"Експертот" на тема: Проблемот со името мора да се реши

  • Креатор на темата Креатор на темата HITCH
  • Време на започнување Време на започнување
Па или тоа, или ќе мислам дека ако ми обелела брадата сум повеќе свесен. Дека свеста доаѓа по автоматизам со годините :)

Свеста како што доаѓа и си оди со годините,доказ за тоа се многу склеротични старчиња кој се во нашето политичко опкружување.:smir:
 
Свеста како што доаѓа и си оди со годините,доказ за тоа се многу склеротични старчиња кој се во нашето политичко опкружување.:smir:
Ама тие не се криви пред некое време го видов Киро Г. на ТВ и се зачудив прво кој е а после секунда кога ми текна си мислев цело време на кој копиљ му текнало да отвара рани?! :toe: луди луѓе сеуште живеат тука им дозволуваат на исфрустрирани џукели да се сликаат по ТВ макар и да немаат ништо да кажат ќе се прават експерти
 
Има едноставен начин. Напиши текст со кој ке ги побиеш тезите на Фрчко и ке го претставиш како антимакедонец. Ако, тоа го споделат поголем број на луѓе , тие преку некупување на ДНЕВНИК ке ја натераат редакција да не му остави простор за пишување.
Кои тези да ги побијам, жити се.
Се поби Фрчко одамна сам себе.
И секој просечен Македонец, со трошка разум, е итекако свесен за антимакедонските дејанија на такозваниов експерт.

Сега останува уште сите да согледаме дека не со омраза, ниту со муабети за него, туку сторго со игнорирање вистински ќе може да му се отчитме "буквица".
 
se otepavte 4 strani pisuvajki za eden tepac i takanarecen ekspert koj i malite deca znaat deka e grcki platenik.poveke nema da komentiram nisto za liceto lj.f.
 
Треба да се пристапи со метод на “решавање внатрешен непријател’’
и прв да биде овој туморов....
 
skoro site ste pomladi.se sekavate li koj bese minister za vnatresni raboti koga se sluci atentatot nad Kiro Gligorov.Ligusov LJ D F!!!.vo normalni zemji ministerot komu takvo nesto ke mu se sluci podnesuva ostavka.sto napravi LJ D F?? bukvalno IZBEGA se skri kako p...a pod kosula.pa Branko mesto nego sam pisuvase ponuda za ostavka sam mu ja odbi........i zatoa ne sakam da slusnam bil profesor bil ova ona .zatoa i sme na takvo deredze oti imame takvi profesori .eden takov pred nego pregovarase da se vikame "tonguzija" za da ne priznaat.DOSTA ni e od takvi eksperti gi molam da ne ne zastapuvaat poveke:kesa:
 
Копилето Фрцко love's грцко даде изјава за Канал 5 во која плука по оваа одлука на Владата. Копилето исто така најде можност да си ги одработи парите кои си ги добива. Прашањето е: Зашто Македонија уште го плаќа ова копиле?
Ова копиле треба да биде исфрлено на улица ко стар пешкир... А пазете уште бил експерт ЛУДИЛО ОВИЕ МИСЛАТ ДЕКА НАРОДОТ Е ГЛУП?
Да ти се плукнам во експертот. На кое дереџе паднавме. Дење додека му тече работно време тепа студентки а во слободно време ја уништува Македонија со глупи изјави
 
stoka nevidena nego toa si e negov problem,mene me maci sto uste nija poucuva mladinata
 
еј луѓе абе колку се лежи затвор за оваа копиле?
Ако се има предвид фактот дека убиството е неопходно на доброто на нацијата?
Ајт некој што се разбира од право да ми дае совет!
 
еј луѓе абе колку се лежи затвор за оваа копиле?
Ако се има предвид фактот дека убиството е неопходно на доброто на нацијата?
Ајт некој што се разбира од право да ми дае совет!

Eве еден совет од мене.

Не треси глупости!

Додуше не е правен, ама е пријателски.
 
Извинете што го ставам со слика ама да не се заборави оваа предавничка фаца.

Изолацијата не' води директно во амбис
Во Македонија е можно меко пукање, федерализација, зашто има факти што сугерираат таков развој од политиката и од начинот на кој се води
B2CE17CDC51C384E97698A395855344A.jpg

Македонија во моментов се наоѓа во последната од историските три фази на односите со Грција, во фазата на разрешница. Оние што не ја разбрале постојано се повикуваат на тоа дека некој друг не ја решил претходно и дека ним им ја оставиле, како аргумент за одлагање. Едноставно, не ги разбираат фазите, кога некој проблем се отвора, кога се развива и кога се разрешува, смета професор Љубомир Фрчкоски. Според него, домашната јавност во принцип е спремна да ја дочека разрешницата, иако е жртва на најголема манипулација.

* Зошто мислите дека домашната јавност е спремна
на разрешница?

- Мислам дека на една расправа или анкета што би била спроведена врз основа на пакетот што ќе се отвори пред нас во септември, најголемиот дел од граѓаните, ако нема идеолошки или манипулативни притисоци, би сметале дека е тоа фер пакет со кој треба да се затвори кризата. Тој се состои од гарантирање на нашиот идентитет, кој според моја проценка е 70 отсто од проблемот, преку слобода на употребата на поимот „македонски“ не само за јазик туку и за националност и за државјанство и за народ. Целиот опсег на слободата на користењето на поимот или на придавката мислам дека нема да биде во „документот“ што ќе го потпишуваме со Грција, туку веројатно ќе биде во резолуцијата што ќе ја замени Резолуцијата 817 во ОН. И мислам дека Грците се спремни сега тоа да го завршат.

Втора работа е што името е 25 отсто од проблемот и не го загрозува ова претходното. Тоа е Република Македонија со географска одредница. Јас сум склон кон почисти решенија, без загради и без црти, значи Северна Македонија или Горна Македонија. Термините имаат историска референца и не прават проблеми за оние Македонци што себеси се гледаат како микс на етничките стари Македонци, а не како Словени. Тоа им го решава проблемот, не е против нив, бидејќи Горна или Слободна Македонија е терминот за оваа Македонија, употребен од Римјаните за последниот судир со фалангите, во Битола во 1 век пред н.е. Од друга страна, никако не го загрозува идентитетот, бидејќи со овој пакет ние можеме да бидеме, на пример, Македонци од Северна Македонија, а не северномакедонци. Тоа е драстична разлика. Тој пакет е толку добар што мислам дека и вмровското гласачко тело ќе почне да се двоуми ако не биде целосно манипулирано од нивното водство, како досега.

ПОГРЕШНА ПРЕТПОСТАВКА

* Какви се последиците ако до таа разрешница не дојде?

- Заканата, ако тоа не се случи, е многу голема: ќе бидеме оставени, баталени. Тоа за нас не е дупка туку провалија. ЕУ и НАТО-интеграцијата нема да бидат блиска перспектива и мора да правиме „план“ за преживување на Македонија во ситуација на изолација, економска и политичка безинтеграција. Проблемот е што не може да се направи таков план а да биде одржлив. Во моментов, Албанија, Косово и Србија имаат ист развој како нас или се нешто подобри, а за една година ќе одат незадржливо напред. Поради неискуството и незнаењето, групата политичари на чело со премиерот сметаат дека ситуацијата ќе остане статус кво и дека никакви околности во однос на Македонија нема да се променат, дури и во ситуација на изолација. Таа претпоставка е погрешна. Нам изолацијата ќе ни се одрази внатре во структурата на македонското општество.

* Што значат изјавите на албанските лидери дека мора да се реши името, бидејќи Албанците во Македонија не можат да бидат заложници на Владата?

- Албанските лидери се однесуваат коректно, дури и повеќе отколку што очекувавме. Посочуваат една ситуација дека мора да влеземе под тој чадор, зашто околностите што може да се развијат ќе излезат од контрола. Може да бидат ставени во позицијата на албанските партии во Македонија во времето пред конфликтот, да немаат влијание на теренот, да се случи нешто како „природно пукање“ по шевови и тоа не може никој да го спречи. Тоа не е прашање за полицијата, туку прашање на развој, менување на правилата. Некој тоа ќе го нарекува федерализација, некој различен развој, некој ќе рече тоа е природно па нема да го гледа, но ќе се случи „Македонија во повеќе кругови“. Ако тоа не може да го види човек што владее, тогаш или е тотално неук, неискусен и неписмен или сака до таму да го истурка проектот. Тоа е ситуација на мала конспирација, класична вмровска шема. Всушност, тоа значи дека Никола ќе го реализира планот на Љубчо, но преку некој друг тип поделба. Меко пукање. Има факти што сугерираат таков развој, од начинот и од политиката што се води. Не можете да се оттргнете, стоите пред прашањето дали можат да бидат толку неуки да не го видат ова или намерно сакаат да не го видат. И затоа се отвора прашањето за конспирација.

* Колку им оди во прилог на ЕУ, САД и на НАТО тоа што Македонија би останала изолирана и не мислите ли дека ќе се обидат да најдат решение ако не им одговара таква ситуација во регионот?

- Тоа може да се развлече, тоа не е работа на нашата есен. Може да не' остават, како што ја оставија Босна, на пример, да пропадне, па после интервенираа. Може да не интервенираат веднаш, да не' подзаборават, а тоа за нас е смрт. Нашиот развој ќе биде пет пати помал од оној на околината. Може да не' остават еден период да вегетираме, да видат што е оваа влада, а од друга страна, наш избор ќе биде пукање по линијата внатре, а тие ќе оставаат таа ситуација да се случи. Мислам дека нема да се менуваат границите, но ќе не' остават како орев што внатре може да скапе. Период од две години не е ништо во тој контекст, ама за нас се вечност.
E63FF848E1D2254989FB1797DB782707.jpg

* Што може да се случи во септември, со оглед на најавите за разговори на Генералното собрание на ОН, некаков нов предлог пред тоа?

