Еколошка катастрофа во Мексиканскиот залив

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Се се среди како и што е вообичаено, џабе паника.
 
Братче тест е, ако и ова не им успее ќе тече нафта до септември.
 
Се се среди како и што е вообичаено, џабе паника.

Да бе, се е средено, Мексиканскиот залив е загаден, рибниот фонд е уништен, риби нема да се појават таму во наредните десетина години, крајбрежната економија е уништена, доста видови се затруени, инаку се е среден, каква паника, нема потреба од паника.

А и ова не е крај....истекувањето е сопрено само на кратко.
 
Се се среди како и што е вообичаено, џабе паника.

tahiti-clean.water.jpg


unicorn.jpg


Dancing%20fairies1.jpg


:tapp::tapp:
 
Никакви последици нема да има, а и ќе се прошири Охродскиот туризам, кој би сакал да плива во море полно со гадотии.
 
Американците вселенска сила :pos2: . Прво треба да се вратат 4000 години да научат од Вавилонците што е нафта.
 
Можеби ти и погорните ќе треба да ја прифатиш/те вистината дека Бритиш Петролеум, ќе продолжи да функционира и хара насекаде без некои поголеми реперкусии, а љубителите на животните кои се засегнати со излевањето може да му го бакнат на некој од директорите.
 
A веројатно и америте ќе си го бакнат самите на себе за некое време.
 
Нафта тече од сите страни, но не од изворот на БП

prazno.gif
prazno.gif
21.07.2010 08:34
bp-kapak.jpg


Регистрираното истекување нафта во земја, откако Бритиш Петролеум успеа да го запре истекувањето кое предизвика еколошка катастрофа во Мексиканскиот залив, потекнува од друг извор изјави адмиралот на крајбрежната стража Тед Ален кој го предводи владиниот тим за справување со кризата.


Според него, во пречник од неколку километри од местото од кое нафтата неконтролирано истекуваше речиси три месеци, има уште два подводни извори од кои едниот е напуштен, а другиот во моментов не е во процес на производство.

Местото од кое е регистрирано истекување на нафта во земјата, и по поставувањето на привремениот капак на изворот на Бритиш Петролеум е дури и поблиску до другите извори, рече Ален. Според него, комбинацијата на сето тоа и фактот дека не е невообичаено истекување во земја да продолжи околу напуштени извори ги увери инженерите на БП дека тоа не потекнува од изворот на нивната компанија. Ален додаде дека тестирањето на поставениот чеп ќе продолжи.

Американските медиуми јавија дека во Мексиканскиот залив има околу 27 илјади напуштени нафтени извори и никој не контролира дали од нив се уште истекува нафта, ниту каков е нивниот ефект врз околината.

БП продолжува со својот план за пробивање на две бушотини кои до почетокот на август треба да допрат до изворот и да го намалат притисокот, што ќе овозможи да се спроведе трајно решение кое вклучува целосно затрупување на изворот на нафта кој предизвика многу проблеми за компанијата и државите околу Мексиканскиот залив.

А1
 
Тоа е “вулканот’’ т.е. големата дупка позади цевката на BP што дотичниве официјални лица ја криеја.
 
Значи заливот наеба! Тешко после ова да се опорави, пред се подводниот живот, рибарите ќе фаќаат нафта наместо риби. Можете да замислите кога нафтава ќе стигне до белите песоци на Флорида и целиот тој реон околу заливот.. катастрофа!
 
Чудна работа се овие демократски опшества, повеќе се лажени од тие што беа во комунизмот.
 
Ќе има журка? :)


Тропската бура „Бони“ ја погоди јужна Флорида


Тропската бура „Бони“ денеска ги зафати јужните делови на американската сојузна држава и се очекува во следниве неколку часа да се префрли во Мексиканскиот Залив.

buraa_23329.jpg
Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека во 12 часот по Гринич жариштето на бурата се наоѓало на 130 километри во правец југ-југоисток од Мајами. „Бони“ се движи на запад со брзина од 31 километар на час, при што во нејзиното жариште дуваат ветрови со брзина од 65 километри на час.
Според Центарот, се очекува вечерва „Бони“, која е проследена со поројни дождови, да го зафати источниот дел на Мексиканскиот Залив.
Меторотолозите предвидуваат дека жариштето на „Бони“ утре вечер ќе мине токму над регионот во кој се излеа нафтата од оштетената платформа на БП, а дека во недела ќе ги заафти јужните брегови на американсата сојузна држава Лујзизјана.
Поради наближувањето на „Бони“ американските власти наредија евакуација на дел од бродовите и лицата, кои се вклучени во операцијата за расчистување на нафтата во Мексиканскиот залив.
- Поради ризикот, кој тропската бура „Бони“ може да го претставува за околу две илјади лица, кои се борат со нафтата во зоната на Заливот, одреден број бродови и платформи ќе бидат евакуирани, изјави адмиралот Тед Ален, кој ја раководи операцијата за спречување на истекувањето на нафтата.

Извор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom