Во средно според екстрениве нема да се зема во предвид редовност, активност, исполнителност, затоа што сепак тие 40% ќе влезат од некој екстерен тест кој ќе биде плус на оние стандрадните полугодишни писмени, тестови на секои 2-3 недели, испрашувања од час за час и слично.
Книгата моја по општа хемија за прва година има околу 400 страни кои се распределени на 3 колоквиуми. И повторно тие три колоквиуми нема да ми формираат целокупна оцена. Па и да ги направам слаби, пошо нели треба по 133 страни у просек да учам, тука ми се нумерички и практични вежби кои пак сами по себе си носат дополнителни поени со уште други 3 колоквиуми на истиот материјал.
Се на се, 6 колоквиуми за 400 страни не се малку... Материјалот е расцепкан како парченца лепче за мало детенце. А тоа дека 60% ќе влезат од редовност, активност и други тестови е мноооогу глупаво. Тогаш, џабе се прават другите тестови, пошо одозгора на тоа на нив им се прави контрола. Значи џабе трошење на материјал за печатење и џабе товар плус за децата, кога на крај пак мораат цел материјал да го поминуваат, кој кога ќе земеш во предвид како се поделени процентите ќе сфатиш дека тие 60% се комбинација од милион мали фактори, а другите 40% се базираат на еден обичен тест со материјал од цела година. И иди кажи ми после дека 60% тежат повеќе од 40% у случајов.
Извини, ама историја па баш не се учи со разбирање. Историја ти е буби буби и ништо повеќе. Не можеш да ми кажеш дека се забораваат работи од средно и факултет, па уште помалку да ми речеш 90%.
Ако ти забораваш, значи дека бубаш. А бидејќи јас учев со разбирање, немам никакви проблеми со оние предмети кои ги студирам моментално. 90% се памтат, не се забораваат.
Ама ајде, слободно стој си на фактот за екстерни. Кога ќе се подгориш на нив - не ти посакувам ама секоја прва генерација си го крка - ќе сфатиш зошто го кажуваме ова.
Во делот каде историја го наведов како предмет, муабетот ми беше дека ти историја неможеш да научиш на никој друг начин, освен ако не набубаш. Тоа е приказна, а ти треба да ја научиш на памет и да ја прераскажеш. Ако полагаш екстерен по историја, ќе треба целиот материјал да го учиш на памет. Сум се збунила, не бев фокусирана на постот додека го пишував.
Само писмено можеш да си го докажеш твоето знаење, без (не)помош од професорот. Никако на друг начин.
Во моментов, хармонија ми е најкомплицираниот предмет. Јас на крајот на годината ќе правам годишен тест и ќе полагам пред комисија, на целиот материјал од оваа година. Годишниот тест ми сочинува 50% од оценката, а останатите писмени, испрашувања, редовност на час, полугодишниот колоквиум итн. итн. , ми ги сочинуваат другите 50% од оценката.
Што ако навистина учам со разбирање и хармонија ЗНАМ? Пак годишниот тест ми ја одредува оценката. Џабе ми е знаењето.
Зашто тоа да не биде екстерен тест?
Со екстерните тестови, барем можам да се заштитам од садистичките однесувања на некои професори, ако не ништо друго.
Едне пример. Професорката ми дава задача да решам осум-гласен пример, иако тоа се решава на факултет. Ние во средно решаваме, само четири-гласни. Да, начинот на кој се решава е ист, само треба дупло повеќе време и концентрација. Еден четири-гласен пример, ако добро ја имаш извежбано техниката, се решава за 10тина секунди. Ако не го решиш нејзиниот пример за неколку секунди, го врти дневникот кон тебе и ти вели: „Ај напиши си го кецот.“ И приморан си сам себе да си ја напишеш единицата. Зошто? Затоа што некоја професорка немала живци да те почека барем една минута да го решиш осум-гласниот пример, кој патем, се решава на факултет.
Од вакви професори ми е доста. Повисока оценка од 3ка неможеш да добиеш на нивниот предмет, поради нивната нетрпеливост и гордост.
Садисти, со еден збор.
Радо би полагала екстерен и да имам пониска оценка заради тоа што ЈАС сум испогрешила на екстерниот и ЈАС сум се збунила, отколку некоја професорка да си игра мајтап со мене, иако знае дека го знам материјалот, да
несака да ми ја напише една петка.