Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.586
Додека Американците се спремаат со 12 метарска купола, тешка над 100 тони да го затнат нафтениот извор во Мексиканскиот залив, Русите им нудат една веќе испробана метода - фрлете му нуклеарка. Испробана? Аха, до сега 5 пати.
Во советско време, пишува Комсомолскаја правда вакви истекувања биле сопирани со контролирани нуклеарни експлозии под земја, при што експлозијата ги поместува карпите, врши притисок и во суштина го стиска каналот.
Руските медиуми методата ја опишуваат како многу едноставна, која што прв пат била практикувана во Узбекистан, на 30-ти септември 1966-та, со експлозија 1,5 пати посилна од јачината на бомбата фрлена врз Хирошима, на длабочина од 1,5 километри.
Последната од петте вакви експлозии била предизвикана во 1979-та. Единствената неуспешна експлозија била близу Краков, Украина, која што не можела да сопре истекување на гас.
Рускиот печат забележува дека во Советскиот Сојуз биле предизвикани и 169 подземни нуклеарни експлозии за секојдневни задачи, како креирање на подземни складишта за гас или за изградба на канали.
“Со ваков рекорд, шансите за неуспех во Мексиканскиот залив се 20%.
Американците, апсолутно треба да ризикуваат,“ наведува Комсомолскаја правда.
Е богами Русиве си покажуваат рогови... лудаци бе
(ова ми го врати филмот кога еднаш порано ги читав дека си испробале нуклеарка во ниви сопствен град)