- Мислам дека меѓународната интервенција ќе оди кон игнорирање на ексцесите на премиерот. Ќе го третираат како мало дете што има напади, ќе се обидат тоа да го решат со едно големо туркање, дека тоа мора да се реши, дури и со директни закани. Оптимистичката околност за нас како земја е дека ќе не' истуркаат во пакет како багер, со се' во него, со ова решение, очекувајќи дека тоа решение, слично како Охридскиот договор, иако можеби ќе го коментираат, во основа е добро и во краток период ќе биде апсорбирано како фер. Се прави проценка дали решението е одржливо и дали ќе биде „впиено“ потоа како природно.

* Колку Грција би била подготвена на такво
решение, според нејзините досегашни изјави и потези?

- Јас мислам да, подготвена е. Не можам да тврдам сигурно, но во сите околности, па и од последните расправи, се гледа дека тие го третираат како фер. Но, мислам дека ним многу им се погодија активностите на Груевски. Прво, не само што ја подобрија својата позиција туку имаат и човек што ќе го обвинуваат. Целата приказна ќе биде дека се поразени националистичките духови во Македонија. Имаат мотив како да ја објаснат кај своето население формулата што ќе помине. А формулата ќе помине.

ДА НЕ ГО БЕРЕМЕ ГРЧКОТО ГАЈЛЕ

* Се' почесто се слуша дека внатрешните скандали и проблеми во Грција имаат влијание врз прашањето за името. Колку тоа ја зајакнува нивната позиција?

- Мислам дека се тоа глупости со кои нашиве се занимаваат и мислат дека со тоа ја откриле Америка. Грците секогаш имале корупциски проблеми. Ние нивното гајле не треба да го береме, тие ќе излезат од тоа. Во меѓувреме, нашата влада им ја подобри позицијата по сите основи. Нивниот играч за излез од тоа пред се' е нашиот премиер. Тој така функционира и им помага на Грците да излезат од секој нивни проблем. Како ќе заврши тоа, ќе видиме, но јас сум оптимист и сметам дека Македонија премногу е слаба и мала да остане во изолација, за да може тој ризик политичарот да си го дозволи. Во таа смисла, последниот обид на туркање кон решение ќе биде во септември или октомври и навистина ќе биде последниот.

* Што значи враќањето на двојната формула како решение?

- Тоа би го коментирал како ноќна полуција на премиерот, ништо повеќе од тоа. Бидејќи тоа е несериозно. Тоа нас не' прави само комична фигура на судирот, се зафркаваат со него, прават поени со него во Грција, покажуваат со прст. Целата приказна е ужасно трагична за него, а тој не ја гледа. Не знам во кое друштво се движи, што му кажуваат тие околу него, веројатно „браво“. Сигурно, како што се движи по археолошките ископини и дупки, има друга перспектива на целата приказна, нема добар контакт со тоа што се случува надвор и веројатно некој му аплаудира по тие локални кругови. Но, мислам дека е нешто што не може сериозно да се искоментира. Просечно образован граѓанин ќе види дека тоа се движи, пред Букурешт двојната формула е напуштена. Во тој контекст одат другите предлози и сега да се вратиме е апсолутно апсурдно, освен за човекот да испадне смешен, во што успеа.

* Зошто меѓународната заедница не ја притиска Грција за решение, бидејќи и таа не го менува својот став, закопана е на своите позиции?

- Мислам дека тие ја добиле Грција околу овој пакет и дека таа ќе го прифати. А немаат повеќе каде да ја притискаат. Ако кај идентитетот Грците се согласиле да замижат, проблемот е решен. Нема веќе што да се притиска. Мора да се добие некакво решение за меѓународна употреба, северна е во ред, неутрално е, бидејќи историски има и горна и северна.
Неединството е хендикеп
Неединствениот став на претседателот и премиерот е хендикеп со кој мора да живееме. Не се толку школувани политичари за да можат да се воздржат, па тоа е хендикеп со кој мора да живееме. Не може да се плаче за тоа, го носиш тој хендикеп на товар како отежнувачка околност и одиш понатаму. Но јавноста не смеат да ја поделат, не смеат да создадат заблуди дека имаме предавници. И тука мислам дека ја поминавме критичната точка, бидејќи во јавноста има критична маса за решение - вели Фрчкоски.
Колку ли му плаќаат за предавствово?!

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B9F451209A68BA4582A0E906DB96F7C6
uste nemu gi iscukal nekoj zabite :)gremlin pateticen.:vozbud:
 
Back
На врв Bottom