Економски факултет (стара тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата energichen
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Аии аџустирање он го обожава хехе како да нема тоа. Па браво за вас ако сакате да поминете без аџустирање, џабе што сте учеле сметководство. Инаку Љубиша баш е ок професор и немора да идеш на предавања кај него.
 
нема да има на прв колоквиум на втор ќе биди... едни глупачи му се запнаја да го исфрли од прв...
 
Ај пиши детално што до кај треба да се учи за прв по сите три предмета,да не се јавувам по другариве :)
 
a за летен семестар втора година треба ли да се оди на сите предавања ?
 
вервај појма неам ни ја, одам на смет. и на екон. така ради реда ... не ги учам многу многу...
статистика му се запнав баѓи ама има заебани работи...
стаитсика треба да учиш
вовед, дескриптивна анализа
и од случајна алеаторна променлива
ќе ги учиш само овие модели на распореди на веројатностите
Берлиунов, Биномен, Нормален, Стандардизиран Нормален, унформен, студентов, и хи квадрат...
а овие не требаат хипергеом, ф, и појзонов
и статистички примерок цела глава, макар што не ја допредаде утре треба на дополнителни вежби во амфитеатар ассистените да ги допредатат.
 
Аии аџустирање он го обожава хехе како да нема тоа. Па браво за вас ако сакате да поминете без аџустирање, џабе што сте учеле сметководство. Инаку Љубиша баш е ок професор и немора да идеш на предавања кај него.

браво, одлично размислување како за студент од приватен фак.
ок е професорот ако не мора да одиш на предавања така?????
а како ќе научиш??? или и тоа немора...
 
Томсасо лично професорот ми има кажано да не одам. Јас не постирам информации од ракав туку само добро поткрепени. Така да те молам прекини со таа некоја си иронија и твое негирање на приватните универзитети, за тоа си има посебна тема. И ја бев силна у прва година како ти што си сега. Знам се што се прави и како се прави. Така остави тие муабети за други може? Се договоривме ја и ти нешто мислам. :wink:

Статистика се се паѓа, ама буквално се, и тоа што ќе го каже дека нема да се падне и тоа се паѓа.
 
па тоа е поентата во првата реченица демак како многу се залагаш за да се научи нешто, и нешто плус ако треба, а втората реченица ти е како да се ескивира учење на факс... нема врска ајде :)

туку за статистика ... муабетов ми е сменати се работите не е како порано :) барем така изгледа дека не е... ќе ги имаме формулите на колокивум.
 
Што мешаш баби и жаби,не е до идењето на предавања само,треба да ти сече малце...
На пример ако ти би потрошил два саати да го слушаш професорот како предава,јас попрво би седел дома и би научил се што треба за прв колоквиум.
Само од вежби има ќар,и тоа ако ти се погоди асистентот а не некои демонстранти.

Ти кај Таки идеше ваљда цел семестар така?
Се што збори он,истото го има во книга :)

Математика имам колеги по два пати неделно одеа на вежби,одеа и кај Пеце на часови и пак паднаа на крај.Јас само прв месец бев на вежби,без професор приватен и 7мица извадив.

Затоа кога веќе си дремел на часови,биди фин и пиши што треба и што не треба за колоквиуми :)
 
Така е Мац, зависи кој колку има способности да научи и сака да научи. Седењето на предавања неможе да се изедначува со знаењето што го имаш. Томсасо си има некои нерасчистени работи со себе и со одредени личности па затоа нема што да каже. Џабе и да одиш на 20 предавања и да плаќаш приватни часови ако несакаш или толку ти е капацитетот нема да научиш. А да му одговоорам на Томсасо ја за тоа време бев у библиотека и истото предавање си го учев во тишина, не во галама како што е на предавањето на Љубиша. Немам ништо против професорот, ок си е ама кога незнае да привлече внимание и кога не е строг како што треба тогаш тоа е негов проблем.
Мац за кои предмети прашуваш? Ако може да помогнам.
 
Абе за сите предмети,па ја на факс само денес и претходниот петок бев :(

Статистика ќе биде полесно да се надеваме,со формулите на тацна...

Економика не знам зашто такво занесување од нула до 5 можни точни,тоа е веќе претеризам

Сметководство ако биде со заокружување ќе биде полесно,бар тие билансите нема да треба да ги бубам до толку.А и аџустирање ако нема.

Знам дека сите до сега ваљда кажале што не треба да се учи,ама да не трошам импулси па мислев Chains или еве Tomsaso да пишат тука :)
 
Економика не знам зашто такво занесување од нула до 5 можни точни,тоа е веќе претеризам

Економика во последниве неколку године е така, и пак најголемиот дел од студентите положуваат. Многу е лесно и покрај тоа што е со повеќекратен избор, башка денес случајно во една од познатите фотокопирници видов дека има скрипта по економика т.д. земи ја таа и ич не му ја мисли-лесна е за еден ден се учи.
 
Абе најмал проблем скриптата за 2 саати ја научив,ама викаат нешо демек само учење од скрипта ќе си се заебел,па и книгата ќе ја читнам малце...
Ај бар тоа да положам,па после олабавено или статистика или сметководство.Реално гледано не знам дали ќе можам двата,зашто сметководство не сум ни почнал,статистика знам ама како што зборите треба вежбање доста :(

Енивеј,се надевам на два од три,три од три би било супер...

А кажете ми ако паднам сеа,цел јуни има испитна?
Зашто планирано е некако на одмор од 20-30 јуни,ако е цел да седнам да се разучам...
 
Не би требало да е цел јуни. Докај 10 -15 треба да е завршено се. Него има ли некој од погорна генерација на економски да ми каже нешто за Деловно Планирање, Промоција, Финансиски пазари и инститиции?
 
Кажи што сакаш да знаеш за Промоција?:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom