со знаење а не со препис, напрај си семинарска и на крај краева ако не си задоволен и ако те зафркни професорот оди на испит.

Трето и последно ја обвинувам државата. Со средно не те примаат на работа колку сака нека биди стручно, мораш факултет да завршиш за да се вработиш. И така сега секој е на факултет а во наредниве години ја очекувам и дека секој ќе биди и на постдипломски студии пошто и на дипломираниве тешко му оди вработувањето.

Значи се е за мерак !

Точно, ретко кој бил упорен (некој помалку, некој ептен) за нешто да запамтиш вистински од материјалот, т.е. пробувале 'со инка да ти турат знаење во мозокот'.Моментално од такви можам да се сетам само на Димитар Николоски (Економетрија), Гордана Витанова (Сметководство, ФПИ, Пазар на капитал) и Гоце Петрески (Меѓународен бизнис), Васил Тупурковски (Европска Економска Интеграција).Првите двајца студирале на јаки универзитети, првиот во Швајцарија, а вториот во САД.Петрески и Тупурковски за жал не се веќе на ЕФП.

Таки Фити (ПМБ, до пред 2 години), Јован Пејковски (екс. Монетарна, сега МНК) Глигор Бишев (екс Банкарски менаџмент + Меѓународни финансии) и особено Сашо Атанасоски (Основи, Меѓ. односи, Економска глобализација) не се појавуваа на 80% предавање.Ај првите тројца патуваа и дел луѓе со работа, па да сфатиш до негде ама Сашо е цел ден тука негде, само не е на предавање.И имаш случај си дремел на сите предавање кај него, не добиваш потпис и некој бод, а кај други професори не си се појавил и добиваш максимално од присуство и активност.
Исто и за прегледувањето, 1 кол. си напишал се нај нај и полагаш со минимум.2 кол. си напишал на заебанција добиваш скоро максимум :facepalm:

И поголем дел од асистентите се 'читачи од проектор' - особено Оливера Костоска (сега веќе и професор за ЕУ предметите).Спротивно од неа, Спире Лазаревски и Фанче Ристеска се најквалитетни од асистентите.
 
Напишав за нешто како пред 2-3 месеци.Муабетот ми беше дека не е нешто сменето многу, споредено со колегата шо студирал пред 18 години :D
Знам знам ама ти викав не е до толку лошо. Сепак денес се уверив дека е (y) А и не е само во пп. Програмата општо е катастрофа. Математика на пример: синус, косинус, икс, ипсилон.........сериозно? Јас сакам економија да студирам а не некаква си ебана математика што никогаш нема да ми треба. Што е ова бе? И не е само математиката. Многу безвезни предмети и глупав материјал. Абе оди бегај......
 
Да не имаше сабајлево пробен колоквиум Социологија чим си се уверил? :icon_lol: Математиката е најглупиот материјал за Економски Факултет, ни камати, ни банкарски материјал ни ништо.Никаква основа немавме од средно, сите гимназијалци исположија зш кај нив го имаше истиот материјал, а ние во средно економско шо бевме се позадржавме малку.Шо ќе ти се изводи во сметководство, увоз-извоз, дистрибуција итн., итн.
Европска економска интеграција и Економика на ЕУ можат во еден предмет, скоро се е истото повторено.
Статистика и Квантитативни :tapp: Кај ќе најме практична примена ?
За пракса да не зборам.И добро викаш, не е само ПП.ЕКТС квалитет жими Ставре.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom