Експериментално глувче...

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали свесно би биле дел од експеримент?


  • Вкупно гласачи
    53
Пиење апчиња, да дозволам да тестираат препарати на мене - НЕ, за ниедни пари. А доколку е експериментот психички, као демек со слики или такви ствари, можеби. Ама само можеби. А инаку не смее никој да прави ескпериметни без дозвола на испитаникот, тој што прави така, може да си попие тужба. :wink:
 
Би дозволил да се извршат експерименти.....но во одредени рамки и под мои услови:helou:
 
како што сум слушнала за секој лек да може да се продава во Македонија прво мора да се тестира на некое лице тука па потоа да добие дозвола за продажба. Што значи тие претходно и во други земји се тестирани.
Прават и кај нас тестирања на препарати и плаќаат по некои 2000-3000 денари месечно.

А прават и тестирање за лекови, мој другар оди на такви тестирања и плаќаат прилично добро.
 
Прават и кај нас тестирања на препарати и плаќаат по некои 2000-3000 денари месечно.

А прават и тестирање за лекови, мој другар оди на такви тестирања и плаќаат прилично добро.

Дааа бе, и да утнат нешо па да почнат да ми растат вишак раце :)
 
Прават и кај нас тестирања на препарати и плаќаат по некои 2000-3000 денари месечно.

А прават и тестирање за лекови, мој другар оди на такви тестирања и плаќаат прилично добро.

колку што знам јас сумата изнесува од 300 до 500 евра имаш и осигурување,значи говорам за одредени лекови кои патем ги има кај нас но по новите закони ако се произведени овде мора тест...така да компаниите при контролирани услови ќе ги следат позитивните а и секако негативните ефекти(цајд ефект) на лекот.

тестовите варираат од 3 дена до 5 мислам.
 
Зависи,ако после експериментот нема да има никакви физички или психички последици би се пријавил..

И мојата реакција би била задавување на тој што вршел експеримент врз мене а јас да незнам ништо за тоа..
 
колку што знам јас сумата изнесува од 300 до 500 евра имаш и осигурување,значи говорам за одредени лекови кои патем ги има кај нас но по новите закони ако се произведени овде мора тест...така да компаниите при контролирани услови ќе ги следат позитивните а и секако негативните ефекти(цајд ефект) на лекот.

тестовите варираат од 3 дена до 5 мислам.

За лековите кои треба да ги има во продажба во Македонија тестирањата во болница се 2-3 дена и плаќаат околу 50сетина евра.
За поголеми тестирања не знам. И прв пат слушам толку пари да даваат кај нас на тестирања за лекови. Можеби имало на одреден лек поточно таблета во Македонија што е направен пример Алкалоид каде ризикот е поголем бидејќи претходно не е тестиран лекот на ниеден човек и може така да даваат поголема сума. А оние бели глувчиња секој месец што одат во болница на 2-3 дена за тестирања на лекови (веќе тестирани во други држави) не им се плаќа над 50 евра.

Зависи,ако после експериментот нема да има никакви физички или психички последици би се пријавил..
И ти и неколку други напишавте дека би се пријавиле ако нема последици. Па тоа е всушност целта на експериментот да се видат последиците, со можност да нема негативни последици но кои можат секогаш да се појават. Со тоа негативните последици неможат 100% да ви гарантираат дека ќе ги нема. Значи твое е да прифатиш дали за 50сетина евра ти ќе ризикуваш и ќе дозволиш да вршат тест врз тебе, со таа доза што можни се негативни последици. Ако немаше негативни последици тогаш сите луѓе ќе одевме да се тестираме. Затоа и даваат пари, ризик има тука.
 
Марсовка прилично екстремистички ги решава конфликтите :icon_bigg
За одобрување на одреден лек не треба баш такво експериментирање како што напишавте. За одобрување се прави клиничка студија во која се вклучени определен број пациенти. Врз основа на таа студија и меѓународните студии претходно направени се одобрува или не се одобрува лекот. Пациентот кој учествува во студијата потпишува дека е согласен, го информираат точно кои споредни ефекти би можел да ги има лекот итн.
Инаку, во големите клиники постојат многу експериментални студии. Многу луѓе буквално се борат да влезат во тие студии затоа што во нив гледаат единствена надеж, а и реално, многу често се излечени со тој експериментален пристап, особено кога се работи за ракот.
Еве, на пример, во 1959 година за прв пат била направена трансплантација на коскена срцевина со стем клетки. Била направена на мало дете болно од леукемија, тогаш имало 9 години. Експериментот бил единствена надеж. Детето, сега 59 годишен човек, очигледно се' уште жив и здрав, има деца, внуци, живее и функционира нормално.
Мислам дека многу често на такви клинички експерименти се одлучуваат токму луѓе кои немаат друг избор (односно, имаат, но другиот избор би им бил полош секако).
Во 80тите години е експериментално почнато со автологна трансплантација на стем клетки. Еден од првите пациенти кому му била дадена само 10% шанса бил Еван Хендлер (сопругот на Шарлот во Сексот и Градот-тој ќелавиот) :) Се трансплантирал во Џон Хопкинс болницата и еве го жив е. Исто така и Хозе Карерас имал автологна трансплантација во САД со многу мали шанси и на експериментална програма.
Мајката на една познаничка имаше рак на дојка со метастази во 'рбетниот столб, мозокот и црниот дроб. Во Скопје и рекоа да си избере ковчег со време (буквално така). Во САД се приклучи на експериментална програма на лечење, жива е веќе 2 и пол години.
Муабетот ми е дека не сите експерименти се изведуваат како во оној филмот со црнецот што ослепе, па оглуве, па отиде на интервју во светкаво оделце :)
Благодарение на тие експерименти денес се живи гоооолем број луѓе. Затоа ги поддржувам.
Секако, оние језивите експерименти не ги поддржувам. Идиотски ми е некој да малтретира некого во "научни" цели.
 
За лековите кои треба да ги има во продажба во Македонија тестирањата во болница се 2-3 дена и плаќаат околу 50сетина евра.
Не, не.
Мноооогу повеќе плаќаат.
Зависи највероватно од лекот, ама плаќаат над 20 000 сигурна сум.
Барем кај нас во државна.
За во странство сигурно многу повеќе.
 
Добро, еве седиме ја и ти и си праиме муабет.
Уз муабетот јас ти праам некој експеримент за кој не си ни свесен дека е експеримент.
После некој саат те известувам шо сум напраила...
[Вметни твоја реакција]
прво не би прифатила да пијам лекови за пари и да бидам бело глувче во некоја болница си го ценам здравјето, а за научни екперименти да би прифатила иако е ризикот голем

Кон болдот: Ништо може ќе бидам шокирана иако постои голем ризик да добиеш клоца во задникот или пристоен mindfuck
 
Не, не.
Мноооогу повеќе плаќаат.
Зависи највероватно од лекот, ама плаќаат над 20 000 сигурна сум.
Барем кај нас во државна.
За во странство сигурно многу повеќе.

Ок можно е.
Јас знам познаникот што оди толку зима за 24 часа да се увиди реакцијата на лекот.
На овие со помали суми се помали и негативните ризици.

Веројатно на тие што плаќаат 20 000 има големи шанса за негативна последица. Повеќе пари повеќе ризик.

Сепак јас си кажав, никогаш не би била експериментално глувче. Здравјето пред се.
 
Добро, еве седиме ја и ти и си праиме муабет.
Уз муабетот јас ти праам некој експеримент за кој не си ни свесен дека е експеримент.
После некој саат те известувам шо сум напраила...
[Вметни твоја реакција]
Каков експеримент? Читање мисли? Хипноза? Парапсихологија со телевизорот скечот :icon_lol:?
 
Не, не.
Мноооогу повеќе плаќаат.
Зависи највероватно од лекот, ама плаќаат над 20 000 сигурна сум.
Барем кај нас во државна.
За во странство сигурно многу повеќе.

епа да јас на вести чув пооданмна дека сумата варира од 300 до 500 евра а и во дневник мислам имаше натпис МАКЕДОНЦИТЕ ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ГЛУВЧИЊА...знаете типично мора новинарски.
 
Каков експеримент? Читање мисли? Хипноза? Парапсихологија со телевизорот скечот :icon_lol:?

Не, може да го наведува муабетот во некоја насока и да види како ќе реагираш. Психијатрите така уствари и ги прават анализите. Е, се појавува проблем кога анализираниот има повисок iq, па сфаќа секогаш кога некој пробува да го/ја анализира.
 
иако постои голем ризик да добиеш клоца во задникот или пристоен mindfuck
oooooops....
Каков експеримент? Читање мисли? Хипноза? Парапсихологија со телевизорот скечот :icon_lol:?

Читање мисли не би бил експеримент, туку дарба(која посакувам да ја имам). Хипноза без твоја дозвола и знаење-малце потешко.
Еве најпросто-ти давам информации кои не се точни за да испитам твоја реакција.(kako шо беше со смртта на TonInter на пример :))
Ти поставувам прашања од некој тест без да знаеш дека се прашања кои ќе ми послужат за семинарска итн..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom