S
smart ass
Гостин
Марсовка прилично екстремистички ги решава конфликтите :icon_bigg
За одобрување на одреден лек не треба баш такво експериментирање како што напишавте. За одобрување се прави клиничка студија во која се вклучени определен број пациенти. Врз основа на таа студија и меѓународните студии претходно направени се одобрува или не се одобрува лекот. Пациентот кој учествува во студијата потпишува дека е согласен, го информираат точно кои споредни ефекти би можел да ги има лекот итн.
Инаку, во големите клиники постојат многу експериментални студии. Многу луѓе буквално се борат да влезат во тие студии затоа што во нив гледаат единствена надеж, а и реално, многу често се излечени со тој експериментален пристап, особено кога се работи за ракот.
Еве, на пример, во 1959 година за прв пат била направена трансплантација на коскена срцевина со стем клетки. Била направена на мало дете болно од леукемија, тогаш имало 9 години. Експериментот бил единствена надеж. Детето, сега 59 годишен човек, очигледно се' уште жив и здрав, има деца, внуци, живее и функционира нормално.
Мислам дека многу често на такви клинички експерименти се одлучуваат токму луѓе кои немаат друг избор (односно, имаат, но другиот избор би им бил полош секако).
Во 80тите години е експериментално почнато со автологна трансплантација на стем клетки. Еден од првите пациенти кому му била дадена само 10% шанса бил Еван Хендлер (сопругот на Шарлот во Сексот и Градот-тој ќелавиот)Се трансплантирал во Џон Хопкинс болницата и еве го жив е. Исто така и Хозе Карерас имал автологна трансплантација во САД со многу мали шанси и на експериментална програма.
Мајката на една познаничка имаше рак на дојка со метастази во 'рбетниот столб, мозокот и црниот дроб. Во Скопје и рекоа да си избере ковчег со време (буквално така). Во САД се приклучи на експериментална програма на лечење, жива е веќе 2 и пол години.
Муабетот ми е дека не сите експерименти се изведуваат како во оној филмот со црнецот што ослепе, па оглуве, па отиде на интервју во светкаво оделце
Благодарение на тие експерименти денес се живи гоооолем број луѓе. Затоа ги поддржувам.
Секако, оние језивите експерименти не ги поддржувам. Идиотски ми е некој да малтретира некого во "научни" цели.
стем клетките се друга работа иако има потенцијал огромен само овие....религиозниве

јас конкретно мислев еве на пример лекот Асентра(значи антидепресант понова генерација) го има и под името луксета е сега ако алкалоид се одлучи на производствен процес на овој лек и го спреми реакторот и отпочне производство(се претходно средено) нели името на лекот мора да биде различно во случајов активна супстанца е серталин...па да речеме дека ќе се вика серталин алкалоид(асентра е од КРКА)е сега по новите закони се бара тестирање на лекот.
ист е случајот со Хелекс(КРКА) го има и ко ксанакс....но реплек го произведе под име алпразолам...епа тестиран е:helou: