Економски факултет (стара тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата energichen
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дали знае некој нешто околу полагањето на Макроекономија преку колоквиуми? На пример, дали треба да се потпреме на прашањата од листовите кои ги дава професорот, колкав процент од тие прашања се паѓаат на колоквиум и сл.
 
Дали некој знае до која страна треба да се учи по Менаџмент. Во Водичот пишува дека треба да се учи и Планирање, што му доаѓа околу 200 страни, а јас мислев дека треба да се учи само првиот дел од книгата, т.е. до 149 страна.
Исто во Водичот пишува дека треба да имаме 13 предавања Менаџмент пред колоквиум, а ние имаме нецели девет предавања. Ај ако некој знае, затоа што се исплашив, не ми изглеа реално да научам толку страници за толку мал период. Ако беше некој предмет како Економија ќе можев и за три дена, ама со Менаџмент, ах, таму нема никаква логика :(:kesa:
 
Па мислам дека е заклучно со 5-та глава, барем така беше лани и прелани.
 
Абе многу е тоа 200 стр. Ај стварно ако има некој информација нека постира.
 
до 205 страна е прв колоквиум на менаџмент , барем така ми кажаа
 
Дали знае некој нешто околу полагањето на Макроекономија преку колоквиуми? На пример, дали треба да се потпреме на прашањата од листовите кои ги дава професорот, колкав процент од тие прашања се паѓаат на колоквиум и сл.
од тие листови се паѓаа прашања и ако се одгореа точно можеше да се добијат 28 поени
 
кога мисли да ги предаде толку лекции со ова темо ??? ете до крајот на неделата и да ја почни 3та глава пак не можи 200 страни да истера..
 
Што е битно бе и да не ги предаде.
Кој дегенски материјал е,онака баш за бубање и заборавање 3 дена отпосле колоквиум.

Колку ми е мене ГАЈЛЕ што кој и како почнале со менаџмент,не учам ја за науката,учам за да бидам економиста,практично ми треба нешто.
 
Нема шанси да даде нешто што го нема предавано. Лани беше заклучно со петта глава, ама до крајот на петта глава имаше околу 170 страни, а оваа година има 200 страни. Исто така лани имаше 10 и пол предавања x 16 страни на предавање, тоа иде точно околу 170 страни. Оваа година имаме 8 и пол предавања до прв колоквиум x 16 страни тоа иде до кај 149 страница. Дали некој знае 100%, дали професорот има кажано на час или пак некој прашал. Ако не ќе го прашам јас утре Столе :)
 
Менаџмент во цел свет е еден од најинтересните испити. Потикнува најмногу креативност и логицирање. Само таму има 2 страни теорија 220 case study... разработување на проблеми и логичко размислување... проблемот кај нас е .. како што кажа проф. "абе јас во австралија кога ја пишував книгата, читам таму менаџмент имало и во цркви и во све, и си викам што ќе му објаснувам во македонија кај имало менаџмент, тап отвори наводицни и преведи го текстот и готово.. што ќе се расправам"

а да и еве еден интересен превод од менаџментот....

"Процесот на континуирано подобрување е начин да се ХОСПИТАЛИЗИРААТ работниците во претпријатието."

Тешко на таа фирма кај што ќе се разболат работниците...
инаку од hospitality е изведено.... ама кај нас го користат главно доктори и Менче Точи од А1
 
е да и пиши тука... оти ова го слушнав од Шуклев... кажа дека 8 страни на сат е темпото....
т.е 16 на предавање.....
 
Менаџмент во цел свет е еден од најинтересните испити. Потикнува најмногу креативност и логицирање. Само таму има 2 страни теорија 220 case study... разработување на проблеми и логичко размислување... проблемот кај нас е .. како што кажа проф. "абе јас во австралија кога ја пишував книгата, читам таму менаџмент имало и во цркви и во све, и си викам што ќе му објаснувам во македонија кај имало менаџмент, тап отвори наводицни и преведи го текстот и готово.. што ќе се расправам"

а да и еве еден интересен превод од менаџментот....

"Процесот на континуирано подобрување е начин да се ХОСПИТАЛИЗИРААТ работниците во претпријатието."

Тешко на таа фирма кај што ќе се разболат работниците...
инаку од hospitality е изведено.... ама кај нас го користат главно доктори и Менче Точи од А1
Па и кај нас има менаџмент во цркви и секаде, ама нема врска тоа.
А предметот Основи на Менаџмент, тука мислам посебно на книгата, е неверојатно неповрзана, дури и ме нервира.
 
Поентата е .. што учебникот е збир лоши преводи... посебно кејс стади на крајот е крајно неразбирливо.. како што разбрав студенти го преведувале за семинарска..
 
И не знам како да учам, цртички или се, се ми е така нејасно, па кога ќе ги прочитам објаснувањата уште понејасно ми е, ова, она, па пак ќе се врати на ова и се губи поентата. Па мајка му стара, дај дади едно објаснување, ама да биде добро :nerv:
 
А дали некој има тестови со прашања од Менаџмент?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom