Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Некој ако може да ги сликне резултатите по претприемништво.
 
Како се пишува молба и отприлика за колку време ја одобруваат?
Сега молбите мора да бидат искуцани, најдобро ти е да одиш кај дечките од студентски парламент имаат во компјутер веќе направени молби ќе ти ја средат со твое име и презиме и ќе ти ја отпечатат, а за одобрување не сум сигурна би требало за два-три дена.
 
Има ли некој искуство со предметот ДЕВИЗНА ПОЛИТИКА?

-кој професор предава?
-треба ли да се оди на предавање?
-колку страни има за учење?
-како се полага, оптички или на пишување?
 
Колеги,кажете нешто повеќе за интернет маркетинг? дали мораш да одиш на вежби? Проект се прави ли ? фала
Лесен е предметот,материјал има само на англиски а на полагање дозволено е и речник да носиш ако имаш потреба.Прашањата беа точно неточно и со повеќекратен избор,стрикно набројуванки и дефиниции.Предавањата не се задолжителни и на нив предаваат студенти за повеќе поени,ама затоа вежбите се задолжителни и траат 4 саати.На вежбите се прави проект во групи од по 5,6 студенти и проектот е всушност целосен маркетинг план за некоја компанија која ќе ви биде доделена.Проектот е доста обемен,одзема и плус дополнително време и се прави на англиски.Ако си Е-бизнис ке треба да соработувате со фирмите а ако си на надворешна трговија може да се каже дека е за некоја нијанса поопуштено сето тоа,и немате контакт со фирмите.Како и да е проектот е многу важен пошто ако си го положила предметот на колоквиуми а не си учествувала во изработка на проектот или па ако проектот не е по стандардите кои ги бараат асистентите,предметот ти се смета како неположен.Инаку лани вежбите за е-бизнис ги држеше Димитар а за надворешна трговија Ежени.
 
Да не знае некој од кои автори е книгата Статистика за прва година, и дали има нешто плус во Либро скрипта или само од книга е? А и да, Економика на претпријатие имам од Бојаџиоски и Блажевска од 2003 издание, па дали е истото или има промени во книгата, 500 страни ми се чини е книгата.
 
Колеги во он-лине запишувањето каде треба да се пријави, во Запишувае семестар или Запишување предмети . Се внесуваат ли предметите од летен семестар??
 
Колеги во он-лине запишувањето каде треба да се пријави, во Запишувае семестар или Запишување предмети . Се внесуваат ли предметите од летен семестар??
Најпрво запишуваш семестар, а потоа запишуваш предмети од летен семестар (задолжителни и изборни), а во определените денови за твојата година одиш во студентски прашања со семестралните листови и уплатниците за административна такса и теткиците ти го заверуваат зимскиот и ти го запишуваат летниот во индекс
 
Сеуште ги немам запишано предметите, а Деловно комуницирање ми е префрлено како изборен предмет и не можам да го вратам назад. Речиси сум сигурен дека не сум го префрлил јас, можеби ако по грешка сум стиснал ама не верувам. Кога ќе префрлам друг изборен предмет, можам да го вратам назад. Кога ќе пробам овој да го вратам назад, ми вика дека предметот може да го сменам само со поднесување на молба до студентски прашања. Да повторам, уште не го стиснав копчето ``запиши`` кај предметите. Dafuq?
 
Сеуште ги немам запишано предметите, а Деловно комуницирање ми е префрлено како изборен предмет и не можам да го вратам назад. Речиси сум сигурен дека не сум го префрлил јас, можеби ако по грешка сум стиснал ама не верувам. Кога ќе префрлам друг изборен предмет, можам да го вратам назад. Кога ќе пробам овој да го вратам назад, ми вика дека предметот може да го сменам само со поднесување на молба до студентски прашања. Да повторам, уште не го стиснав копчето ``запиши`` кај предметите. Dafuq?
Стегни на Запиши со се тој предмет и долу нели ќе ти излезе листата, па кликни на црвеното X до предметот и така ќе го избришиш, па после ќе си бираш друг изборен предмет.

Инаку, некој да ми каже што губам и што добивам, т.е. која е разликата ако се префрлам од редовен во вонреден? Anne. beneamata, naumdb, некој? Ако има некое инфо би било супер.
 
Jimmy ja ne sum mnogu upatena za ova. Ako ne ti baraat prisustvo na predavanje i vezbi mislam deka i nemas nekoja razlika... A poskapo ke placas :/
 
Ајде ако може да ми дадете информации за предметот Користење на апликации преку интернет? Дали вреди да се земе за изборен итд ?
 
Колеги може некој да каже нешто повеќе за предметот Финансиска Економетрија?
Дали е добро да се земе за изборен, дали има книга? Колку е важно присуството? Каков/каква е професорката?
 
Колеги Зорица по основи на сметководство пушта ли за два бода поголема оценка? Имам 114 а од 116 почнува седмица, дали дава некоја предност што сум поминал на колоквиум, или слабо? И да, дали со на Љубиша по сметководство имат секогаш исти бодовни скали или не, дека таа бодовна сакала е од кај Љубиша, но претпоставувам истата ќе биде и овде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom