Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Колеги кои се прашањата кои најчесто се паѓаат на допонително полагање МСС?
--- надополнето: Sep 12, 2011 10:29 PM ---

Финансиски менаџмент е спој од управувачко сметководство,статистика,финансиски пазари,економска математика...на заокружување е...има задачи...нема прашања со поделби...треба да учиш со разбирање за да ги одговориш прашањата...полесно е на испит него на колоквиум...
И вежби значи има??А предавањата задолжителни ли се??
 
Продавам учебник по основи на економија за некој што сега почнува прва година. Цената е 550 ден., учебникот е добро сочуван, никаде не е скинат, нема подвлекувања и шкртаници и не е извиткан.
Моб: 076 561 671
 
Да, секоја година.
Слушам оваа година не можело од матичен да се вади лекарското, морало од студентска поликлиника.
1. Вистина или мит?
2. Кај се наоѓа фамозната студентска поликлиника?
3. Оваа година чини 1500ден?


Види убаво да не е ставен во изборни...Ако го нема и таму види дали е во летен.Ако е во летен не можеш сега туку во 8-ми семестар ке го запишеш

Го има предметот во летен семестар, задолжителен, ама по новата програма. По старата вика дека е во зимски и носи различен број кредити.. Јас не знам по која да се водам. Ништо, утре на тетките на студентски едно кафе да им однесам да ги одоброволам да ми објаснат :P
--- надополнето: Sep 14, 2011 1:39 PM ---
Современи трендови во е-бизнис
Маркетинг преку повеќе канали

Ако има некој што имал искуство со овие предмети, може да ми помогне со некоја информација, на пример кои професори ги предаваат и дали бараат редовност, колку се тешки предметите, дали има вежби за овој првиот.
 
Колеги ај некој ако го имал предметот Однесување на потрошувачи да ми каже како е, дали лесно се поминува и колку ми е паметно да го земам за изборен ? :) фала
 
Знае ли некој на кој од овие предмети е задолжително да се купи книга, а кои може копија?


Корпоративно финансиско известување
Сметководствени информ. Системи
Финансиски менаџмент
 
Знае ли некој на кој од овие предмети е задолжително да се купи книга, а кои може копија?

Корпоративно финансиско известување
Сметководствени информ. Системи
Финансиски менаџмент
Не треба книга,може копија за сите
--- надополнето: Sep 14, 2011 6:54 PM ---
Слушам оваа година не можело од матичен да се вади лекарското, морало од студентска поликлиника.
1. Вистина или мит?
2. Кај се наоѓа фамозната студентска поликлиника?
3. Оваа година чини 1500ден?

И мене ме интересира од кај се вади лекарско?И слушнав дека требало да се купи нешто од просвета,што е тоа?
 
Слушам оваа година не можело од матичен да се вади лекарското, морало од студентска поликлиника.
1. Вистина или мит?
2. Кај се наоѓа фамозната студентска поликлиника?
3. Оваа година чини 1500ден?.

Хм првпат слушам дека мора од студентската поликлиника...
Зашто бре вакви информации не ги истакнуваат никаде?! А за пари да земаат први се на фах!!!

Иначе поликлиниката е позади студентскиот Кузман.
 
А до сега кај матичен ли вадевте лекарско?И сигурна ли е оваа информација дека само од универзитетска поликлиника може?
 
Стратегиски менаџмент носи 7 или 8 кредити?
Јас сум по стара програма и кај мене стои 8, додека тие што се по нова 7, зошто така?
 
луѓе денес на економски се собираме или во салата борис трајковски
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom