Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Колеги да не знае некој колку страни треба да биде дипломската работа или па каде да најдам упатство за изработка? Барав на странава , не најдов ништо за тоа. Anyone?
 
Колеги да не знае некој колку страни треба да биде дипломската работа или па каде да најдам упатство за изработка? Барав на странава , не најдов ништо за тоа. Anyone?
Околу 30 страни, проред 1,5, фонт јас користам Times New Roman, насловна, содржина, вовед од страна-две, ја разработуваш темата во наредните 20-тина страни, заклучок, користена литература (јас ги подредувам авторите по азбучен ред), нешто слично на семинарска.
 
Колеги, може некој да ми каже нешто повеќе за предметиве Финансиски пазари и институции и Демографија, се мислам помеѓу овие два за изборен ?
 
Кој предмет го препорачувате за изборен, еколошки менаџмент или деловна етика? Искуства?
 
Кој предмет го препорачувате за изборен, еколошки менаџмент или деловна етика? Искуства?

Еколошки менаџмент! Дава ептен привилегии, бодови од редовност, ептен попушта за оценка на крај! Претежно оценките му беа годинава 9-10 за тие поредовните и со солидни поени на испитот. Деловна етика многу се жалеа, премногу набројуванки и потешко, Еколошки има доста мал материјал и баш беше лесно.
 
Некој да сподели искуство со Аграрна Политика и Демографија како изборни. Кој проф. ги предава и начинот на полагање каков е ? Фала однапред :)
 
Кој професор предава Еколошки менаџмент?
 
Сметководство на јавен сектор дали го имал некој до сега? Искуство да ми каже... фала однапред
 
Методи на продажба, искуства, какви се колоквиумите?
 
некој со искуство од дополнителна кај Драге Јанев ( ми кажа веројатност, влогови и ренти и кредит ) како му изгледа дополнителната тип на задачи ?
 
http://www.eccf.ukim.edu.mk/ArticleContents/Potrebni dokumenti.pdf
ИСТОВРЕМЕНО
за упис на зимскиот семестар се поднесува: Потврда за уплата на 3300 денари...
Зашо ова го има на економски, а на пример го нема на ПМФ?

Епа затоа. :D
Јас сите што ги прашав правен, филолошки, филозофски го немале.
Ние сме среќниците.
 
Епа затоа. :D
Јас сите што ги прашав правен, филолошки, филозофски го немале.
Ние сме среќниците.
Ваљда ќе одбијат нешто од зимскиот семестар кога ќе треба да се плати :)
 
Ваљда ќе одбијат нешто од зимскиот семестар кога ќе треба да се плати :)

Аха мисли си.
Пак за летен ќе платиме +750 денари,ама оваа година ви намалиле, ние лани 4000 и нешо плативме за овие чудава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom